Спорт
Немања Матиќ: Ми ја бомбардиравте земјата, нема шанси ова да го носам!
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ е главна тема на социјалните мрежи во Англија викендов откако вчера на мечот Бурнемут и Манчестер Јунајтед (1:2) единствено тој на градите на дресот немаше цвет со кој традиционално во Англија се оддава по…


Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ е главна тема на социјалните мрежи во Англија викендов откако вчера на мечот Бурнемут и Манчестер Јунајтед (1:2) единствено тој на градите на дресот немаше цвет со кој традиционално во Англија се оддава почит на англиските војници од Првата светска војна.
„Ми ја бомбардиравте земјаата, нема шанса ова да го носам. Ако треба подготвен сум веднаш да го напуштам клубот и Англија“ – изјавил Матиќ откако се крена голема врева за неносењето на обележјето.
На дресот на Матиќ јасно може да се забележи дека цветот бил на дресот, но подоцна е отстранет.
На Островот на сите им стана јасно дека причината за овој потег на фудбалерот е НАТО бомбардирањето на Србија во 1999 година, во кое учествувале и англиските војници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Суспензија и парична казна за Јилдиз

Фудбалерот на Јувентус, Кенан Јилдиз, беше суспендиран на два натпревари и казнет со 10.000 евра откако удри со лакт играч на Монца во последниот натпревар од Серија А.
„Кенан Јилдиз е суспендиран на два натпревари и казнет со 10.000 евра откако удри со лакт противнички играч додека не беше блиску до топката“, објавија официјалните лица на италијанската Серија А.
19-годишниот турски репрезентативец беше исклучен во судиското продолжение од првото полувреме во неделата поради старт врз гостинскиот играч Алесандро Бјанко.
Во тој дуел, Јувентус беше подобар со резултат од 2:0.
Јилдиз постигна шест гола за Јувентус оваа сезона, а сега ќе мора да пропушти два важни дуели во борбата за место во Лигата на шампионите.
На четири кола до крајот, Јувентус е на четвртата позиција што води во Лигата на шампионите, но има само еден бод повеќе од петтопласираната Болоња, два повеќе од римските клубови Рома и Лацио и три бода повеќе од осмопласираната Фиорентина.
Во следните две кола од Серија А, Јувентус ќе ги гостува кај директните ривали во борбата за Лигата на шампионите, Болоња и Лацио.
Спорт
Мартинез го цени Јамал, но не сака да чуе за споредба со Меси

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, беше запрашан пред натпреварот со Барселона дали Ламин Јамал е толку важен за Каталонците како што некогаш беше Лео Меси.
„Нема споредба со Лео, бидејќи тој според мене е најдобриот фудбалер на сите времиња и секогаш ќе биде. Јас дури и нема да правам таква споредба. Можам само да кажам дека Ламин е многу важен играч. Сите го знаеме тоа. Тој е толку млад и веќе придонесува многу. Освои важни трофеи со репрезентацијата. Заслужува поголема почит бидејќи е одличен играч“, рече Мартинез.
Првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите ќе се игра во Барселона од 21 часот.
Спорт
Изгласана недоверба на Антиќ, Главчев нов претседател на КФМ

На претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија Перo Антиќ, му беше изгласана недоверба, а за нов претседател беше избран Томица Главчев.
На вонредното Изборно собрание беа присутни 38 клуба и сите едногласно гласаа за недоверба на Антиќ.
Потоа следеше избор на парламентарното тело, кое подоцна го верификуваше единствениот кандидат Томица Главчев за нов претседател.
Пред вонредното изборно собрание, Антиќ се сретна со Главчев и му посака „среќа и успешна работа“.
„Ми претставува посебна чест и задоволство денес да го поздравам идниот претседател на Кошаркарската федерација, која е мој дом во изминатите шест години. Мојот пријател Томица ја има мојата апсолутна поддршка и верувам дека тој е вистинскиот избор за напредокот на кошарката во Македонија. Му посакувам на новиот претседател среќа и успешна работа во годините што доаѓаат“, рече Антиќ, според веб-страницата на Федерацијата.
Бизнисменот и член на Првиот одбор на КФМ Томица Главчев, познат како сопственик на клубот Блокотехна, но и финансиер на Кожув и МЗТ Скопје, стана 11-ти претседател на КФММакедонското здружение.
На почетокот на април, до Кошаркарската федерација на Македонија беше поднесено барање за свикување вонредно собрание на кое ќе се гласа за разрешување на претседателот Пера Антиќ.
Иницијативата за негова смена ја поднесе поранешниот репрезентативец Младен Ѓуровски, кој доби поддршка од 37 членови на Собранието на КФМ.
Во декември минатата година, иницијаторите се обидоа да изгласаат недоверба на Антиќ, но, тогаш тој најде „дупка во законото и си купи уште неколку месеци на функцијата.