Спорт
Обложувалниците не веруваат во Реал, Сити се први фаворити за титулата
Манчестер сити, според водечките светски обложувалници, ја имаат пол-позицијата за освојување на титулата во Лигата на шампионите. Согласно резултатите во досегашниот дел од сезоната, Реал Мадрид, тимот што доминираше изминатите три сезони, не е ниту м…
Манчестер сити, според водечките светски обложувалници, ја имаат пол-позицијата за освојување на титулата во Лигата на шампионите. Согласно резултатите во досегашниот дел од сезоната, Реал Мадрид, тимот што доминираше изминатите три сезони, не е ниту меѓу првите пет фаворити.
Актуелните шампиони на Англија, Манчестер сити, иако стартуваа со домашен пораз од Олимпик Лион, лесно го освоија првото место во групата во која уште беа Лион, Шахтјор и Хофенхајм.
Според обложувалниците, коефициентот дека тимот што го предводи Пеп Гвардиола ќе го освои трофејот изнесува 4,5, односно на една вложена фунта заработката е 4,5 фунти.
Зад „граѓаните“ е Барселона со коефициент 6, а трет фаворит е Јувентус, сезонава засилен со Кристијано Роналдо, со коефициент 7.
Обложувалниците не веруваат многу ниту во Пари Сен Жермен, екипа која во напаѓачката линија (Нејмар и Килијан Мбапе), вложи 402 милиони евра. Коефициентот на Пари Сен Жермен изнесува 8,5. Шансите дека минато сезонскиот финалист, Ливерпул, ќе направи чекор повеќе се 1:10, а барем коефициент 11 имаат Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Ждрепката за осмина-финалето во Лигата на шампионите ќе биде извршена на 17.декември, в понеделник, во Нион.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Италија со победа над Албанија ја започна одбраната на титулата
Актуелниот шампион Италија со победа над Албанија од 2:1 ја запошна одбраната на титулата на Европското првенство.
Натпреваро запошна шокантн за Италијанците кои примија гол по само 23 секунди. Бајрами ја искористи грешката на Димарко и го постигна најбрзиот гол во историјата на ЕП. До последната минута од натпреварот тоа беше се што направија Албанците на овој натпревар.
По голот фудбалерите на Албанија веднаш се повлекоа зад топката, а на Италијанците не им требаше многу за да се вратат во игра.
Италија имаше корнер во 11. минута од натпреварот, топката дојде до Пелегрини кој упати одличен центаршут и на втората статива го пронајде Бастони кој ја заби топката во мрежата.
Само пет минути подоцна Италија направи целосен пресврт. Николо Барела ја искористи лошо исфрлената топка од албанската одбрана и упати фантастичен волеј удар кој Стракоша не можеше да го одбрани.
Италија целосно ја презеде иницијативата, Албанија чекаше прилика од контранапад, а во 33. минута Фратези можеше да ја зголеми предноста на „аѕурите“, сепак стативата го спаси Стракоша.
До крајот на првото полувреме Скамака можеше да постигне гол во 40. минута, Стракоша беше на вистинското место и го одбрани ударот на напаѓачот на Аталанта.
Во второто полувреме, Италијанците се решија само да ја контролираат топка и да чекаат грешка на Албанците. Во 60. минута Скамака му ја додаде топката на Киеза, но играчот на Јувентус од 16 метри шутираше покрај стативата.
До крајот Италија имаше иницијатива на теренот, но не успеа да направи многу. Нападите беа бавни, без вистинска идеја и без желба да се нападне голот на Албанија.
Таквата определба можеше сакпо да ги чини, бидејќи Манај имаше шанса во 90. минута по одлична долга топка, но ударот го одбрани Донарума.
Следниот натпревар „азурите“ ќе го играат за пет дена против Шпанија, додека Албанија ден порано ќе игра со Хрватска.
Спорт
(Видео) Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на ЕП, Италија сепак води во Дортмунд
Репрезентативецот на Албанија, Недим Бајрами го постигна најбрзиот гол во историјата на Европските првенства.
На стадионот „Вестфален“ во Дортмунд, Бајрами ја искористи катастрофалната грешка на Ди Марко и го совлада Донарума по само 23 секунди игра.
Albania scores in 25 seconds against Italy 🤣 #albania #italy #EURo2024 pic.twitter.com/c48owFmYcs
— Heybets (@playheybets) June 15, 2024
Актуелните европски шампиони експресно се опоравија по почетниот шок.
Бастони го изедначи резултатот во 11.минута. Дефанзивецот на Интер, погоди со глава откако остана сам на втората статива по нафрлувањето на Пелегрини.
Четири минути подоцона, Италија направи целосен пресврт. По една флипер ситуација пред голот на Албанија, топката дојде до Барела кој од 15 метри ја смести топката во голот.
Спорт
Далиќ: Изгледавме немоќно
Репрезентацијата на Хрватска загуби од Шпанија со 3:0 во 1. коло од групата Б на Европското првенство. Головите за Шпанија ги постигнаа Алваро Мората во 29. минута, Фабијан Руиз во 33. минута и Дани Карвахал во 45. минута.
Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ, на прес конференцијата рече дека неговиот тим го заслужил поразот.
„Секоја чест за Шпанија. Почнавме доста тешко, потоа се прегупиравме и потоа таа длабока топка за која зборувавме не отвори и Мората постигна гол. Наша грешка, работевме на тоа и примивме гол од ситуација на која предупредувавме.
Она што ме изненади од наша страна е што стоевме предалеку од играчите. Дадовме премногу простор на нивната предна линија, бевме премногу бавни, предалеку и не бевме агресивни.
Рековме дека треба да играме со многу помалку допири, рековме дека треба да ја свртиме страната во два допири и не го прававме тоа добро. Високиот пресинг не беше пресуден“, рече Далиќ.
Во второто коло, за четири дена Хрватска ќе игра против Албанија.