Спорт
Паника во ПСЖ поради интересот на Реал за Нејмар и Мбапе
Во ПСЖ не се рамнодушни на медиумските шпекулации кои редовно ги поврзуваат најголемите ѕвзеди на клубот, Нејмар и Килијан Мбапе, со Реал Мадрид.
Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Калифи,признал дека стравува од потенцијалните трансфери, истакнувајќи дека …

Во ПСЖ не се рамнодушни на медиумските шпекулации кои редовно ги поврзуваат најголемите ѕвзеди на клубот, Нејмар и Килијан Мбапе, со Реал Мадрид.
Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал-Калифи,признал дека стравува од потенцијалните трансфери, истакнувајќи дека нема да ги толерира можните преговори „под маса“, на Реал со двајцата најдобри во ПСЖ.
„Ситуацијата не е поволна и на таа тема разговаравме со Реал. Ниту еден тим не треба да разговара со нашите играчи, тоа создава слика дека работата се завршува зад кулисите и не вознемирува“, рекол Ал-Калифи за шпанскиот весник „Марка“.
Катарскиот бизнисмен истакнал дека имал голема почит кон Реал и неговиот претседател Флорентино Перез и верува дека почитта е взаемна.
„Такво разбирање сакаме од сите клубови, не само од реал. важно е да постои дијалог и да не се користи некои други методи“.
Според шпанските медиуми Реал за јануарскиот преоден рок бил подготвен за трансфери да потроши 370 милиони евра. На врвот на листата на желби биле Нејмар и Мбапе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
ПСЖ и Фламенго во борба за Интерконтиненталниот куп
Пари Сен Жермен и Фламенго ќе се сретнат, денес во 18:00 часот, во големото финале на Интерконтиненталниот куп во Катар, на стадионот „Ал Рајан“. Додека француските шампиони го бркаат првиот светски трофеј во историјата на клубот, бразилскиот великан има можност да се искачи на светскиот трон по втор пат по повеќе од четири децении.
Дуелот во Доха носи судир на европски и јужноамерикански фудбал, но и огромен влог за двата тима. Пари Сен Жермен игра во финалето на Интерконтиненталниот куп за прв пат, бидејќи како актуелен победник на Лигата на шампионите, избори директно место во финалето на натпреварувањето.
Тимот на Луис Енрике сака да ја круниса европската доминација и да стигне до првиот светски трофеј.
Сепак, сезоната, барем засега не оди онака како што посакуваат „Светците“. Во текот на летото, тие останаа без еден трофеј, бидејќи Челзи ги победи со 3:0 во финалето на Светското клупско првенство, додека во домашното првенство заостануваат еден бод зад Ленс по 16 одиграни кола.
Сепак, ПСЖ пристигнува во Доха во солидна форма и е непоразен во последните три натпревари во сите натпреварувања, со два натпревари без примен гол.
Интересно е што последниот пат кога играа финале во Катар, тоа беше почеток на една од најуспешните години во историјата на клубот.
Во Доха, го победија Монако (1:0) и го освоија Трофејот на шампионите, а до крајот на годината кренаа уште три пехари.
Патем, ова ќе биде втората средба на ПСЖ со бразилски клубови, првпат играа ова лето, кога беа поразени од Ботафого (0:1) во групната фаза на Светското клупско првенство.
По долга низа години, Фламенго е повторно во финалето на Интерконтиненталниот куп. Бразилскиот великан стигна до финалето со победата над Пирамидас (Египет) со 2:0.
Клубот од Рио има шанса да го освои вториот Интерконтинентален куп во историјата, прв и единствен пат кога успеаја да го сторат тоа во 1981 година, кога го декласираа Ливерпул со 3:0 во Токио.
Фламенго во среда го брка четвртиот светски трофеј и третиот оваа сезона, откако веќе ги освоија Челинџер купот и Дерби Америка. Тимот предводен од Филипе Луис има само еден натпреварувачки пораз од ноември, а во рок од само седум дена, ги освоија и Копа Либертадорес и титулата бразилски шампион.
Фламенго е непоразен на последните три гостувања, иако на три од претходните четири натпревари надвор од својот стадион, останаа без сите три бода.
Ова ќе биде нивниот прв официјален натпревар против француски клуб. На последното Светско клупско првенство, тие го победија подоцнежниот шампион Челзи (3:1), но беа елиминирани по поразот над Баерн (2:4).
ПСЖ ќе биде ослабен поради отсуството на Ашраф Хакими, кој има повреда на глуждот.
Добрата вест за Парижаните е враќањето на голманот Лукас Шевалие, додека Усман Дембеле е повторно достапен откако го пропушти првенствениот натпревар против Мец.
Фламенго веројатно ќе биде без Алан, кој се опоравува од повреда на петицата, додека настапот на Педро е под знак прашалник поради проблем со подлактицата.
Спорт
Овиедо назначи нов тренер, трет од почетокот на сезоната
Овиедо го назначи Гилермо Алмада за свој нов тренер, објави клубот на социјалните мрежи.
Алмада е третиот тренер на Овиедо од почетокот на сезоната, по Вељко Пауновиќ и Луис Карион.
Клубот се врати во Примера по 24 години, моментално е на 19-то место на табелата со само десет освоени бода. По отпуштањето на Пауновиќ, беше доведен Карион, кој не успеа да забележи ниту една победа.
Алмада до оваа недела тој го водеше Ваљадолид, а на име на надомест, неговиот поранешен тим ќе добие 400.000 евра од Овиедо.
Алмада е Уругваец, а претходно успешно работеше во Мексико каде што ги водеше Пачука и Сантос Лагуна.
Foto/ freerangestock
Спорт
(Видео) Дончиќ ги честеше соиграчите и вработените во ЛА Лејкерс
Лука Дончиќ реши да им оддаде почит на своите соиграчи и вработени во Лос Анџелес Лејкерс пред Божиќ. Словенечката мегаѕвезда купи 103 електрични велосипеди и им ги подари на луѓето во клубот, а Лејкерси објавија видео во кое можете да видите како играчите на Лејкерси реагираа на тоа.
„Тој купи подароци за сите во кошаркарските операции, мислам дека имаше вкупно 103 подароци. Многу, многу квалитетен електричен велосипед, па со нетрпение очекувам да возам до плажа. Едвај чекам. Навистина убав гест од него. Момците навистина уживаа“, рече Џеј Џеј Редик, тренер на Лејкерси.
The squad loved Luka's Christmas gift 🙌 pic.twitter.com/xJf5WiQcnc
— Los Angeles Lakers (@Lakers) December 17, 2025
Велосипедот што Дончиќ им го подари на своите соиграчи е „Pedal All-Wheel Drive S“, кој моментално се продава за 3350 долари (околу 2860 евра) по парче.
На другите вработени им подари малку поевтин „Pedal H/T“, чија цена е 2250 долари (околу 1920 евра). Според таа пресметка, се проценува дека Дончиќ потрошил вкупно околу 300 илјади долари, или околу 250 илјади евра, за велосипеди.
Ова не е прв пат Дончиќ да им подарува електрични велосипеди на соиграчите и другите вработени во клубот за Божиќ. Тој го стори истото пред две години кога сè уште беше играч на Далас Маверикс.

