Спорт
Одбраната носи трофеи, Вардар прима најмалку голови во ЛШ
Ракометарите на Вардар имаат перфектен старт во сезоната. По радикалните промени во составот, ниту најголемите оптимисти не очекуваа дека Вардар, сезоната во Лигата на шампионите ќе ја стартува со четири победи во исто толку натпревари.
Црвено-црните, …

Ракометарите на Вардар имаат перфектен старт во сезоната. По радикалните промени во составот, ниту најголемите оптимисти не очекуваа дека Вардар сезоната во Лигата на шампионите ќе ја стартува со четири победи во исто толку натпревари.
Црвено-црните во „групата на смртта“ имаа тежок распоред на стартот, две тешки гостувања кај актуелниот шампион Монпелје и Веспрем, а ништо полесен не беше ниту дуелот со Рајн Некар во Скопје. Против Кристијанштад во Скопје, Вардар влезе како апсолутен фаворит и таа улога во целост ја оправда.
Во првите четири натпревари Вардар примил 101 гол (нешто повеќе од 25 во просек), што е најмалку од сите тимови што се натпреваруваат во групите А и Б. Зад Вардар се ПСЖ (105 гола) и Пик сегед (106 гола).
Вардар против наведените противници постигна вкупно 116 гола, што значи дека во групите А и Б го има деветтиот најдобар напад, но познато е дека добрата одбрана носи трофеи.
Индивидуално, во нападот, Вардар го предводат Вуко Борозан со 22 постигнато гола, Иван Чупиќ (20) и Тимур Дибиров (18).
Вуко Борозан е најдобар стрелец во тимот со 22 гола пред Иван Чупиќ со 20 и Тимур Дибиров со 18.
фото: rkvardar.mk
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Осум голови на „Олд Трафорд“, по бод за Мначестер Јунајтед и Борнмут
Манчестер Јунајтед и Бортнумт приредија спектакл за крај на 16-то коло во Премиер лигата. Натпреварот на „Олд Трафорд“ заврши 4:4 (2:1). Јунајтед на табелата се во групата тимови со 26 поени, распоредени од петтото до осмото место, додека Бортмут со 21 бод се наоѓа на 13-та позиција.
Тешко е да се опшише што се се случуваша на „Олд Трафорд“, Јунајтед водеше 1:0 (Диало) и 2:1 (Касемиро) по првиот дел. Борнмут со блиц криг на почетокот на второто полувреме направи пресврт и поведе 2:3 (Еванилсон и Таверние).
На ист начин возратија фудбалерите на Јунајтед во 77-та и 80-та минута кога ја вратија предноста (3:4), стрелци Бруно и Куња, а точка на спектакуларниот меч стави Крупи во 84-та минута.
Спорт
(Видео) Рома го победи Комо, се доближи на три бода до лидеорт Интер
Фудбалерите на Рома го победија Комо (1:0) на „Олимпико“, во последниот натпревар од 15-то коло на Серија А.
Голот за победа на „волчицата“ го постигна Весли Франко во 61-та минута од натпреварот.
Комо ја пропушти најдобрата шанса во финишот, кога ударот на Штефан Пош брилијантно го блокираше Еван Ндика.
Рома навести излез од кризата, по два последователни порази, и моментално го држи четвртото место со 30 бода, три помалку од лидерот Интер.
Комо по вториот последовен пораз остана на седмото место со 24 поени.
Двата тима во наредното коло ќе гостуваат, Рома кај Јувентус, а Комо во Лече.
Спорт
Тиаго Силва се враќа во Европа
Иако минатото лето се чинеше дека ќе стави крај на својата богата кариера во Флуминензе, Тијаго Силва ги промени своите планови.
Легендарниот бразилски стопер, по 15 години поминати во европскиот фудбал, се врати во својата татковина со идеја да се пензионира по шест месеци. Тој дел од планот сè уште стои – но каде ќе заврши кариерата веќе не е сигурно.
Имено, Силва (41) сериозно размислува за враќање во Европа, веќе во текот на претстојната зима. Главната причина е Светското првенство во 2026 година.
Искусниот дефанзивец сака да го импресионира селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, и верува дека играњето во европскиот фудбал, дури и ако тоа се само неколку месеци, значително би ги зголемило неговите шанси да биде во составот за Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Заедно со спортските, постојат и приватни причини. Семејството на Силва моментално живее во Лондон – сопругата и децата останаа во Англија бидејќи најмалите се дел од академијата на Челзи – што дополнително ја поттикнува идејата за враќање на Стариот континент.
Ситуацијата во Флуминензе, исто така, придонесе за пресвртот. Клубот беше елиминиран од Купот на Бразил откако беше поразен од Васко де Гама, во Серија А го освои петтото место, а сега се очекува да настапи во првенството на Кариока, што не претставува предизвик што Силва го бара на крајот од кариерата.
Силва веќе се збогува со своите соиграчи во соблекувалната по испаѓањето од купот, што дополнително ги разгоре шпекулациите.
Foto/ depositphotos

