Спорт
Не успеал да се наметне во Манчестер Јунајтед, па со пластична операција го сменил личниот опис
Поранешниот кинески фудбалер, Донг Фангжу, од срам решил да изврши пластична операција на лицето. Овој играч во 2004 година, во ерата на Алекс Фергусон, потпиша договор со Манчестер Јунајтед.
Фангжу, тогаш имал 19 години и бил голема надеж на кинескиот…

Поранешниот кинески фудбалер, Донг Фангжу, од срам решил да изврши пластична операција на лицето. Овој играч во 2004 година, во ерата на Алекс Фергусон, потпиша договор со Манчестер Јунајтед.
Фангжу, тогаш имал 19 години и бил голема надеж на кинескиот фудбал, поради тоа сер Алекс решил да го ангажира.

Откако потпишал го потпишал договорот со Манчестер Јунајтед, тој не можел да добие работна дозвола, поради што клубот го испратил на позајмица во Антверпен, каде одиграл две добри сезони, на 71 натпревар постигнал 34 гола.
Се вратил во Јунајтед, добил работна дозвола, но за „црвените ѓаволи“ играл на само два натпревари и клубот го вратил во Кина.
Играл за Далијан, а потоа и во Полска, Португалија и Србија. Решил кариерата да ја заврши во 2014 година. По завршувањето на кариерата бил чест учесник на реалните шоуа во Кина.

Меѓутоа толку му било срам бидејќи не успеал да направи кариера во Манчетер Јунајтед, па решил да направи радикален чекор, односно да си го смени личниот опис.
Му било срам бидејќи служел за потсмев, не успеал во кариерата, а бил голема надеж. Поради тоа Фангжу извршил пластична операција на лицето, за луѓето повеќе да не го препознаваат на улица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Рој Кин: Карик не е вистинскиот човек за Јунајтед
Мајкл Керик со Манчестер Јунајтед забележа две импресивни победи, над Манчестер Сити и Арсенал, но легендарниот капитен на „црвените ѓаволи“, Рој Кин, не е премногу импресиониран. Рој Кин е убеден дека Мајкл Карик е вистинскиот човек за „црвените ѓаволи“.
„Два одлични натпревари, но секој може да победи на два натпревари. И да ги добие Јунајтед сите натпревари до крајот на сезоната, не би го задржал. Не сум убеден дека тој е вистинскиот човек за менаџер на Манчестер Јунајтед. Апсолутно не“, рече Кин и додаде:
„Им треба познат и подобар тренер. Толку голем клуб, толку големи предизвици во следните неколку години, ви треба тренер за кој сметате дека може да ви ја донесе титулата во Премиер лигата. Дали ќе седиме тука и ќе велиме дека Мајкл Карик може да му донесе титули на Јунајтед? За мене, тоа не е доволно. Не верувам дека тој е тој човек.“
Тој не само што критикуваше, туку имаше и пофалби.
„Со оглед на тоа каде беа и каде се сега, тие вратија малку дрскост, смиреност во играта. Два брилијантни гола, играчите од клупата имаа големо влијание. Навивачите можеа да се слушнат, како во добрите стари времиња. Карик заврши навистина добра работа. Два брилијантни натпревари, вистински квалитет“, рече Кин.
Јунајтед моментално е четврти во Премиер лигата со 38 бода.
Foto/ depositphotos
Спорт
Манчестер Сити покажува интерс за Трент Александер-Арнолд
Манчестер Сити активно ја следи ситуацијата околу Трент Александер-Арнолд (ТАА), чија иднина во Реал Мадрид станува сè понеизвесна откако англискиот репрезентативец не успеа да импресионира по трансферот од Ливерпул минатото лето.
Иако изворите од Шпанија велат дека Александер-Арнолд е решен да се бори за своето место, наводно постои растечка фрустрација зад кулисите, од начинот на кој се одвива неговата прва сезона во Шпанија.
Откако пристигна, 27-годишникот започна само пет натпревари во Ла Лига, а шпекулациите околу неговата иднина привлекуваат интерес од други клубови, пишува „TEAMtalk“.
Се шпекулира, дека менаџерите на ТАА, веќе воделе разговори со Манчестер Сити, кои бараат нов десен бек пред летниот преоден рок. Иако сè уште не е направен официјален пристап, вицешампионот од Премиер лигата внимателно ја проценува ситуацијата.
Минатото лето, ТАА потпиша петгодишен договор со Реал Мадрид кој го обврзува до 2029 година. Затоа, секој трансфер би барал значителна компензација. Реал Мадрид не е под притисок да го продаде, но незадоволството на играчот би можело да отвори врата за преговори ако пристигне вистинската понуда.
Новиот спортски директор на Сити, Уго Вијана, веќе покажа дека не се плаши од големи зделки по јануарските аквизиции на Марко Гуеи и Антоан Семењо, што најавува и смел пристап во следниот преоден рок.
Само неколку клубови можат да си дозволат да го доведат ТАА од Мадрид, а Манчестер Сити е сигурно меѓу нив. Неговото доаѓање би било значаен поттик, со оглед на тоа што додека играше за ривалот Ливерпул, тој се сметаше за еден од најдобрите дефанзивци во Европа, каде што освои осум големи трофеи.
Во 354 настапи за „Црвените“, тој забележа 23 гола и 92 асистенции.
Foto/ depositphotos
Спорт
Пакета го напушта Вест Хем
Вест Хем и Фламенго постигнале договор за трансферот на Лукас Пакета, објави бразилската филијала на ESPN. Според овој извор трансферот изнесува 41.000.000 милиони евра.
За да биде реализиран трансферот на Пакета, клубовите треба да ја договорат динамиката на плаќање.
Вест Хем бара целата сума да биде исплатена во рок од 12 месеци.
28-годишниот офанзивен играч од средниот ред има договор со Вест Хем до летото 2027 година, а „Трансфермаркт“ го проценува на 35 милиони евра.
Пакета пристигна во лондонскиот клуб од Лион во 2022 година за 43 милиони евра и стана важен играч за клубот и бразилската репрезентација.
Foto/ depositphotos

