Спорт
Очаен старт на второто полувреме го чини Вардар убедлив пораз во Барселона 34:26
Барселона во првите десет минути од второто полувреме го уништи скопски Вардар, нивниот голман Кевин Мелер брилјираше во тој период, па конечниот резултат 34:26 за Барселона против Вардар во осмото коло од групата А во Лигата на шапионите се чини дека …


Барселона во првите десет минути од второто полувреме го уништи скопски Вардар, нивниот голман Кевин Мелер брилјираше во тој период, па конечниот резултат 34:26 за Барселона против Вардар во осмото коло од групата А во Лигата на шапионите се чини дека на крајот е реален епилог на настаните.
Првото полувреме на мечот кое заврши со 16:15 за домаќините не наговестуваше ваков епилог на настаните. Вардар беше во најмала рака рамноправен противник во овој дел од мечот, на моменти и подобар.
Проблемите настанаа на почетокот на вториот дел кога Вардар грешеше, голманот на домаќините се разбрани, па по серијата од 5:1, Барса имаше водство од 21-16 по 6 минути игра во вториот дел. Не функционираше нападот на вардарци, а Барселона со погодок ги казнуваше грешките.
За 10 минути во вториот дел при резултат 24-16 мечот практично беше решен.
Голманот Милосављев беше на висината на задачата со 15 одбрани, Иван Чупиќ постигна 5 гола, Дисингер и Кисељев по 4 гола.
Најефикасен во победничкиот тим беше Каспер Мортенсен со 9 гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Папапетру ја заврши кариерата

Кошаркарот на Панатинаикос, Јоанис Папапетру, ги изненади навивачите и кошаркарската јавност со одлуката да се пензионира.
Причината за оваа одлука се повредите, поточно колената, кои сега станаа чест придружник во кариерата на 31-годишниот грчки кошаркар, член на Панатинаикос во последните две сезони.
Во претходната натпреварувачка година во Евролигата, тој имаше само епизодна улога во тимот на Ергин Атаман, дури и помала отколку во претходната.
Тој имаше просек од 2,8 поени, еден скок, 0,4 асистенции, 0,4 украдени топки, за 10,34 одиграни минути по натпревар.
Во својата кариера, покрај Панатинаикос во два наврати, Папапетру играше и за Олимпијакос пет години и Партизан.
На социјалните мрежи тој објави порака во која ја објави „најтешката одлука во неговата кариера“.
Спорт
Челзи и Манчестер јунајтед го следат Коло Муани

Челзи и Манчестер јунајтед се приклучија во трката за Рендал Коло Муани. Француските медиуми тврдат дека двата клуба од Премиер лигата бараат напаѓач. Францускиот напаѓач ја помина втората половина од минатата сезона на позајмица во Јувентус откако не се снајде во Пари Сен Жермен.
Тој постигна осум гола во Серија А, а моментално игра со Јувентус на Светското клупско првенство на ФИФА. Во првиот натпревар од турнирот, тој постигна два гола против Ал-Аин.
Јувентус сака да ја продолжи неговата позајмица, но според „Лекип“, тој би можел да се соочи со конкуренција од Англија бидејќи Челзи и Манчестер јунајтед внимателно ја следат ситуацијата.
Челзи го следи Коло Муани веќе долго време, додека неговите физички карактеристики се она што Јунајтед во моментов го бара. ПСЖ би претпочитал да реализира траен трансфер, иако би претрпел значителна финансиска загуба.
Коло Муани пристигна во ПСЖ од Ајнтрахт во 2023 година за околу 90 милиони евра, но 26-годишникот не ги оправда очекувањата. Неговата моментална цена наводно е околу 59 милиони евра.
Спорт
Милан ја одреди цената за Мората

Фудбалскиот клуб Милан одреди цена за Алваро Мората. Заинтересираните клубови ќе мора да платат од 15 до 18 милиони евра за него, објавија италијанските медиуми.
Милан ја одреди цената по шпекулациите дека Комо е заинтересиран за Мората, кој сака да го засили тимот за следната сезона.
Мората е на позајмица во Галатасарај до јануари 2026 година.
„SportMediaset“, објави дека Милан бара најмалку 15 милиони евра за Мората, но дека прво ќе мора да се договори со Галатасарај за прекин на позајмицата.
Медиумите објавија дека Милан е заинтересиран за Мојсе Кен од Фиорентина. Фудбалерот има клаузула за откуп во износ од 52 милиони евра, која ќе биде активирана на 1 јули.
Манчестер јунајтед е исто така заинтересиран за тој италијански напаѓач.
Кен сезоната ја заврши во Фиорентина, постигна 19 голови и беше втор стрелец во Серија А.