Контакт

Спорт

Освои медал на ЗОИ па заврши на психијатрија

Бо Реум Ким репрезентативка на Јужна Кореја о брзо лизгање, на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, освои сребро на трката со масовен старт, откако неколку дена претходно ја обвини колешката дека поради неа не се пласирале во полу-финалето, во тимскат…

Објавено пред

Бо Реум Ким репрезентативка на Јужна Кореја о брзо лизгање, на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, освои сребро на трката со масовен старт, откако неколку дена претходно ја обвини колешката дека поради неа не се пласирале во полу-финалето, во тимската потера.

dobivaj vesti na viber

Еден месец по завршувањето на Игрите, Ким по извршените прегледи во болницата во Даегу, на предлог на лекарите, таа со менатлно пореметување та била итно хоспитализирана.

Дијагнозата е анксиозна неуроза, болесест која ја имала и нејзината мајка, која исто така била на болничко лекување.

По инцидентот со колешката од репрезентацијата на ЗОИ, повеќе од 600.000 Корејци потпишале петиции Ким да биде исфрлена од репрезентацијата. Покрај генетските предиспизиции, менталното пореметување најверојатно е последица на константните тензии поради случувањата во Пјонгчанг.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Челзи се соочува со 74 обвиненија за недозволени исптати на менаџери

Објавено пред

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), го обвини Челзи за 74 наводни прекршувања на правилата поврзани со плаќања на менаџери помеѓу 2009 и 2022 година. Обвиненијата првенствено се однесуваат на настани што се случиле помеѓу сезоните 2010/11 и 2015/16.

dobivaj vesti na viber

Наводните прекршувања се однесуваат на менаџери, посредници и инвестиции од трети страни во играчи, а клубот има рок до 19 септември да одговори.

Рускиот олигарх Роман Абрамович го контролираше клубот од 2003 до 2022 година. Минатата година, тој го продаде клубот на конзорциум предводен од американскиот инвеститор Тод Бејли и приватната инвестициска фирма „Клирлејк Капитал“.

„За време на темелен процес на длабинска анализа пред да се заврши купувањето, групата сопственици стана свесна за потенцијално нецелосни финансиски извештаи во врска со претходните трансакции и други потенцијални прекршувања на правилата на ФА“, се вели во соопштението на Челзи.

„Веднаш по завршувањето на купувањето, клубот независно ги пријави овие прашања до сите релевантни регулатори, вклучително и Фудбалската асоцијација. Клубот покажа невидена транспарентност во текот на целиот овој процес, вклучително и давање сеопфатен пристап до досиејата и историските податоци на клубот.“

Самата истрага ќе покаже колку сето ова ќе му помогне на клубот.

Прикажи повеќе...

Спорт

„Пешиќ треба да поднесе оставка, ако има морал“

Објавено пред

Мирослав Николиќ, долгогодишниот асистент на Александар Ѓорѓевиќ во кошаркарската репрезентација на Србија, смета дека последиците од неуспехот на националниот тим на Евробаскетот треба да ги сноси исклучиво селекторот Светислав Пешиќ.

dobivaj vesti na viber

Трофејниоттренер е шокиран од дебаклот на Србија на Европското првенство, и нема сомнеж кој е одговорен за раната елиминација на еден од најголемите фаворити.

„Ова се глупости, многу сум нервозен. Целата нација е разочарана. Селекторот Пешиќ треба да ја преземе одговорноста и да поднесе оставка, иако неговиот договор истекува на крајот од месецот. Дали има некаков морал? До кога селекторите ќе добиваат големи пари за неколку месеци работа годишно, а играчите ќе играат бесплатно? А потоа ако играчот не одговори на повико, тој не е патриот. Мајсторе, па како?“, рече Николиќ во интервју за „Данас“.

„Од професорот Александар Николиќ научив дека кога ќе победиш, победиле играчите. Кога ќе се загуби натпревар, го загубил тренерот. Тоа е поентата. Ќе видиме за година или две каде ќе оди нашата кошарка. Ќе видиме дали овие играчи повторно ќе се вратат во репрезентацијата, првенствено мислам на Јокиќ и Богдановиќ“.

Николиќ како асистент на Ѓорѓевиќ со Србија освои сребрени медали на светско и европски првенство, односно на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

Фото/ Принтскрин

Прикажи повеќе...

Спорт

Болт: Моите рекорди еден ден ќе паднат, но не сум загрижен

Објавено пред

Поминаа 16 години откако Јусеин Болт постави светски рекорди на 100 и 200 метри, а легендарниот спринтер верува дека тие резултати нема да бидат загрозени долго време.

dobivaj vesti na viber

„Не сум загрижен“, рече Болт на настан на „Пума“, два дена пред почетокот на Светското првенство.

Болт ги постави рекордите (9,58 секунди на 100 и 19,19 секунди на 200 метри) во 2009 година во Берлин.

Оттогаш, само Јохан Блејк успеа да трча под 9,7 секунди на 100 метри и побрзо од 19,3 секунди на 200 метри.

Американецот Ноа Лајлс беше единствениот кој отворено објави дека сака да ги сруши рекордите на Болт.

Тој ги освои двата спринта на светските првенства во 2023 година, но неговиот најдобар резултат беше 19,31 секунди на 200 метри од 2022 година, што е нов американски рекорд.

Најдобриот резултат во 2025 година го постави Јамајканецот Кишане Томпсон (9,75 секунди), па се очекува дека тој, заедно со сонародникот Облик Севил, ќе биде фаворит во финалето на 100 метри. Болт предвидува дека Јамајка ќе ги заземе првите две места.

„Сè е во правилното изведување на трката, а не обрнувањето внимание на бучавата од страна“, рече Болт.

Австралискиот тинејџер Гут Гут (17), кој веќе го споредуваат со Болт поради неговиот стил и резултати, би можел да биде кандидат за соборување на рекордот во иднина.

„Лесно е во помладите категории, но преминот во сениорското натпреварување е многу потежок. Сè зависи од вистинскиот тренер и вистинското окружување“, рече Болт.

Иако верува дека напредокот во технологијата за атлетски обувки еден ден ќе доведе до нови рекорди, Болт верува дека неговите резултати засега не се во опасност.

„Сè во животот еволуира, луѓето сакаат да бидат подобри и побрзи. Нема да биде изненадување кога тоа ќе се случи, но нема да се случи сега“, заклучи Болт.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија21 минута

Против три лица поднесено обвинение за депониите во Вардариште: ОЈО Скопје постапува и во други предмети за загaдување со отпад

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши истражната постапка и денеска поднесе Обвинителен акт против три лица за...

Македонија32 минути

Дрисла се уште чади, агенција за обезбедување ја чува депонијата Вардариште

На депонијата Дрисла се уште има чадење, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов кој појасни дека депониите тешко се гаснат...

Топ56 минути

Охриѓанец паднал од третиот кат на зградата во која престојувал

Вчера во 19:38 часот во СВР Охрид е пријавено дека К.Д.(53) од Охрид паднал од третиот кат од зградата каде...

Македонија1 час

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правел МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“

Сомнителни, незаконски и астрономски скапи набавки правел МНР за време на Бујар Османи, велат од „Вреди“. „Документите до кои дојдовме...

Свет2 часа

Последните зборови на Чарли Кирк пред атентатот: Куршум го погоди соработникот на Трамп додека зборуваше за насилство

Се’ уште е во бегство сомничениот за атентатот на Чарли Кирк, младиот конзервативен активист кој беше застрелан во вратот додека...

Македонија3 часа

Дождот не помогна многу – чадот од „Дрисла“ и утрово не стивнува, затрупувањето продолжува

Дождот засега не помогна многу во гаснењето на пожарот на депонијата „Дрисла“, чиј чад што се чувствува во воздухот во...

Македонија4 часа

Шабан Салиу објави кандидатура за градоначалник на Шуто Оризари

Претседателот на Демократските сили на Ромите (ДСР),  Шабан Салиу, синоќа ја промовира својата кандидатура за градоначалник на општина Шуто Оризари....

Свет5 часа

Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници...

Македонија5 часа

Локални избори: на полноќ завршува јавниот увид во Избирачкиот список

На полноќ завршува увидот во Избирачкиот список, којшто граѓаните од 23 август можат да го проверат и да поднесат барања...

Свет6 часа

(Видео) Расправија за време на минутата молк за Кирк во Претставничкиот дом

За време на минутата молк за Чарли Кирк во американскиот Претставнички дом избувна жестока расправија. „Ве молам, станете за момент...

Свет7 часа

Сојузникот на Трамп убиен во атентат, ФБИ приведе осомничен, па го пушти

Чaрли Кирк (31), влијателен десничарски активист, близок до американскиот претседател Доналд Трамп и извршен директор на организацијата Turning Point USA...

Македонија8 часа

Променливо облачно време, попладне со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за изолирана...

Македонија16 часа

Ветрот го сменил правецот од Дрисла, Скопје вечерва мириса на изгорено

Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од главниот...

Македонија19 часа

Фетаи ќе раководи и со новоформираниот совет за конфискација на имот

Владата вчера ја усвои Одлуката за формирање на Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што се...

Македонија21 час

Мицкоски: Време е да се стави крај на злоупотребите на безбедносно-разузнавачките служби

Во интервју за Дојче Веле, премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во однос со скандалот со прислушкувањето од страна...

Македонија24 часа

(Видео) Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ: Петровска побара декласификација од АНБ

Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух да изврши декласификација или делумна декласификација сѐ во интерес да можеме...

Македонија1 ден

Со 2,5 милиона денари интервентно ќе се заштитува „Македониумот“, а странски експерти ќе работат на трајна заштита

Споменикот „Македониум“ над Крушево до крајот на оваа година ќе биде итно заштитен од пропаѓање, а за в година Владата...

Македонија1 ден

Али и Мали, Мицкоски подолг период го моли „превоспитаниот” Ахмети да влезе во Владата, вели Жерновски

ВМРО- ДПМНЕ дојде на власт врз основа на две ветувања. Прво, дека ќе го поништи “штетниот” Преспански договор, со што...

Свет1 ден

Фон дер Лајен: Европа ќе го брани секој квадратен сантиметар од својата територија

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, го одржа своето традиционално обраќање за состојбата на Европската Унија пред...

Македонија1 ден

ЛДП: Новите регистарски таблички за службените возила ќе значат крај на злоупотребите

По иницијативата за намалување на банкарските трошоци, уште еден предлог на Либерално-демократската партија (ЛДП) добива реализација, службените возила добиваат посебни...