Спорт
Пабло Ласо ја доби наградата „Александар Гомељски“
Тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо, ја доби наградата „Александар Гомељски“, која е наменета за најдобриот тренер во Евролигата, за изминатата сезона. Ласо втор пат во кариерата ја доби оваа престижна награда.
Ласо, прв пат наградата „Александар Гомељ…
Тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо, ја доби наградата „Александар Гомељски“, која е наменета за најдобриот тренер во Евролигата, за изминатата сезона. Ласо вторпат во кариерата ја доби оваа престижна награда.
Ласо првпат наградата „Александар Гомељски“ ја доби во 2015 година, кога го предводеше Реал до титулата во Евролигата, а исто се случи и оваа сезона. Реал ја освои Евролигата со победата над Фенербахче, во финалето на завршниот турнир во Белград.
Покрај Ласо, две вакви награди има Еторе Месина, додека прв на листата, со три признија за тренер на сезоната е Жељко Обрадовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Евролига: Прочида најдобар млад играч
Кошаркарот на Алба од Берлин, Габриеле Процида е прогласен за најдобар млад играч на Евролигата, објавено е на веб-страницата на елитното натпреварување.
Прочида е третиот Италијанец кој ја освоил престижната награда, по Андреа Барњани (2005/06) и Данило Галинари (2007/08).
Талентираниот кошаркар имаше голема конкуренција за наградата, особено од неговиот соиграч од Алба и сонародник Матео Спањоло.
Сепак, тој имаше поголема улога во тимот, поради што и го доби признанието кое го изгласаа тренерите на екипи во Евролигата.
Оваа сезона имаше просек од 8,3 поени, 1,6 скока и 1,4 украдени топки.
Сезонава 10 пати имаше двоцифрен учинок, а најдобра партија ја имаше против Макаби, кога мечот го заврши со 22 поени и три украдени топки.
Спорт
Дест се враќа во Барселона – ПСВ нема да го откупи неговиот договор
Сержињо Десет како позајмен од Барселона во ПСВ ја освои титулата во Холандија со клубот од Ајндховен. Сепак ПСВ нема да го откупи неговиот договор и покрај тоа што во клубот биле задоволни од неговите изданија. Причината е повредата на коленото од која репрезентативецот на САД се уште не се рехабилитирал.
Дест во јуни ќе се врати во Барселона каде ќе ја продолжи со рехабилитацијата по операцијата на коленото во Холандија.
Дест се пресели од Ајакс во Барселона во 2020 година, вкупно за Барселона одигра 72 натпревари и постигна три гола.
Тој минатата сезона замина на позајмица во Милан, незадоволен од својата минутажа во Барселона, а оваа сезона ја мина на позајмица во ПСВ.
Се очекува тој да се врати на терените на почетокот на 2025 година.
Спорт
Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А
Фудбалерот на Интер, Николо Барела наскоро ќе потпише нов договор и ќе стане најплатениот италијански играч во Серија А, објавија италијанските медиуми.
Како што пренесува „Газета дело спорт“, Барела ќе има годишна плата од седум милиони евра со одередни бонуси.
Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2026 година, а директорот Пјеро Аусилио пред неколку дена изјави дека 27-годишниот играч од средниот ред најверојатно ќе потпише нов договор пред неговиот тимски колега Лаутаро Мартинез.
„Газета дело спорт“, наведе дека Барела ќе го потпише договор до јуни 2029 година.
Моментално има плата од пет милиони евра годишно, според новиот договор ќе добива 6,5 милиони, но лесно ќе ги исполни бонусите и ќе достигне сумата од седум милиони евра годишно.
Според информациите, најплатен италијански фудбалер во Серија А е Алесандро Бастони од Интер, кој моментално има 5,5 милиони евра по сезона, додека фудбалерот на Јувентус, Федерико Киеза има годишна плата од пет милиони евра.