Спорт
На полуфиналистот од АО, Лука Пуј, му нуделе пари да намести меч!



Францускиот тенисер Лука Пуј, кој минатата недела го постави својот најголем резултат во кариерата со влезот во полуфиналето на Австралија опен, открива дека во кариерата добил „непристојна понуда“, да намести тениски меч.
„Играв на челинџ-турнир во Романија каде лудачки ме бодреше група од неколку луѓе, а тогаш другиот ден беа против мене, затоа што се обложиле така. На ‘Фејсбук’ ми понудија пари, но никогаш не им одговорив, не беше вредно. Смешно е да си ги продаваш мечевите и намерно да загубиш поради пари“ – вели Пуј.
Тој вели дека ја поддржува идејата да биде забрането обложувањето на некои турнири.
„Премногу пари се вклучени во обложувањето. Мислам дека е многу комплицирано да се пронајде начин, но мислам дека треба да се отстрани обложувањето на некои фјучерси. Лесно е да отидеш и да се обложиш анонимно, посебно во источните земји. На момците им требаат пари за патување, па кога ќе ти понудат 5 000 евра да изгубиш меч, а знаеш дека ќе заработиш 1 000 ако го освоиш турнирот, тешко е да речеш не“ – вели Пуј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бруно промаши пенал, Јунајтед не успеа да победи кај Фулам

Фулам и Манчестер јунајтед одиграа 1:1, во последниот денешен напревар, одигран во рамките на второто коло во Премиер лигата.
Манчестер јунајтед продолжи онаму каде што застана минатата сезона. Ниту скапите засилувања не ја подбрија играта на „црвените ѓаволи“. Кај Фулам, Јунајтед имаше подобри панси но не успеа да му зададе удар на противникот.
Матеуш Куња во првиот дел ја погоди стативата, а во 38.минута капитенот Бруно Фернандеш не реализира пенал. Ужасно шутираше Португалецот, ударот заврши над голот.
Јунајтед успеаја да постигнат гол, во 58.минута по ударот на Јоро, топката го погоди Муниз го смени правецот и заврши во голот.
Фулам изедначи во 73.минута. Стрелец беше Смит-Роу кој нецели 120 секунди претходно влезе во игра.
Спорт
Го избркаа од Марсеј, тој потпиша за Болоња

Младиот англиски крилен играч Џонатан Роу се пресели од Олимпик Марсеј во Болоња.
Роу претходно беше ставен на трансфер листата во францускиот тим откако се степа во соблекувалната цо соиграчот Адриен Рабио, по поразот во Рен.
И двајцата беа суспендирани поради недисциплина, а Роу веќе си најде нов клуб. Овој поранешен играч на Норич одигра десет натпревари за младата репрезентација на Англија и постигна три гола.
Во Болоња ќе има биде замена за Дан Ндоје, кој замина во Нотингем Форест.
Спорт
(Видео) Грилиш како во најдобрите денови, го водеше Евертон до победа над Брајтон

Фудбалерите на Евертон имаа совршено деби на својот нов стадион. По неубедливиот настап и поразот против Лидс во првото коло, играчите на Евертон значително го подобрија впечатокот со победата над Брајтон (2:0)..
Од самиот почеток на натпреварот, Дејвид Мојс на теренот го испрати најзвучното засилување во летниот преоден рок, Џек Грилиш.
Поранешниот играч на Манчестер сити, забележа две аситенции. Во 23-та минута, брилијантно проигра покрај Ендиае, кој со прецизен удар му донесе водство на Евертон.
Уште една магија на Џек Грилиш во 52-та минута, кога му намести гол на Џек Гарнер.
Брајтон можеше да внесе драма во финишот на натпреварот, но Дени Велбек промаши пенал, поточно, голманот Џордан Пикфорд го одбрани ударот од белата точка.
Во следното коло, Евертон ќе гостува кај Вулверхемптон, додека Брајтон има тешка задача пред себе, бидејќи се соочува со Манчестер сити.