Спорт
Отфрлено обвинението за лажно сведочење на Лука Модриќ
Обвинението за хрватската фудбалска ѕвезда Лука Модриќ за лажно сведочење во случајот против поранешниот прв човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ е отфрлено, јавува хрватскиот весник „Вечерњи лист“.
Обвинението е повлечено бидејќи е означено како „пре…


Обвинението за хрватската фудбалска ѕвезда Лука Модриќ за лажно сведочење во случајот против поранешниот прв човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, е отфрлено, јавува хрватскиот весник „Вечерњи лист“.
Обвинението е повлечено бидејќи е означено како предвремено, нешто што беше главен аргумент на одбраната на Модриќ – не може да има судски процес против хрватскиот капитен пред пресудата за Мамиќ да биде правосилна. Мамиќ во јуни доби првостепена пресуда на 6 и пол години затвор поради нелегално извлекување пари од Динамо Загреб. Тој има право на жалба, така што одлуката не е правосилна.
Модриќ беше обвинет дека во мај 2017 година на судот во Осијек лажно сведочел дека анексите во неговите договори, со кои се уредувала 50:50 поделба на секој трансфер со Мамиќ, тој ги продолжувал при секој нов договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Како правилно се изговараат презимињата на фудбалерите на Манчестер јунајтед

Правилното изговарање на имињата на фудбалерите често е проблем за коментаторите на натпреварите, но и за сите фанови на оваа игра.
Со оглед на тоа дека во секој јазик постојат правила, но и исклучоци при изговарање на букви, слогови и зборови, најточниот изговор на имињата можат да го дадат самите фудбалери.
Полека станува пракса клубовите да поставуваат видеа во кои самите играчи ги изговараат своите имиња за пошироката јавност да знае како да ги изговара.
Еден од клубовите што одлучи да го направи тој потег е Манчестер јунајтед. Интересно е да се слушне како се изговараат поединечните имиња и презимиња на фудбалерите на „црвените ѓаволи“.
Така во краткото видео, може да се слушне дека презимето на новото засилување од Брентфорд не се изговара „Ембумо“, туку „Мбумо“.
Во приложеното видео, можете да слушнете и дека Матијс де Лихт се изговара „Матхајс де Лихт“.
Спорт
Ветеранот Матиќ го засили Сасуоло

Поранешниот српски репрезентативец, Немања Матиќ кариерата ќе ја продолжи во редовите на Сасуоло.
Според добро информираниот инсајдер, новинарот Фабрицио Романо, српскиот играч за врска потпишал едногодишен договор со Сасуоло, со опција за продолжување на соработката до јуни 2027 година.
Матиќ има 37 години, а во текот на кариерата играл за Колубара, Кошице, Челзи, Витезе, Бенфика, Манчестер Јунајтед, Рома, Рен и Олимпик Лион.
Неодамна, спогодбено се раздели со Олимпик Лион и како слободен играч се пресели во Сасуоло.
Спорт
Мексиканката Оваље најскапа фудбалерка во историјата

Мексиканската фудбалерка Лизбет Оваље се пресели од Тигрес УАНЛ во американскиот Орландо Прајд за еден и пол милион американски долари, што е нов светски рекорд во женскиот фудбал.
Лизбет Оваље го сруши претходниот рекорд, поставен од 20-годишната Канаѓанка Оливија Смит кога се пресели од Ливерпул во Арсенал во јули за точно еден милион фунти, што е 1,3 милиони долари, пишува „Би-би-си“. Оваље потпиша двегодишен договор со Орландо Прајд.
Мексиканката има 25 години, го носеше дресот на Тигрес осум сезони и освои пет титули во мексиканскиот шампионат.
Таа е позната и по прекарот „Ла Мага“ (Магионичарка).
Игра како лево крило и го напушта Монтереј како најдобар стрелец на Тигрес со 136 гола и 103 асистенции во 294 натпревари.
Оваљњ има одиграно 64 натпревари за мексиканската репрезентација на кои постигнала 22 гола.
Фото/ Принтскрин