Спорт
Родителите на Ѓоковиќ за децата: Не ги гледаме често, доаѓаат кај нас да ја почувствуваат топлината на бабите и дедовците
Новак Ѓоковиќ остана без круна на Вимблдон. Српскиот тенисер во финалето загуби од Карлос Алкараз.
Во неговата ложа беа сопругата Јелена Ѓоковиќ, таткото и мајката Срѓан и Дијана Ѓоковиќ, кои се заслужни за сите успеси што ги постигна најдобриот тенисер на сите времиња.
Дијана и Срѓан Ѓоковиќ, како и секој друг родител, многу се гордеат со своите синови – Новак, Марко и Ѓорѓе. Покрај тоа, денес уживаат и во улогите на баба и дедо.
Имено, децата на Новак и Јелена Ѓоковиќ, Стефан и Тара, обожаваат да поминуваат време со своите баба и дедо, иако немаат можност да бидат толку често заедно. Меѓутоа, секогаш кога тоа им го дозволуваат обврските, создаваат заеднички спомени, а Дијана неодамна призна дека повеќе им дозволува на внуците.
„Многу сум среќна што имам внуци, што ми ги дадоа Стефан и Тара. Можеби не поминуваме со нив онолку време колку што би сакале, но кога сум со нив, навистина многу ми значи и некако ме враќа во детството, во периодот кога моите деца беа мали, кога можеби јас немав време да си играм со нив. Не сум тука да ги воспитувам, така ќе кажат мама и тато, тука сум да уживам во нив и можеби понекогаш кршам некои правила за работи што не им ги дозволуваат, но тоа е шармот“, изјави Дијана во емисијата „Додека ангелите спијат “.
„Ги гледам, но не толку често затоа што имаат многу обврски“, рекол таткото на Новак, Срѓан.
Дијана истакна и дека ужива да ги подготвува омилените јадења за малечките на Новак и Јелена. Инаку, познато е дека во домот на Ѓоковиќ се јаде храна без глутен, па внуците најмногу бараат таа да им ги подготвува старите добри палачинки.
„Секогаш кога имаат време, се трудиме да се видиме, да одиме на езеро, да шетаме… Доаѓаат кај нас за внуците да ја почувствуваат топлината на домот на своите баби и дедовци. Тие ги сакаат моите познати палачинки. Секогаш слушаме: „Бабо, подготви ни палачинки!“, а потоа се натпреваруваме: „Кои ќе ги сакаш, безглутенски или нормални?“, а Стефан вели: „Бабо, нормално, остави ги сега безглутенските“, низ смеа рече Дијана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Евролига: Прочида најдобар млад играч
Кошаркарот на Алба од Берлин, Габриеле Процида е прогласен за најдобар млад играч на Евролигата, објавено е на веб-страницата на елитното натпреварување.
Прочида е третиот Италијанец кој ја освоил престижната награда, по Андреа Барњани (2005/06) и Данило Галинари (2007/08).
Талентираниот кошаркар имаше голема конкуренција за наградата, особено од неговиот соиграч од Алба и сонародник Матео Спањоло.
Сепак, тој имаше поголема улога во тимот, поради што и го доби признанието кое го изгласаа тренерите на екипи во Евролигата.
Оваа сезона имаше просек од 8,3 поени, 1,6 скока и 1,4 украдени топки.
Сезонава 10 пати имаше двоцифрен учинок, а најдобра партија ја имаше против Макаби, кога мечот го заврши со 22 поени и три украдени топки.
Спорт
Дест се враќа во Барселона – ПСВ нема да го откупи неговиот договор
Сержињо Десет како позајмен од Барселона во ПСВ ја освои титулата во Холандија со клубот од Ајндховен. Сепак ПСВ нема да го откупи неговиот договор и покрај тоа што во клубот биле задоволни од неговите изданија. Причината е повредата на коленото од која репрезентативецот на САД се уште не се рехабилитирал.
Дест во јуни ќе се врати во Барселона каде ќе ја продолжи со рехабилитацијата по операцијата на коленото во Холандија.
Дест се пресели од Ајакс во Барселона во 2020 година, вкупно за Барселона одигра 72 натпревари и постигна три гола.
Тој минатата сезона замина на позајмица во Милан, незадоволен од својата минутажа во Барселона, а оваа сезона ја мина на позајмица во ПСВ.
Се очекува тој да се врати на терените на почетокот на 2025 година.
Спорт
Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А
Фудбалерот на Интер, Николо Барела наскоро ќе потпише нов договор и ќе стане најплатениот италијански играч во Серија А, објавија италијанските медиуми.
Како што пренесува „Газета дело спорт“, Барела ќе има годишна плата од седум милиони евра со одередни бонуси.
Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2026 година, а директорот Пјеро Аусилио пред неколку дена изјави дека 27-годишниот играч од средниот ред најверојатно ќе потпише нов договор пред неговиот тимски колега Лаутаро Мартинез.
„Газета дело спорт“, наведе дека Барела ќе го потпише договор до јуни 2029 година.
Моментално има плата од пет милиони евра годишно, според новиот договор ќе добива 6,5 милиони, но лесно ќе ги исполни бонусите и ќе достигне сумата од седум милиони евра годишно.
Според информациите, најплатен италијански фудбалер во Серија А е Алесандро Бастони од Интер, кој моментално има 5,5 милиони евра по сезона, додека фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза има годишна плата од пет милиони евра.