Спорт
Новак Ѓоковиќ конечно слободен и на терен

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е слободен човек и ќе игра на Австралија опен, кој почнува на 17 јануари, каде ќе се обиде да ја освои десеттата титула и да го освои 21. Грен слем, со што би апсолутен рекордер.
Новак Ѓоковиќ испрати моќна порака од Австралија, од тениското игралиште
– Благодарен сум што судијата донесе пресуда да ми ја врати визата за престој во Австралија. И покрај сè што се случи минатата недела, сакам да останам и да се натпреварувам на Австралија опен. Останувам фокусиран на тенисот. Овде патував за да учествувам на еден од најважните турнири во историјата и дефинитивно мојот најуспешен. Во моментов можам да напишам толку многу и секако огромно БЛАГОДАРАМ до сите ширум светот кои ми дадоа поддршка и сила и ме охрабрија да останам трезен и силен – напиша Ѓоковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Познато е колку долго ќе отсуствува Маркез

Деветкратниот светски шампион Марк Маркез ќе ги пропушти претстојните трки во Австралија и Малезија поради фрактура на клучна коска. Постариот од браќата Маркез се повреди на трката за Големата награда на Индонезија, кога во првиот круг од патеката го исфрли возачот на Априлија, Марко Бецеки.
На Шпанецот веднаш му беше дијагностицирана фрактура, но во таа прилика беше нагласено дека повеќе ќе се знае кога ќе пристигне во Мадрид и ќе изврши подетални прегледи.
Прегледите во главниот град на Шпанија, покажале дека има фрактура во основата на коракоидниот процес на клучната коска и повреда на лигаментот на рамото. Инаку, новата фрактура нема никаква врска со претходните повреди што ги имаше Шпанецот.
Лекарите кои се грижат за состојбата на Маркез се одлучија за конзервативен пристап кон закрепнувањето, што вклучува одмор и мобилизација на повреденото рамо додека повредата не заздрави, што значи дека новиот шампион сигурно нема да вози во Австралија и Малезија.
Во отсуство на Маркез, се очекува во следните две трки да вози тест-возачот на италијанскиот тим, Микеле Пиро.
Шампионатот во Мото ГП продолжува со Големата награда на Австралија на патеката „Филип Ајленд“ од 17 до 19 октомври.
Спорт
Чави: Два пати беа блиску да заминам од Барселона, имав сериозни понуди од Милано

Легендата на Барселона, Чави, целата кариера ја мина на „Кап Ноу“, како тренер на функцијата се задржа две ипол години. Чави повеќе од една година е без работа и покрај тоа што редовно добива понуди. Пред две недели го поврзуваа со Манчестер Јунајтед, во случај Рубен Аморим да добие отказ.
Во интервју за „Cronache di Spogliatoio“,Чави откри дека во различни фази од неговата активна фудбалска кариера, во два наврати можел да заврши во Милано. Интер покажал сериозен интерс, додека на радарот на Милан бил како тинејџер.
„Бев блиску до напуштање на Барселона двапати. Првиот пат беше Милан. Разговарав со Галијани откако го освоив Светското првенство до 20 години со Шпанија. Росонерите беа навистина заинтересирани за мене, но решив да останам во Барселона. Вториот пат, речиси една деценија подоцна, се јавил и Интер. Имавме лош период во 2008 година во Барселона и многу луѓе ме обвинуваа што не можев да го раздвижам тимот. Интер ме сакаше, Баерн Минхен исто така беше заинтересиран, но на крајот Гвардиола дојде на клупата на првиот тим и сè се промени“.
Легендарниот играч од средниот ред зборуваше и на актуелни теми. Една од нив е Ламин Јамал, кого Чави го претстави во првиот тим и му даде шанса да дебитира за Барселона.
„Тој беше „избран“, може да биде еден од фудбалските генијалци. Сè зависи од него, од неговата амбиција, од неговата страст. На 15 или 16 години, тој дриблаше како професионалец, а ние од тренерскиот штаб секој ден на тренинг се прашувавме кој е најдобар. И тоа најчесто беше тој. Тој правеше посебни работи што нормално ги гледате само кај Нејмар, Меси и играчи од тој калибар. Видов дека е подготвен и не се плашев. Ниту тој не се плашеше, немаше комплекси. Може да направи разлика, она што го прави на негова возраст е прекрасно“, заклучи Чави.
Спорт
„Секој може да ја победи Барселона, нема да ја освојат Лигата на шампионите“

Тони Крос, легендарниот германски играч од средниот ред и поранешен играч на Реал Мадрид, во својот подкаст „Einfach mal Luppen“ детално ја анализираше играта на Барселона под водство на тренерот Ханси Флик.
Крос ја пофали актрактивноста и ги истакна клучните слабости за кои верува дека ќе ги чинат успех во Лигата на шампионите.
Кроос верува дека играта на Барселона е една од најзабавните за гледање во Европа, но нивната „опсесија“ секогаш да играат на ист начин ги прави исклучително ранливи.
„Барса има еден од најатрактивните стилови, ако не и најатрактивниот во цела Европа, но мислам дека преземаат премногу ризици. Кога Педри, Ламин Јамал или Рафиња имаат лош ден, секој тим може да ги победи“, рече Крос.
Тој додаде дека токму тоа ги спречува да бидат конкурентни за титулата во Лигата на шампионите.
„Можат да ги елиминираат од Лигата на шампионите. Минатата година тоа веќе им се случи со Интер, а оваа година, во осминафиналето, четвртфиналето, полуфиналето или финалето, во еден момент ќе се сретнат со таков противник кој ќе ги нокаутира. Тоа ќе им се случи во Лигата на шампионите, нема да им се случи во Шпанската лига бидејќи се многу доминантни.“
Германецот особено ги нагласи проблемите што се јавуваат во последните минути од натпреварите, кога заморот ги погодува играчите, а тактичкиот пристап останува ист.
„По 75 минути, забележувате дека сите се поуморни и гледате дека не го менуваат стилот на затворање на просторот. Ако сте уморни и не го менувате стилот на играта, станува многу јасно во каков проблем сте“, заклучи Крос.
Foto/ EPA