Спорт
На 12 мај на улиците во Скопје ќе се одржи традиционалната трка „Халк еко Скопје трча 10 километри“
На 12 мај низ улиците на Скопје ќе се одржи седмото издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10 километри која секоја година привлекува голем број љубители на трчањето, професионалци и рекреативци. Организатор на овој спортски настан е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со А.К. Скопски Маратон и А.К.Работнички и со помош на Министерството за внатрешни работи, а под покровителство на Агенцијата за Млади и спорт и Град Скопје. Насловен спонзор на ХалкЕко Скопје трчa 10 километри е Халкбанк АД Скопје која е позната како голем промотор на здрави животни навики и заштита на природата, па во тие рамки и како поддржувач и организатор на низа спортски настани.
Пријавувањето за учество во трката ќе трае до 30 април, односно до пополнување на предвидениот број на учесници. При процесот на пријавување секој учесник треба да го одбере своето таргет време за кое планира да ја заврши трката бидејќи сите учесници ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови според таргет времето.
![]()
Почетна и завршна точка на трката ќе биде фонтанта Лотус во Градскиот парк, а ќе се трча по булеварите Илинден и Партизанска.
Трката ХалкЕко Скопје Трча 10КМ е уште еден спортски настан поддржан од Халкбанк АД Скопје која која е позната по своите активности врзани за промовирање и негување здрави животни навики и зачувување на животната средина, а кои се реализираат преку платформа ХалкЕко. Многу спортски настани во изминативе години добија поддршка од Банката, а таа самата е организатор на традиционалната хронометар велосипедската трка ХалкЕко ВелоГрин која на 8 септември се одржува во Маврово.
Платформата ХалкЕко на Халкбанк е развиена од истоимената апликација која ги поттикнува корисниците да практикуваат здрав животен стил, придонесувајќи со тоа за намалување на емисијата на штетни гасови CO2 и истовремено и за садење нови дрвја. За секоја активност: трчање, пешачење или возење велосипед, секој кој ја користи апликацијата собира HalkCoins за кои, во зависност од бројот, освојува подароци и други бенефиции, но истовремено обезбедува и дрвја кои Халкбанк презема обврска да ги засади со што корисниците заедно со Банката придонесуваат за почиста и поздрава околина. Банката досега има организирано повеќе акции за зазеленување и пошумување и има донирано над 48.000 садници во земјава.
Халкбанк и ги повикува сите љубители на спортот и трчањето да побрзаат и да се пријават на за учесто во овој убав спортски настан најдоцна до 30 април и да бидат дел од ХалкЕко Скопје Трча 10КМ.
(ПР)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство
Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото коло, во Б групата, Данска ја победи Македонија 36:24 (17:12).
Македонските репрезентативци, во Хернинг, дадода се од себе, но Данска го демонстрираше својот квалитет и покажа зошто е најдобриот тим во светот.
Македонија се држеше во првото полувреме, најмногу поради тактички добрата игра во нападот, одбраната не можеше да ги задржи ѕвездите на данската селекција.
Десет минути беше нерешено, а потоа Данците со молскавична серија 5:0 се одвоија на 8:3. Успеа Македонија да фати каков таков приклучок, намали на три гола и не реализира напад за минус два. На крајот првиот дел заврши 17:12.
Во вториот дел Данците го засилија темпото во одбраната, во првите 15 минути Македонија тешко доаѓаше до чисти позиции. Данците стекнаа двоцифрена предност и забележаа очекувана победа.
Најефикасни играчи во македонската репрезентација беа Серафимов со шест, односно Кузмановски и Митев со по четири гола. Најдобрите Данци, Питлик и Гидсел со девет осносно осум гола ја предводеа својата репрезентација.
Второто коло во Б групата на програмата е в недела, Македонија од 18 часот ќе игра против Португалија, а од 20.30 Данска ќе се соочи со Романија.
Foto/ EPA
Спорт
Тер Штеген пред трансфер во Џирона
Марк-Андре тер Штеген ќе ја напушти Барселона до крајот на преодниот рок. Германецот мора да брани доколку сака да биде во германската селекција на Мундијалот во САД, Мексико и Канада.
Според шпанските медиуми, речиси сè е договорено, германскиот голман да се пресели во Џирона. Тер Штеген ги прифатил условите, а сè што останува е клубовите да ги дефинираат деталите за позајмицата.
Тер Штеген го загуби местото како прв голман со доаѓањето на Џоан Гарсија, а се мачеше и со повреди во претходниот период.
Бидејќи сè уште има што да покаже, логичниот следен чекор беше да ја напушти Барса, засега само привремено, а ќе видиме на лето кои ќе бидат следните чекори.
Foto/ depositphotos
Спорт
Скандал на ЕП во ватерполо – Покрената е истрага поради обложување
Неколку ватерполисти од репрезентацијата на Малта се под истрага поради сомнение дека се обложувале на гол-разликата на натпреварот од Европското првенство против Црна Гора во Белград.
Информацијата ја објави порталот „Тајмс оф Малта“. Според истиот извор, по повод настанот е покрената истрага, а повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови.
Селекцијата на Црна Гора го доби споменатиот дуел од групната фаза со резултат 21:12. Малта беше поразена во Белград од Франција (22:13), Унгарија (21:6), а денес во битката за пласман од 13-то до 16-то место го победи Израел 16:15.
Foto/ EPA

