Спорт
Паулињо ја напушти Барселона
Бразилскиот репрезентативец Паулињо, по една сезона во Барселона реши да се врати во Кина, во екипата на Гвангжу Евергранде.
Трансферот изнесува 50 милиони евра, што значи дека Барселона ќе заработи од неговиот трансфер, бидејќи пред една година за Бра…


Бразилскиот репрезентативец Паулињо, по една сезона во Барселона реши да се врати во Кина, во екипата на Гвангжу Евергранде.
Трансферот изнесува 50 милиони евра, што значи дека Барселона ќе заработи од неговиот трансфер, бидејќи пред една година за Бразилецот плати 40 милиони евра.
Паулињо, минатата сезона одигра 49 натпревари, во сите натпреварувања за Браселона и успеа да постигне девет гола. Со каталонскиот клуб ја освои двојната круна во Шпанија.
Беше дел од бразилската репрезентација која не успеа да го мине четврт-финалето на Светското првенство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Херкул го испрати Ал Хилал дома

Foto/ EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH
Фудбалерите на Флуминензе први изборија пласман во полуфиналето на клупскиот Мундијал во САД. Бразилскиот клуб во првото четвртфинале, на стадионот во Орландо, го победи Ал Хилал со 2:1 (1:0).
Бразилскиот клуб се пласираше во следната рунда благодарение на головите на Мартинели во 40-та минута и на Херкулес во 70-та минута, додека стрелец за Хилалбио беше Леонардо во 51-та минута од натпреварот.
70' HERCULEEEEEES! 💥
Fluminense’s hero goes for it twice, and puts Fluzão back in front! 🇭🇺🔥 pic.twitter.com/8XzEUUoszR
— DAZN Football (@DAZNFootball) July 4, 2025
Флуминензе во полуфиналето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Челзи и Палмеирас.
Спорт
Петмина побарале да го напуштат Јунајтед, клубот веќе му го одзеде број на Рашфорд

Петмина фудбалери побарале да го напуштат Манчестер јунајтед. Маркус Рашфорд, Алехандро Гарначо, Антони, Тајлер Маласија и Џејдон Санчо нема да се појавата на првиот собир во пресрет на новата сезона.
Клубот верува дека ова е најдоброто решение додека сите споменати играчи ги истражуваат опциите за трансфер ова лето.
Сепак, вратите на тренинг центарот остануваат отворени за нив – тие ќе можат да користат медицински и рехабилитациски услуги.
Во меѓувреме, потврдено е дека Рашфпрд веќе остана без „десетката“. Бројот 10 на грбот ќе го носи новото засилување, Матеус Куња, за кого беа платени околу 70 милиони евра.
Што се однесува до Гарначо, менаџерот Рубен Аморим му порача да „се моли на Бога“ да најде нов клуб ова лето, откако го налути тренерот со своето однесување во текот на финалето на Лига Европа против Тотенхем.
Наполи ја следи ситуацијата околу аргентинскиот крилен напаѓач, а Челзи и Тотенхем се заинтересирани за него, заедно со уште еден клуб од Премиер лигата.
Санчо требаше да се врати на тренинзите откако Челзи плати околу пет милиони евра за да не мора да го откупи неговиот договор, вреден околу 25 милиони евра. Јувентус е заинтересиран за позајмица, но италијанскиот клуб не може да покрие ниту половина од неговите неделни приходи од 275.000 евра.
Антони успешно ја заврши минатата сезона на позајмица во Реал Бетис, кој сака да го задржи. Но, Бетис ќе мора да преговара за нов договор со Јунајтед, според кој бразилскиот крилен напаѓач би можел повторно да оди на позајмица со обврска да го откупи договорот за околу 35 милиони евра.
Тајлер Маласија исто така требаше да се врати во Манчестер откако ПСВ одлучи да не го откупи неговиот договор за осум милиони евра. Холанѓанецот е свесен дека не е во плановите на менаџерот Аморим.
Foto/ EPA-EFE/DAVID CLIFF
Спорт
УЕФА дели казни, од Сплит до Барселона

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) казни неколку клубови поради непочитување на прописите поврзани со финансискиот фер-плеј.
Барселона, Челзи, Астон Вила, Рома, Лион и Хајдук Сплит не ја избегнаа казната од УЕФА за нерегуларности во работењето.
На хартија, најлошо мина Челзи, кој ќе мора да плати 20 или 31 милион (во овој момент не е познато која од тие две суми), како и уште 60 милиони условно.
Нивниот ривал од Премиер лигата, Астон Вила, како и „сините“, ја избегна казната од домашното првенство, но не и УЕФА, која им наложи да платат 11 милиони евра како казна, а 15 милиони се условни.
Финансиските проблеми на Барселона исто така продолжуваат. Каталонците ќе мора да платат 15 милиони евра.
Нема крај на проблемите за Лион, кој беше казнет со 12,5 милиони поради извесното исклучување од Лига 1.
Рома беше казнета со 3 милиони, а Хајдук Сплит со 1,2 и тригодишна условна казна.