Спорт
Пенезиќ и Хмирова од наредната сезона во Шиофок
Ракометарките на Вардар Андреа Пенезиќ и Татјана Хмирова по завршувањето на кариерата ќе ја продолжат во Унгарија, во екипата на Шиофок.
Двете ракометарки со Шоифок потпишале едногодишни договори, објави клубот на својата интернет страница.
Пенезиќ и Х…


Ракометарките на Вардар Андреа Пенезиќ и Татјана Хмирова по завршувањето на кариерата ќе ја продолжат во Унгарија, во екипата на Шиофок.
Двете ракометарки со Шоифок потпишале едногодишни договори, објави клубот на својата интернет страница.
Пенезиќ и Хмирова само го продолжија егзодусот што се случува во ЖРК Вардар, откако раководството објави дека од наредната сезона буџетот ќе биде значително намален и дека шанса ќе добијат млади македонски ракометарки.
Покрај Пенезиќ и Хмирова нови клубови за наредната сезона веќе си најдоа Александра Лакрабер (Флери), Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ, Јованка Радичевиќ (ЧСМ Букурешт), Амадин Лејно (Ѓер), Сара Ристовска (Крим), а Барбара Лазовиќ доправ ќе одлучи дали ќе се врати во татковината, во Крим или ќе с епресели во Мец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хорхе Мартин се врати на патеката

Актуелниот шампион во кралската класа, Хорхе Мартин, се врати на патеката по 81-дневна пауза. Шпанецот тестираше на патеката „Каталуња“ на супербајк мотоцикл.
Возачот на Априлија возеше само на една трка оваа сезона во Катар, каде што се здоби со фрактура на 11 ребра, што доведе до пневмоторакс, а претходно пропушти три трки поради фрактури на двете раце и едната нога.
Тестирањето во Монтмел е само првиот чекор за Мартин кон вистинско враќање на патеката, бидејќи неговите повреди сè уште не се целосно заздравени.
Медицинските прегледи дефинитивно ја исклучија можноста да вози следната недела на Големата награда на Германија, додека трката во Брно една недела подоцна во моментов е опција.
Следните прегледи што ќе ги има бранителот на титулата се закажани за следната недела.
Шампионатот во Мото ГП продолжува со Големата награда на Германија, на „Заксенринг“, од 11 до 13 јули.
Foto/ EPA-EFE/FAZRY ISMAIL
Спорт
Валанчунас ја прифати понудата од Панатинаикос

Литванскиот центар Јонас Валанчунас (33) во текот на денот ќе пристигне во Атина за да го финализира својот трансфер во Панатинаикос.
Кошаркарската јавност е во шок по одлуката на Валанчунас предвреме да ја напушти НБА лигата и да потпише договор со „зелените“ од Атина.
Како што објави „Баскетњуз“, Валанчунас доаѓа во Атина за да ги заврши лекарските прегледи и да финализира сè што е поврзано со неговиот трансфер во ПАО.
Тој се договори со Димитрис Јанакопулос да игра за Панатинаикос во следните три сезони и во тој период да инкасира 12 милиони евра.
Валанчунас е под договор со Денвер кој е „тежок“ 10,4 милиони долари и според сè, тие ќе го раскинат на нивна штета. Сепак со овој потег Денвер ќе отвори простор во „селери капот“.
Како и да е, ова е најголемата „бомба“ во Евролигата во летниот преоден рок во 2025 година.
Foto/ EPA-EFE/FRANCIS R. MALASIG
Спорт
Потпишан договорот за реконструкција на стадионот во Чаир

Општина Чаир потпиша договор со компанијата „Флуид Проект“ за реализација на проектот за реконструкција на стадионот во Чаир.
Проектот предвидува поставување на вештачка трева од најнова генерација, сертифицирана според меѓународни стандарди, како и унапредување на придружната инфраструктура, вклучително и системот за осветлување, дренажа и дополнителни елементи за безбедност и функционалност наменети за спортистите и публиката.
Градежните активности се очекува да траат од 45 до 60 дена, со цел стадионот да биде подготвен за претстојната спортска сезона и да обезбеди современи и безбедни услови за младите и спортските клубови што делуваат на територија на Општина Чаир.