Спорт
Нови главоболки за Парондо, Борозан оди „под нож“
Левиот бек на ракометниот клуб Вардар, Црногорецот Вуко Борозан не може веќе да одолговлекува, ќе мора да оди на операција на коленото, информираат од македонскиот шампион.
Ова се непланирани главоболки за тренерот Парондо поради тоа што Борозан сигурн…


Левиот бек на ракометниот клуб Вардар, Црногорецот Вуко Борозан не може веќе да одолговлекува, ќе мора да оди на операција на коленото, информираат од македонскиот шампион.
Ова се непланирани главоболки за тренерот Парондо поради тоа што Борозан сигурно ќе ги пропушти мечевите против Мешков и Киелце во Лигата на шампионите, но и натпреварите против Металург, Железничар, Татран Прешов и Стеауа во регионалната СЕХА лига.
Црногорецот подолг период се мачи со повредата, но сега ризикот се зголеми и управата реши тој веднаш да оди „под нож”. Борозан ќе може за опоравување да го искористи периодот додека трае ракометниот мундијал во Германија и Данска, за да биде фит напролет, за новите предизвици со клубот.
Во продолжение погледнете ги „ракетите“ на бекот на мечот против Барса во Шпанија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Драма во Мадрид со среќен крај за Олимпијакос – Грците се пласираа на завршниот турнир

Олимпијакос, тимот со најдобра резулта во регуларниот дел од сезоната во Евролигата, обезбеди пласман на завршниот турнир во Абу Даби. Грчкиот тим ја доби серијата против Реал со 3:1. Вечерва во драматичен натпревар, Олимпијакос победи во Мадрид со 86:84.
Во полуфиналето на завршниот турнир, Олимпијакос ќе игра со победникот од серијата меѓу Барселона и Монако. Четвртиот меч се игра во петок во Барселона, Монако има водство во серијата 2:1
Спорт
(Видео) Рапсодија на Јунајтед во Билбао, Тотенхем очекувано го победи Бодо/Глимт

Фудбалерите на Манчестер јунајтед и Тотенхем се на чекор до пласман во финалето, на Лига Европа.
На стадионот „Сан Мамеш“ на кој ќе се одигра финалето, Манчестер јунајтед го декласира домаќинот Атлетик Билбао со 3:0.
Трите гола, Јунајтед ги постигна во интервал од 15.минути. Касемиро погоди за водство во 30.минута, а пет минути подцна се случи клучниот момент на натпреварот. Дани Вивијан доби црен картон, а Јунајтед пенал. Бруно Фернандеш го реализира пеналот, а капитенот на „црвените ѓаволи“ во 45.минута со својот втор гол стави точка на натпреварот.
Тотенехем го победи Бодо/Глимт со 3:1. На овој натпревар е постигнат најбрзиот гол во историјата на Лига Европа. Бренан Џонсон ј погоди мрежата на Норвежаните во 38.секунда.
Медисон до полувремето ја зголеми предноста на Тотенхем, а во 61.минута Соланке од пенал го постигна третиот гол за Спарс.
Надеж на гостите дека ќе можат да приредат чудо во реваншот им дава голот на Салтнес во 83.минута.
Реваншите се на програмата следниот четврток.
Спорт
(Видео) „Шумарите“ на колена пред Брентфорд

Фудбалерите на Брентфорд го победија Нотингем Форест со 2:0 на гостински терен во 34-то коло од Премиер лигата.
Со овој натпревар беше комплетирано 34-то коло од елитното ниво на фудбал на островот, а Брентфорд им направи огромна услуга на Њукасл, Сити и Челзи.
Овие три екипи сега се на последните три места што водат кон Лигата на шампионите следната сезона, додека Форест е шести, што е доволно само за Лигата на Европа.
Гостите поведоа во 44-тата минута преку Шаде, а предноста беше удвоена во 70-тата минута преку Виза.
На Висa му асистираше голманот Флекен, што беше деветта асистенција на голман оваа сезона во Премиер лигата, што е нов рекорд. Тоа беше втора асистенција за искусниот холандски голман, а пред него е само Едерсон со неверојатни четири.