Спорт
Наинголан: Рома сакаше да ме продаде
Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан рекол дека не сакал да замине од Рома. Наинголан ќе се пресели во Интер, а трансферот е вреден 24 милиони евра.
Белгиецот во Интер повотрно ќе соработува со својот поранешен тренер Лучано Спалети.
„Секогаш боите на Ро…


Белгискиот фудбалер Раџа Наинголан рекол дека не сакал да замине од Рома. Наинголан ќе се пресели во Интер, а трансферот е вреден 24 милиони евра.
Белгиецот во Интер повторно ќе соработува со својот поранешен тренер Лучано Спалети.
„Секогаш боите на Рома ќе бидат во моето срце, но клубот сакаше да ме продаде. Интер навистина сакаше да ме донесе во своите редови повеќе од која било друга екипа. Спалети е одличен тренер и среќен сум што повотрно ќе работиме заедно“, рекол Наинголан.
Рома оваа сезона играше во полуфиналето во Лигата на шампионите, а Наинголан беше еден од клучните играчи во постигнувањето на тој резултат. Сепак, Наинголан не се најде меѓу играчите што ја претставуваат Белгија на мундијалот во Русија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јанис би можел да го напушти Милвоки

Како што стојат работите, Јанис Адетокумбо наскоро ќе го промени клубот.
Јанис Адетокумбо остана без конкретен резултат во плејофот втора година по ред и покрај фактот што ја заврши регуларната сезона како еден од најдобрите играчи.
Заедно со Никола Јокиќ и Шеј Гилџис-Александар, Јанис е кандидат за МВП со 30,4 поени, 11,9 скока и 6,3 асистенции.
Како што објави инсајдерот од НБА, Хауард Бек, во подкастот на Зак Ло на „Рингер“, Јанис Антетокумпо ќе може да избира ова лето и се чини дека изборот е стеснет:
Њујорк, Мајами или Лос Анџелес.
Каде би можел Јанис да ја продолжи својата кариера? Бруклин Нетс веднаш се појавуваат како претенденти бидејќи имаат многу пикови за размена и многу простор во селери-капот.
Њујорк Никс се кандидати за шампионската титула, а се чини дека Јанис и Бренсон би биле „пеколен“ тандем, а би се вклопиле и во системот на Том Тибодо.
Лос Анџелес Лејкерс со Лука Дончиќ можат да привлечат речиси секого, а Клиперс се тим чии главни играчи го достигнаа крајот на своите кариери, а Јенис дефинитивно би бил лидер со квалитетни имиња околу него.
Мајами Хит со Ерик Споелстра, Пет Рајли и играчи како Тајлер Хиер и Бем Адебајо дефинитивно изгледаат како привлечен кандидат.
Спорт
(Видео) Спектакл на „Џузепе Меаца“, Интер во неверојатна драма ја елиминира Барселона

Интер, втор пат во три сезони ќе се бори за титулата во Лигата на шампионите. Во спектакуларен натпревар, Интер ја победи Барелона на „Џузепе Меаца’ со 4:3, откако натпреварот во основниот дел заврши 3:3.
Интер по првиот дел имаше предност 2:0, Барселона се врати во вториот дел во интервал од шест минути, а пресвртот го комплетираше Рафиња во 88:минута. Пет минути подцна еден од хероите на Интер оваа вечер, Ачерби изедначи и избори продолженија.
Во дополнителните 30 минути натпреварот го реши Давиде Фратези во 99. минута.
Покрај Ачерби и Фратези, херој на Интер е и голманот Јан Зомер. Швајцарецот прими три гола, но имаше неколку изворедни интервенции. Осбено се истакна во 56.минута кога го одбрани ударот на Ерик Гарсија и во 114. минута кога беше поуспешен од Ламин Јамал.
Интер во финалето, на 31.мај во Минхен, ќе игра против победникот од натпреварот меѓу ПСЖ и Арсенал. Реваншот е во среда во Париз, ПСЖ има предност 1:0.
Спорт
Момчето од Охрид, Чеди Осман го однесе ПАО на завршниот турнир

Кошаркарите на Панатинаикос се пласираа во завршниот турнир од Евролигата, откако го победија Ефес, во петтиот натпревар од серијата со 75:67. Панатинаикос на завршниот турнир во Абу Даби ќе ја брани титулата.
Панатинаикос го отвори натпреварот брилијантно. Со одлична одбрана, домашниот тим одговори на громогласната поддршка од своите навивачи од трибините, а Џеди Осман беше особено инспириран.
Екипата на Ергин Атаман одигра беспрекорна одбрана и го ограничи противникот на само 13 поени во првите 14 минути од играта.
Осман, во тој период, беше поефикасен од гостинскиот тим, а ПАО стекна предност од 23 поени. Гостите одговорија со серија од 13:0 и наговестија голема борба до самиот крај.
Не се предадоа гостите, но во вториот дел ПАО сите напади успеа да ги одбие.
Панатинаикос до победата го предводеше Чеди Осман со 28 поени и осум скока. Двоцифрени беа и Кендрик Нан со 12 поени, четири скока и пет асистенции, односно Џериен Грант со 11 поени, осум скока и три асистенции.
Кај Ефес се истакна Елајџа Брајант со 16 поени со четири скока и асистенции, а го следеше Шејн Ларкин со 11 поени, еден скок и четири асистенции.
Панатинаикос, во полуфиналето на завршниот турнир ќе игра против Фенербахче.