Спорт
Нејмар: Бразил е најдобриот тим на СП
Најдобриот бразилски фудбалер Нејмар, во татковината се рехаблитира по операцијата на стапалото, а со мислите е на престојниот Мудндијал. Тој смета дека Бразил ќе го има најквалитетниот состав на СП.
„Бразил е најдобар и драго ми е што ја преводам оваа…

Најдобриот бразилски фудбалер Нејмар во татковината се рехаблитира по операцијата на стапалото, а со мислите е на претстојниот мундијал. Тој смета дека Бразил ќе го има најквалитетниот состав на СП.
„Бразил е најдобар и драго ми е што ја преводам оваа репрезентација. Се надевам дека ќе дојдеме до трофејот“, рекол Нејмар за „Глобо еспорте“.
Нејмар знае дека на СП ќе настапат многу квалитетни фдбалери, а истакнал двајца.
„Во светот има многу квалитетни фудбалери, а на СП играат најдобрите. Салах не игра за силна репрезентација, но може да има добро Светско првенство. Тука се и Роналдо, Меси, Азар, Суарез…Меѓутоа, Габриел Жесус и Кутињо се фудбалери кои може да направат разлика“, порачал капитенот на Бразил.
Нејмар се повреди на 25 февруари на дербито против Олимпик Марсеј. Поради скршеница на метатарзалната коска во стапалото, тој неколку дена подоцна беше опериран во Бело Хоризонте.
Иако прогнозите беа дека рехабилитацијата ќе трае три месеци, можно е тој да се врати и порано, а Бразилците не ја исклучуваат можноста тој да игра на пријателскиот натпревар против Хрватска на 3 јуни.
Бразил на Светското првенство е во група со Костарика, Швајцарија и Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Блажевски бронзен на ЕП до 21 година во таеквондо
Филип Блажевски од таеквондо клубот Бутел, вечерва во Приштина, оствари голем успех. Блажевски освои бронзен медал на Европското првенство до 21 година.
На патот до медалот, Блажевски, забележа три победи и пораз. Славеше со 2:0 над Манита Александру од Молдавија и Олександар Јефимов од Украина, односно со 2:1 го победи Ајман Бари од Франција.
Доживеа пораз од Хрватот Оскар Ковачиќ, што му беше довлно да го освои бронзениот медал.
Спорт
Се смирија Салах и Слот
Мохамед Салах се враќа во првиот тим на Ливерпул и ќе му биде на располагање на тренерот Арне Слот, утре против Брајтон.
Најдобриот стрелец на „Црвените“ во последните неколку години не патуваше во Милано, на дуелот со Интер во Лигата на шампионите, што беше индикација дека имало конфликт со тренерот. Инаку, претходно, Салах, го преседе на клупата натпреварот против Лидс во Премиер лигата.
Салах, по дуелот со Лидс, го изрази своето незадоволство од статусот што го има, со зборовите дека „клубот го фрлил под автобус“.
Играчот и тренерот одржаа состанок во доцна попладнево и исходот очигледно беше позитивен. Египќанецот се враќа, на прво место се ставени интересите на клубот.
Двете страни ќе продолжат со комуникацијата за време на Африканскиот куп на нации каде што Салах ќе ја претставува својата земја.
Foto/ depositphotos
Спорт
Мексикаците ја потврдија замена за Агире по СП
Фудбалската репрезентација на Мексико, на СП, чии е ко-домаќин, заедно со САД и Канада, од клупата ќе ја предводи искусниот стратег, Хавиер Агире. Националниот сојуз објави дека тоа ќе биде последната работа на Агире, тој по Мундијалот ќе се пензионира.
Ова значи дека по Светското првенство, Мексико ќе добие нов селектор. „Собрероси“ по СП ќе ги преземе уште една легенда, поранешниот играч на Барселона, Рафа Маркез.
„По Светското првенство 2026, Маркез ќе ја заврши својата улога како асистент, а потоа ќе биде назначен за селектор на Мексико. Веќе имавме разговори со него и тоа е планот за следниот период. Во договорот на Маркез пишува дека по Светското првенство 2026, тој ќе стане селектор на репрезентацијата“, вели Иван Сисниега, претседател на Фудбалскиот сојуз на Мексико.
Маркез треба да биде селектор на мексиканската репрезентација до 2030 година.

