Спорт
Пенал рулетот го смести Есперанс на 5. место на клупското СП во ОАЕ (видео)
Шампионот на Африка, тимот на Есперанс од Тунис по изведување пенали се избори за 5. место на ФИФА – Светското првенство во ОАЕ откако предмалку го елиминира тимот на Гвадалахара од Мексико, шампион на Северна и Средна Америка.
Во еден од најгруб…


Шампионот на Африка, тимот на Есперанс од Тунис по изведување пенали се избори за 5. место на ФИФА – Светското првенство во ОАЕ откако предмалку го елиминира тимот на Гвадалахара од Мексико, шампион на Северна и Средна Америка.
Во еден од најгрубите мечеви досега видени на ова натпреварување љубителите на фудбалот беа сведоци на 27 прекршоци, 6 жолти картони и 2 црвени, а двајца играчи заработија повреди.
Резултатот во основните 90 минути беше 1:1, а двата гола беа постигнати од пенал. Сандовал во 5 минута погоди за водство на Гвадалахара, а Белаили во 38 минута погоди од белата точка за 1:1.
Пенал рулетот понуди голема неизвесност, а победникот беше решен во осмата серија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Милевски: Освоивме голем бод против Белгија, но веднаш се фокусираме на Казахстан

Македонската фудбалска репрезентација приреди пријатно изненадување во Гент, извлекувајќи голем бод против силната Белгија (0:0) и задржувајќи се на врвот на групата пред последните два квалификациски меча за Светското првенство 2026.
Селекторот Благоја Милевски беше задоволен од резултатот, особено од играта во одбрана, но предупреди дека има простор за подобрување во организацијата на играта во средниот ред.
„Мораме да бидеме реални – задоволен сум од дефанзивата, но не и од начинот на кој ја организиравме играта. Извлековме максимум од натпреварот, иако знам дека можеме многу повеќе. Секако, противникот имаше големо влијание со својот квалитет, имавме и т.н. ‘фактор икс’. Сега целосно се фокусираме на следниот меч со Казахстан. Се надевам дека повредата на Висар Муслиу не е сериозна – ќе имаме појасна слика по скенирањето во наредните 24 часа“, изјави Милевски на прес – конференцијата.
Македонија ќе го пречека Казахстан во понеделник, со цел да го задржи лидерското место и да го продолжи сонот за пласман на Светското првенство во 2026 година.
Спорт
Светската шампионка објави дека ја менува дисциплината

Холандската атлетичарка Фемке Бол, двократна светска шампионка во трките на 400 метри со пречки, објави дека во иднина ќе се натпреварува во дисциплината 800 метри.
Бол (25) ја опиша одлуката како „ново поглавје во нејзината кариера“, нагласувајќи дека преминот кон подолга дисциплина е „голема промена полна со неизвесност и вистински предизвик“.
Фемке Бол го освои своето второ светско злато во трките на 400 метри со пречки оваа година, со најдобар резултат во сезоната во таа дисциплина, на Светското првенство во Токио во септември.
Покрај тоа, таа освои сребро во микс штафетата 4×400 метри и бронза во женската штафета 4×400 метри.
Спорт
Белгија удри во македонскиот ѕид – Фудбалерите освоија бод во Гент

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови во Гент, против Белгија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Македонските фудбалери ја исполнија целта, останаа непоразени против фаворизираната Белгија и ја задржаа лидерската позиција во Ј групата. Македонија ја продолжи успешната серија, во официјалните натпревари нема пораз на последните 13 натпревари.
Избраниците на Благоја Милевски излегоа со јасна цел да избегнат пораз и тоа им успеа и покрај тоа што противникот имаше 78 отсто од поседот на топката, но во првиот дел немаше сериозна шанса за гол. Сите напади на Белгија се одбија од македонскиот ѕд пред голот на Столе Димитиревски.
Во вториот дел кога белгија уште повеќе го засили ритамот, на сцена стапи Димитиревски, кој имаше неколку изворедни интервенции. Особено се истакна во периодот од 60-та до 65-та минута кога ги одбрани ударите на Доку и Опенда.
Македонија за три дена ќе игра на домашен терен против Казахстан.
Табела, Група Ј:
EPA/OLIVIER HOSLET