Спорт
Нестварна партија на Дончиќ (видео)
НБА лигата изминатата ноќ понуди само два натпревари. ЛА Клиперс славеа над Далас Маверикс, а Мајами Хит ги победи Хјустон Рокетс.
Далас не успеа да слави во дуелот со Клиперс (121:125), во кој Лука Дончиќ постави рекорд во својата кратка НБА кариера.
…

НБА-лигата изминатата ноќ понуди само два натпревара. ЛА клиперс славеше над Далас Маверикс, а Мајами хит го победи Хјустон рокетс.
Далас не успеа да слави во дуелот со Клиперс (121:125) во кој Лука Дончиќ постави рекорд во својата кратка НБА-кариера.
Словенецот не престанува да ја воодушевува кошаркарската јавност во САД. Против Клиперс за 31 минута тој забележа 32 поена (рекорд во кариерата), четири скока, пет асистенции и четири украдени топки.
Покрај 19-годишниот Дончиќ, кај Далас се истакнаа Џеј-Џеј Бареа со 19 поени, три помалку постигна Херисон Барнс, а Ди,андре Џордан имаше 22 скока.
Кај победникот Данило Галинари постигна 32 поена, шест повеќе од Лу Вилијамс.
Тимската игра на Мајами им ја донесе победата против Хјустон 101:99. Ерик Гордон во финишот не успеа да погоди отворена тројка за победа на Хјустон. Она што ги загрижува сите во Хјустон е повредата што на овој меч ја доби првиот плејмејкер Крис Пол.
Петмина играчи на Мајами мечот го завршија со двоцифрен број поени, а најефикасни беа Џош Ричардсон со 22 и Тајлер Џонсон со 19 поени.
Хјустон го предводеше Џејмс Харден со 35 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дембеле одбил да го продолжи договорот со ПСЖ
Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле, ја одбил првата понуда на клубот за продолжување на договорот во вредност од 30.000.000 евра, објавија француските медиуми.
ПСЖ започна разговори за продолжување на соработката со францускиот репрезентативец, кој има важечки договор до 2028 година, со цел да го задржи освојувачот на „Златната топка“ и еден од клучните играчи во историската сезона 2024/2025, во која тимот ја освои Лигата на шампионите.
Според извештаите, Дембеле веќе добил првична понуда од клубот, но таа не е во согласност со неговите финансиски барања.
Како што се истакнува, понудената плата е околу 30.000.000 евра по сезона, проблем е што менаџерот на фудбалерот бара речиси двојно поголема сума, поради што договорот во моментов е далеку.
Во сезоната 2024/2025, Дембеле ги освои најважните индивидуални награди, вклучувајќи ја Златната топка, наградата „Најдобар“ на ФИФА и наградата за најдобар играч на Лигата на шампионите, а одигра и клучна улога во освојувањето на првиот европски трофеј во историјата на ПСЖ.
Спорт
Барселона нуди 30 милиони евра за Рашфорд
Маркус Рашфорд се чини дека ги се наметна во Барселона на задоволство на тренерот Ханси Флик.
Челниците на „блауграната“ решија да му испратат понуда на Манчестер Јунајтед за откуп на договорот на репрезентативецот на Англија.
Според шпанските медиуми, Барса е подготвена да издвои 30 милиони евра.
Во дресот на Барселона, крилниот напаѓач одигра 18 натпревари и постигна два гола.
Спорт
Рој Кин: Фергусон е како смрдеа од која не можеш да се ослободиш
Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, повторно проговори за ситуацијата во неговиот поранешен клуб, а овој пат остро го критикуваше легендарниот менаџер Алекс Фергусон.
Познат по своите остри и директни ставови, Кин отворено проговори во програма во живо за отпуштањето на Рубен Аморим и начинот на кој клубот носи клучни одлуки, не штедејќи ги луѓето кои, формално, повеќе не се дел од структурите на Манчестер Јунајтед.
„Што всушност се случува на тие интервјуа за работа? Секогаш ме интересира зошто истите луѓе добиваат шанси. Како можат да сфатат по 12 или 14 месеци дека некој не е вистинскиот човек за клубот?“, почна Кин.
Потоа отиде чекор понатаму и директно го спомена Фергусон, кој сè уште редовно ги гледа натпреварите од трибините на „Олд Трафорд“.
„Не го сфаќате ли тоа во разговорот? Го гледата чобекот во очи. Гледате кој навистина ги прави потезите во Манчестер Јунајтед. Фергусон и Дејвид Гил сè уште се шетаат како смрдеа што не може да се избрка.“
Нетрпението меѓу Рој Кин и Алекс Фергусон трае од 2005 година, кога легендарниот менаџер одлучи да го продаде својот капитен по контроверзно интервју на клупската телевизија.
Дека тензијата сè уште постои, потврди самиот Фергусон во 2024 година, кога го исфрли Кин од листата на своите најдобри капитени во историјата на клубот, и покрај фактот дека Ирецот ја носеше капитенската лента во осум исклучително успешни сезони.
Најновите коментари на Кин се само продолжение на долгогодишната и јавна расправија меѓу две икони на Манчестер Јунајтед.

