Спорт
Перез побарал Реал да игра во НБА лигата
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал од комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, кошаркарите на „кралскиот клуб“ да се приклучат на најсилната лига во светот.
Перез разговарал со Силвер, кој рекол дека НБА е подготвена за формирање на е…


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, побарал од комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, кошаркарите на „кралскиот клуб“ да се приклучат на најсилната лига во светот.
Перез разговарал со Силвер, кој рекол дека НБА е подготвена за формирање на европска дивизија, но дека подготвеност за настап во НБА покажал само Реал.
Поради тоа претседателот на Реал, Перез, побарал клубот да и се приклучи на лигата.
„НБА лигата сака да формира европска дивизија, но само Реал е покажа желба да игра во НБА.
Поради тоа го замолив комесарот Адам Силвер да не вклучи во Источната конференција. Сакаме да играме во најсилната лига во светот, но тој кажа дека сами не можеме да влеземе туку дека ќе мора да го почекаме остатокот од Европа“, рекол Перез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Првите зборови на Јаник Синер по освојувањето на Вимблдон

Јаник Синер, тенисер број еден во светот, ги сподели своите впечатоци по финалето на Вимблдон во кое беше подобар од Карлос Алкараз (4:6, 6:4, 6:4, 6:4).
Синер ја освои својата прва титула на Вимблдон победувајќи го Алкараз во финалето.
„Сакам да му се заблагодарам на Карлос, одигра уште еден неверојатен турнир. Ти благодарам што си таков играч, толку е тешко да се игра против тебе. Имаме прекрасно добар однос и надвор од теренот, се обидуваме да го градиме и врз него. Ова не би било можно без најдобрите тимови на теренот, знам дека го држеше овој трофеј неколку пати, веќе имаш два… Да, да, ова е толку посебно. Ги гледам моите родители тука, мојот брат, целиот мој тим. Посебна благодарност до мојот брат, тој имаше слободен викенд, затоа е тука“, рече Синер.
Пред еден месец во Париз, тој загуби во финалето на Ролан Гарос од Алкараз, иако водеше со 2-0 во сетови.
„Пред сè, емотивно, имав многу тежок натпревар во Париз. Но, денес не беше толку важно дали ќе победам или изгубам, ова е толку важен турнир, останува да видиш што си направил и да продолжиш да работиш, затоа стојам тука со трофејот. Благодарен сум за сè, што сум здрав, што можам да играм, сето тоа ми значи многу.“
Спорт
Синер, шампион на Вимблдон за прв пат, го победи Алкараз во спектакуларно финале

Јаник Синер, тенисер број еден во светот, го победи Карлос Алкараз со 4:6, 6:4, 6:4, 6:4 во финалето на Вимблдон и за прв пат стана шампион на лондонскиот Грен Слем.
Италијанецот ја прекина серијата од 24 победи на Шпанецот на АТП турнејата, а натпреварот траеше три часа и три минути.
Првиот брејк во натпреварот се случи во петтиот гем, кога Синер го скрши сервисот на противникот. Италијанецот брзо поведе со 4-2, но Алкараз играше подобро во финалето на првиот сет, пресвртувајќи го натпреварот со четири последователни гемови.
Ова не го спречи Синер да направи брејк во првиот гем од вториот сет. Овој пат, светскиот број еден ја задржа таа предност до крајот и израмни во сетови.
Jannik Sinner is a Wimbledon champion 🇮🇹
The world No.1 defeats Carlos Alcaraz 4-6, 6-4, 6-4, 6-4 to win the 2025 Gentlemen's Singles Trophy 🏆#Wimbledon pic.twitter.com/UMnwV4Fw78
— Wimbledon (@Wimbledon) July 13, 2025
Италијанецот имаше две брејк топки на почетокот од третиот сет, но Алкарас успеа да ги спаси.
Синер стигна до клучното водство во третиот сет во деветтиот гем, а потоа ја искористи првата сет-топка за да поведе со 2:1.
Италијанскиот тенисер добро го започна четвртиот сет и направи брејк во третиот гем. Во осмиот гем, Алкараз имаше две брејк топки на сервис на противникот, но не ги искористи.
Синер продолжи да ја одржува својата предност без поголеми проблеми и славеше на Централниот терен на Вимблдон.
Ова е четвртиот гренд слем трофеј на Синер во неговата кариера, втор оваа година и прв на Вимблдон, а тој стана и првиот Италијанец што ја освои титулата во поединечна конкуренција на единствениот гренд слем на трева.
S1NNER 🏆
World No.1 Jannik Sinner defeats Carlos Alcaraz to claim his first Wimbledon title 🇮🇹 pic.twitter.com/s9wjDI1gZS
— Wimbledon (@Wimbledon) July 13, 2025
Алкараз го претрпе својот прв пораз во финале на гренд слем и останува на пет големи титули. Исто така, заврши серијата од две последователни победи на Вимблдон.
Двајцата ги делеа последните седум титули на Гренд слем турнирите, серија што започна на минатогодишниот Отворен турнир на Австралија.
Како нов шампион на Вимблдон, Синер заработи награден фонд од три милиони фунти, додека Алкараз заработи 1.520.000 фунти.
Италијанецот ќе ја зголеми разликата на ранг-листата на АТП во однос на Алкараз, која од денеска ќе изнесува 3.430 поени.
Спорт
(Видео) Солзи, емоции, тага, болка: Првиот натпревар на Ливерпул по трагичната смрт на Диого Жота

Фудбалерите на Ливерпул попладнево одиграа пријателски натпревар против Престон во предсезоната, но прв во Англија по трагичната смрт на Диого Жота.
Затоа, целиот стадион му оддаде почит на португалскиот напаѓач, како и на неговиот брат Андре Силва.
Клаудија Роуз Магваер, сопругата на поранешниот играч на Престон и голем навивач на Ливерпул, Шон Магваер, ја отпеа песната „Can’t Help Falling In Love“.
Momento arrepiante no Deepdale 🥺
Todo o estádio em uníssono canta o You’ll Never Walk Alone em homenagem a Diogo Jota e André Silva ❤️#sporttvportugal #FUTEBOLnaSPORTTV #Preston #Liverpool pic.twitter.com/QOpTesXRXo
— sport tv (@sporttvportugal) July 13, 2025
Потоа, беше пуштена химната на Ливерпул „You’ll Never Walk Alone“, која целиот стадион ја отпеа и ја посвети на Жота.
Во тоа време, капитенот на Престон, Бен Вајтман, положи венец пред делот од трибината каде што се наоѓаат навивачите на Ливерпул.
Diogo Jota and Andre Silva were commemorated by Championship side Preston North End with a rendition of ‘You’ll Never Walk Alone.’
The club also laid a wreath in front of the away supporters. ❤️#Liverpool#Diogolivesforever pic.twitter.com/LbAqIzS2No
— Just Football (@JustFootball_20) July 13, 2025
На сите билборди околу стадионот беа поставени фотографии од Диого Жота и Андре Силва, а играчите од двата тима носеа црни ленти на дресовите.