Контакт

Спорт

Нема фаворит во недела – ексклузивен разговор со Иван Љубичиќ пред вимблдонското финале

Објавено пред

Пред вимблдонското финале, ексклузивен разговор со Иван Љубичиќ

dobivaj vesti na viber

Разговор со прославениот хрватски тенисер Иван Љубичиќ, поранешен трет играч на светот, за очекувањата од неделното финале, за улогата која сега ја има во тенсиот, за ривалството Синер-Алкарас, за состојбата на тенисот во регионот, за соработката со Роџер Федерер, за однсоот тренер-тенисер, за тоа дали би прифатил да му биде тренер на Новак Ѓоковиќ, за потребата тенисот да се реформира, како и за сеќавањата на Скопје, кое само еднаш го посетил, но во кое со задоволство повторно би дошол

– Господине Љубичиќ, разговоров го правиме на 24 часа пред големото финале на Вимблдон. Што очекувате од него и каков совет би му дале на Карлос Алкарас, а каков на Новак Ѓоковиќ за да дојдат до триумф во мечот?

Љубичиќ: Мислам дека во полуфиналињата и двајцата одиграа многу добро. Влегуваат во финалето без некои поголеми проблеми ниту физички, ниту ментални, така што очекувам спектакуларен меч. Што се однесува до советите, Алкарас треба само да го погледне минатогодишното финале, и од него ќе добие многу информации што може, а што не може. Вистина, во однос на минатата година, Алкарас оваа е поинаков играч, исто така, има повеќе искуство и ќе влезе во мечот со еден друг ментален склоп. Тенисот на Новак ни е многу познат, мислам дека длабочината на неговите топки ќе биде многу важна, да не му допушти на Алкарас апослутно да доминира од основната линија и да доаѓа премногу напред. Но, тенис на три добиени сетови, тоа ќе биде еден долг меч, во кој еден играч ќе почне многу подобро од другиот, па другиот ќе мора да се адаптира… Тоа е цела една книга која треба да се напише. Искрено, со нетрпение чекам да видам кој ќе биде победник.

– Сигурно дека фаворит во мечот нема. На кого би му дале минимална предност во финалето.

Љубичиќ: Не мислам дека го има. Двајцата го имаат освоено Вимблдон, двајцата се познаваат меѓусебно многу добро, двајцата покажаа во полуфиналето дека сè е како треба, дека се подготвени да го направат и последниот чекор, така што нема фаворит за ова финале.

– Сепак, на крајот од полуфиналето, Новак на теренот рече дека Алкарас ќе освојува многу финалиња, но кога тој ќе се пензионира; исто и во изјавите за новинарите тој е полн со самодоверба. Мислите ли дека Новак се чувствува дека е фаворит во недела, или е ова само праќање порака до противникот за тој да се плаши од него?

Љубичиќ: Сигурно е дека се чувствува многу добро. Во последните два меча со Холге Руне и Лоренцо Мусети не изгуби ниту еден сет. Со коленото е сè во најдобар ред и нема потреба да не се чувствува добро и да не е полн со самодоверба. А, дали е тоа и некоја порака до противникот, мислам и дека не е толку важно, бидејќи и двајцата играчи се доволно искусни за таквите пораки да немаат некое големо влијание на противникот.

– Господине Љубичиќ, ве сретнувам на Вимблдон во медиумскиот простор со микрофон во рака како стоите пред камера. Во какво својство сте присутни на турнирот?

Љубичиќ: Јас овде работам за италијанскиот спортски канал Скај. Тоа е првата работа која ја добив во април 2012 година, истиот ден кога престанав да играм; ме најдоа Италијанците и ми понудија да работам за нивната телевизија. И оттогаш почнав да го работам Вимблдон, со пауза во годините кога му бев тренер на Федерер. Но, штом престана соработката со Федерер, повторно се вклучив. Не работам многу, само 4-5 седмици годишно. Тоа на нив им е е многу важно, а мене ми се допаѓа. Така што тоа е една вин-вин ситуација, бидејќи за повеќе и немам време затоа што сега сум директор на Тенискиот сојуз на Франција и сум и шеф на Олимпискиот тим на Франција и сите национални селекции. На Вимблдон сум пред сè како претставник на Тенискиот сојуз на Франција, а за телевизијата обично на крајот од денот ќе направиме по некоја емисија за тоа што се случило дента на терените.

– Со вашиот ангажман за Скај, вие сте дел од телевизискиот тренд многу поранешни тениски асови да постануваат телевизиски коментатори. Матс Виландер е на Еуроспорт, Џон Мекинро работи за ЕСПН, Ник Кириос е во БиБиСи. Кој беше вашиот мотив да го прифатите овој ангажман?

Љубичиќ: Јас го сакам тенисот, сакам да зборувам за него и сакам да им објаснувам на луѓето за она што се случува на теренот. Се обидувам да не користам премногу стручни изрази и да им објаснам на гледачите што на играчите им минува низ главата во одреден момент, како се чувствуваат. Значи, сè она што не се гледа. Не сакам да бидам банален, буквален, туку се обидувам да им го допближам тенисот.

– Работите за италијански Скај, сигурно имате и внатрешен увид во италијанскиот тенис. Како гледате на оваа експлозија од успеси на италијанските тенисери, која се случува последниве години, а и овие денови на Вимблдон? Ако бараме аналогија во минатото, таков бум во тенисот имаше Шведска во осумдесеттите години. Можеме ли сега да зборуваме за италијански тениски феномен?

Љубичиќ: Мислам дека има сличност во паралелата која ја направивте помеѓу шведскиот тенис тогаш и италијанскиот денес, во тоа што постои еден играч кој влече, кој е магнет и кој ја мотивира целата генерација и целата држава. Тоа во седумдесеттите во Шведска беше Бјерн Борг, што резултираше со резултатите во осудесеттите. Во Италија, иако тенисот секогаш постоеше, сепак дури со појавувањето на Јаник Синер тие ги поставија работите поинаку. До пред 5-10 години, Тенискиот сојуз на Италија инсистираше најдобрите деца да бидат дел од сојузот и да доаѓаат во сојузот да тренираат. Сега тој дел е сменет, дозволуваат најдобрите деца да останат таму од каде се, да тренираат во своите клубови со своите тренери, а тие како сојуз им помагаат на еден друг начин, што доведе до таа промена. Меѓутоа, денес го имате Јаник Синер, кој е најдобар тенисер на светот, а кој никогаш немал никаква врска со италијанскиот сојуз и бил индивидуален проект.

– Дали сте имале можност да го запознаете Синер, особено пред да постане врвен тенисер?

Љубичиќ: Да, пред 14 години, тогаш тој дојде во Бордигера кај Рикардо Пјати, а јас тогаш бев таму. Го помнам кога беше уште мал и ми остави впечаток дека играше добро, беше меѓу подобрите во Италија. Меѓутоа, тоа што на почетокот паралелно и скијаше доста му помогна во физичкиот дел и за координацијата. Јас сметам дека за било кој спорт е важно децата во раната фаза, до 13-14 години, да се бават со различни спортови, со што координацијата и телото ќе се развиваат во повеќе правци, а не само во тенискиот. Тоа беше случај и кај Федерер, Надал и други големи играчи. Сите тие играле и некои други спортови до одредена возраст, за потоа да решат дека фокусот ќе им биде само на тенисот. Факт е дека денес Синер е еден голем магнет за италијанската публика и за малите деца кои сè повеќе се пријавуваат да играат тенис, а со тоа доаѓа и до експанзија на спортот во одреден период. Колку тоа ќе трае, ќе видиме.

– Како гледате на ривалитетот кој се создава помеѓу Синер и Алкарас? Дали ќе имаат потенцијал да ги заменат Ѓоковиќ, Надал и Федерер и да ја продолжат тениската еуфорија која големата тројка ја создаде?

Љубичиќ: Секако дека ќе ги заменат и веќе ги заменија, бидејќи тоа се двајцата тенисери за кои сите зборуваат и кои најмногу победуваат во овој момент. Дали ќе останат единствени, дали ќе се приклучи Руне, или ќе се појави некој друг, или некој од нив двајцата ќе го загуби чекорот, тоа се работи кои допрва треба да ги видиме. Но, во овој момент, сè се чини дека тие двајцата ќе бидат оние кои следните години ќе доминираат или ќе бидат меѓу најдобрите. Меѓу нив има две години разлика, Алкараз е помлад, но и тие се два различни типови, слично како што беа Федерер и Надал, кои се два тотално различни карактери, поинакви по начинот како играат, функционираат и размислуваат. Во сето тоа тие се различни еден од друг, но и двајцата беа подеднакво успешни.

– Како гледате на состојбата во хрватскиот тенис? Минатиот мај, по прв пат, после 21 година, се случи Хрватска да нема тенисер меѓу првите 50 на АТП листата.

Љубичиќ: Тоа е таков момент. Хрватска никогаш и немаше некој систем и некоја причина зошто ние би ги имале сите тие успешни играчи. Едноставно, тоа беа проекти на нивните семејства кои издвојувале лични средства и наоѓале начин како да туркаат напред. Сега, во овој момент, тоа го нема; постојат таленти, постојат млади играчи, кои ќе се обидат да се пробијат. Во Хрватска сè е тоа индивидуално, стихијно, може во следните десет години да немаме никого во првите 100, а може и да имаме неколку.

– Претпоставувам дека слична ќе биде иднината и со српскиот тенис кога Новак Ѓоковиќ ќе се повлече?

Љубичиќ: Па, да… Со тоа што очекувам дека Новак Ѓоковиќ, како најголем тенисер во Србија, повлекол и огромен број деца да играат тенис. А, штом е поголема бројката на тенисери поголема е и можноста да се случи успех. Не ги знам деталите, но, во овој момент, мислам дека тенисот во Србија подобро стои отколку во Хрватска, само заради тоа што во Србија повеќе деца играат тенис отколку што играат во Хрватска.

– Кога го спомнавме Ѓоковиќ, после Горан Иванишевиќ, тој сè уште е без постојан тренер. Постои ли можност да соработувате со Новак како тренер?

Љубичиќ: За тоа тренерот не му се обраќа на играчот…

– …Значи, играчот треба да му се јави на тренерот?!

Љубичиќ: Искрено, не сум размислувал за тоа. Јас сега имам многу друга работа, ја спомнавте телевизијата и Тенискиот сојуз на Франција, но имам и моја тениска академија во Хрватска, како и други бизниси кои немаат врска со спортот, така што полни ми се рацете со работа. Од тие причини, во овој момент не размислувам за тренерската работа, иако, после Федерер, сум имал многу понуди. За сега, францускиот тениски сојуз и академијата на Лошињ ми одземаат многу време, што влијае и на моето семејство да не добиваат доволно време од мене. Затоа, ќе се обидам и тука да се променам, бидејќи имам две деца на кои им потребен тато. Во такви околности, да тренирам некој играч, не само Ѓоковиќ, туку било кој друг, тоа би барало големи промени во мојот живот.

– Двајцата најголеми хрватски тенисери им беа тренери на двајцата најдобри тенисери. Вие на Федерер, а Горан Иванишевиќ на Ѓоковиќ. Според она што медиумски беше прикажано преку преносите од турнирите, се создаде слика дека се работи за потполно два различни пристапи и сензибилитет во односот тренер и играч.

Љубичиќ: Не знам каков бил нивниот однос, јас од моја страна уживав да работам со Федерер, ми беше пријатно апсолутно секој ден, не постоеше ден јас да почувствував дека не сакам да го работам тоа. Секако, имаше тешки порази, повреди и тешки моменти во спортска смисла, меѓутоа секоја секунда, секоја минута помината со Роџер за мене беше пријатна, позитивна, со респект, со нормална и човечка комуникација. Не знам како на Горан му изгледале деновите со Новак, каков бил нивниот однос. Но, да се биде тренер на тоа ниво, мислам дека за секој играч е поинаку. Секој има различни потреби, некој бара повеќе, некој помалку, некој бара повеќе тактика, друг техника, некој ментално да се работи… на тоа ниво секој играч е различен и тоа не е класичен коучинк како луѓето замислуваат дека јас сега на Федере ќе му кажам како да го удри форхендот. Јас него не го учам тенис, туку се обидувам да му проширам некои визии, да му укажам на некои нешта, да го освестам за некои работи. Тоа е тотално поинаква работа отколку кога работиш со јуниори кои мораш буквално да ги учиш како да играат, како да ја удрат топката, како тактички да го изградат поенот, како да го прифатат поразот.

– Како вие би реагирале на ситуации ако играчот кого го тренирате јавно ви се изнавика, па и понижи?

Љубичиќ: Мене тоа никогаш не ми се случило, но секако дека имало ситуации и на мене како на гледач да ми биде незгодно од таквите слики. Не само за Новак, имало и многу други играчи. Јас не сум така воспитуван, не сум така израснат, моите родители многу јасно ми дале до знаење како треба да се однесувам кон авторитетот, како да се однесувам кон тренерот, кон луѓето до кои ми е станато. Но, секој е различен.

– На овој Вимблдон Даниел Медведев повторно побара на гренд слемовите, наместо во три добиени сета, да се игра во два. Мислите ли дека му треба реформа на тенисот во тој поглед?

Љубичиќ: Кога правите некои големи реформи, морате да имате причина за тоа. Во пет сетови се играло пред 50 години, се игра и сега. Не се направени промени да се игра повеќе, па сега играчите да не можат да се навикнат. Тоа е нешто што постоело од секогаш. Ние игравме Дејвис куп, финалиња на Мајами и Индијана Велс во пет сетови, јас играв во Мадрид во пет сетови, финале во Виена во пет сетови. Ако зборуваме за тоа, порано повеќе се играше во пет сетови отколку сега. Така што, не мислам дека е сега потешко отколку што било порано. Јас го сакам best of five, тоа е нешто што ми се допаѓа, тоа е оној чист тенис, во кој на крај се гледа кој навистина е подобар. Сите скратени верзии ја зголемуваат можноста од изненадувања, кои нема да го покажат вистинскиот квалитет. Јас не сметам дека тенисот има проблем, за ние сега да мораме нешто драматично да менуваме и се надевам дека до тоа нема ни да дојде.

– Во Скопје рековте дека само еднаш сте биле во 1999. и дека сте играле на терените во Градски парк? Во какви сеќавања ви е останат градот?

Љубичиќ: Да, тоа беа терените покрај стадионот на Вардар. Играв на турнир и изгубив од Винченцо Санто Падре. Беше одличен играч и во тој момент беше подобар од мене. Тој потоа стана тренер на Матео Беретини и тоа му беше до минатата година. Се сеќавам дека ми беше многу убаво во Скопје, се чувствував многу пријатно, тоа беа првите години по војната. За жал, после тоа, немаше друга прилика да го посетам градот. Меѓутоа, на неколку пати играв парови со Александар Китинов, и, што се однесува до мене, тој беше најдобриот тенисер на Македонија. Исто и тренерот на Калин Ивановски, Лука Кутањац, ми е еден од најдобрите пријатели, тој е моја генерација, така што ги имам сите информации за Калин и го следам неговиот развој.

Рзговарал и фото од Вимблдон,
Ненад Живановски



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

(Видео) Без победник во дербито – Гати во 93-та го спаси Јувентус од пораз

Објавено пред

Фудбалерите на Рома и Јувентус одиграа нерешено на „Олимпико“ (3:3), во дербито на 27-то коло од Серија А.

dobivaj vesti na viber

„Волчицата“ имаше добра залих, но „Стара дама“ успеа да се извлече во последните 12 минути. Рома пропшти шанса да се одлепи на седум бода од Јувентус на четвртата позиција и веројатно да го елиминира противникот од борбата за местата во Лигата на шампионите.

Јуве останува шести со 47 бода, додека Рома ја пропушти шансата да се израмни со третопласираниот Наполи, се наоѓа на четвртото место со 51 бод.

Рома поведе во 39-та минута, кога Весли постигна убав гоч, но впечаток е дека голманот Перин можеше подобро да реагира. Јуве израмни, со брилијантниот гол на Португалецот, Консеисао во 47-та минута.

Во 54-та минута, Еван Ндика го врати водството на Рома, по центаршутот на Лоренцо Пелегрини, а во 65-та минута, Дониел Мален рутински го заврши контранападот на домашните.

Сепак, Јувентус се врати од нездната, во 78-тата минута, Џереми Бога им ја врати надежта на гостите, кои стигнаа до бод во третата минута од судиското продолжение, преку Федерико Гати.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Спектакуларно „Ел Гранде“ дерби – Бетис испушти предност од два гола

Објавено пред

Бетис и Севилја во „Ел Гранде“ дерби одиграа 2:2. Севилја успеа во дербито да се врати по минусот од два гола, до бод дојде со голот на Ромеро во 85-та минута.

dobivaj vesti na viber

Екипата на Мануел Пелегрини одигра фуриозно прво плувреме, постигна два гола, но целосно падна во вториот дел, во кој по израмнувачкиот гол на на Ромеро, двата тима имаа по една голема шанса за победа.

Бетис до дојде до предност со головите на Антони во 16-та и Алваро Фидалго во 37-та минута.

Надежта на Севилј, ја врати ветеранот Алексис Санчез во 62-та минута од натпреварот.

Гостите се обидоа да израмнат и го постигнаа во 85-та минута, кога Исак Ромеро налета на одиена топка и од 16 метри испрати торпедо во мрежата на Алваро Валес.

Бетис останува петти на табелата со 43 бода, додека Севиља сега е 11-та со 30 бода.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

Три корнери три гола, Арсенал го победи Челзи

Објавено пред

Фудбалерите на Арсенал го победија Челзи со 2:1 во дербито, диграно во рамките на 28-то коло, во Премиер лигата. Арсенал со натпреваро повеќе е на плус пет во однос на Манчестер Сити, Челзи е на шестото место со 45 поени.

dobivaj vesti na viber

Арсенал по Тотенхем успеа да добие уште еден градски ривал. Не блескаа „топџиите“, одиграа просечен натпревар во кој го искористија своето најсилно оружје, корнерите.

Првиот гол го постигна Салиба во 21-та минута, по корнерот што го изведе Деклан Рајс. На ист начин Челзи возврати на истекот на првиот дел. По корнерот на Риз Џејмс, Инкапије си постигна авто гол.

Во 66-та минута повторно корнер за Деклан Рајс, а погоди Јулиен Тимбер.

Проблемите на Челзи започнаа три минути подоцна кога Педро Нето го доби вториот жолт картон.

Со играч повеќе, Арсенал не покажа некоја голема желба да нападне. Една добра шанса имашр Езе, но Санчез успеа да одбрани.

Во 94-та Давид Раја успеа да ја одбрани победата на Арсенал по ударот на Гарначо. Две минути подоцна Делап постигна гол, кој беше поништен бидејќи претходно Жоао Педро беше во офсакд.

foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 часа

(Видео) Ново обраќање на Трамп: Веројатно ќе умрат повеќе наши војници, тоа е така

Американскиот претседател Доналд Трамп денес вети дека ќе се одмазди за смртта на тројцата американски војници убиени во конфликтот со...

Свет4 часа

(Видео) Британскиот премиер: Ги ставаме нашите бази на располагање на Американците

Велика Британија го прифати барањето од Соединетите Американски Држави да користи британски воени бази за напади врз ирански ракетни објекти,...

Свет6 часа

Германија, Франција и Обединетото Кралство најавија пропорционални чекори против Иран, можно е уништување ракети и беспилотни летала

Обединетото Кралство, Франција и Германија, познати како Е3, објавија заедничка изјава за нападите на Блискиот Исток. Ги опишаа иранските ракетни...

Македонија7 часа

Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста

Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја...

Македонија8 часа

Повеќе од 150 македонски државјани побарале помош од амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби за евакуација

Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни...

Македонија9 часа

Малолетник сакал да се самоубие, МВР го спречи постапувајќи по објава оставена на социјалните мрежи

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи интервенираше навремено откако беше забележана објава на социјалните мрежи што укажуваше...

Свет9 часа

Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички

Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми. Иран вели дека...

Свет10 часа

Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери

Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го...

Свет11 часа

Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата. „Никој не може...

Свет12 часа

Израелската војска пак го нападна Иран

Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град. „Воздухопловните сили сега започнаа...

Свет13 часа

Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“

Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“ Папата...

Свет16 часа

Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност...

Македонија18 часа

МНР и НТ формира кризен штаб, се повеќе македонски граѓани бараат помош по нападите на Блискиот Исток

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија...

Свет19 часа

Откриени детали за тоа како е убиен врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи

Израел и САД го темпираа нападот врз Иран за сабота, за да се совпадне со самитот меѓу ајатолахот Али Хамнеи...

Свет21 час

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет1 ден

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет1 ден

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет1 ден

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет1 ден

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет1 ден

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...