Спорт
Пистонс и Драмонд немоќни против Ембид (Видео)
Кошаркарите на Филалдефија славеа во дуелот со Детроит Пистонс 109:99 и ја забележаа четвртата победа во последните пет натпревари. Блеска на овој меч центарот на Филделфија центарот Џоел Ембид и крилниот играч на Пистонс, Блејк Грифин.
Ембид целосно д…


Кошаркарите на Филалдефија славеа во дуелот со Детроит Пистонс 109:99 и ја забележаа четвртата победа во последните пет натпревари. Блеска на овој меч центарот на Филделфија центарот Џоел Ембид и крилниот играч на Пистонс, Блејк Грифин.
Ембид целосно доминираше против еден од подобрите центри во лигата Андре Драмонд. Натпреварот го заврши со 39 поени и 17 скока, а на соперникот Драмонд му дозволи само осум поени и девет скока.
Ембид доби поддршка од играчите кои влегуваа од клупата за резерви: Џеј Џеј редик (16 поени) и Мајк Мускала (14 поени).
На спротивната страна играчите на Филалделфија не успеаја да го скротат во нападот Грифин кој мечот го заврши со 38 поени, 13 скока, шест асистенции и два украдени топки.
За разлика од Грифин лош натпревар одиграа Реџи Џексон и Стенли Џонсон кои заедно погодија само три од 18.обиди од поле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нејмар повторно е повреден

Нејмар повторно ќе мора да паузира. Искусниот и прославен бразилски напаѓач на претходниот меч не беше во составот на Сантос, поради нова повреда. Нејмар не се чувствувал подготвен и не се најде ниту на клупата за резерви.
Бразилецот се пожали на болки кои ги чувствува веќе неколку недели, но овојпат тоа го спречи претходната вечер да настапи за Сантос.
„За жал, чувствував болка во последните неколку недели… Навистина сакав да му помогнам на тимот, направивме тестови ова утро, но повторно почувствував болка“, рече Нејмар.
Нејмар беше во подем и во добра форма. Тој дури повторно беше повикан во репрезентацијата на Бразил, но сето тоа сега е под знак прашалник бидејќи не се знае колку време ќе отсуствува од терените.
Спорт
Тајсон се плашел само од еден боксер

Мајк Тајсон беше познат во текот на неговата кариера по својата бестрашност и бескомпромисна борба. Но, тој имаше и боксер од кој се плашеше и со кој не сакаше да влезе во рингот.
Тајсон се плашел од Џорџ Форман. Нивните менаџери преговарале за борба во 1990 година, но не успеале да се договорат. После тоа, Тајсон беше осуден за силување и мораше да оди во затвор, додека Форман го осови светскиот шампионски појас во 1994 година.
Боби Гудман, асистентот на најпознатиот боксерски менаџер Дон Кинг во тоа време, ги раскажа настаните околу потенцијалниот меч Тајсон-Формен во интервју за Boxing Scene.
„Дон и јас се обидовме да ја договориме борбата. Тој го убеди Тајсон дека Форман е стар и бавен и дека ќе заработи многу пари борејќи се со него. Тајсон стана и почна да вика: “Нема да се борам со тоа е..но животното. Ако сакаш влези ти и бори се”.
Од друга страна, ниту Форман не инсистирал премногу на борбата со многу помладиот и поексплозивен Тајсон.
„Тој беше кошмар во рингот. Не сакав да имам ништо со него. Тој беше чудовиште. Ако не те удри со лева или десна рака, ќе те гризеше. Не сакав да се борам со него“, изјави Форман за ESPN.
Спорт
(Видео) Аталанта среде Торино му одржа час по фудбал на Јувентус

Фудбалерите на Аталанта на Јувентус му одржаа фудбалска лекција во Торино, кој изгледаше како тим кој се бори за опстанок, а не како да се наоѓа на четвртото место на табелата. Конечниот резултат беше 4:0 за Ла Деа.
По 28. рунди во Серија, Аталанта е трета на табелата со два бода помалку од Наполи и три од лидерот Интер. Многу работи ќе бидат појасни во борбата за титулата веќе во следното коло кога Аталанта ќе го пречека Интер.
По првиот дел Јуве губеше само со 0:1. Ретеги погоди од пенал и го постигна 22. гол сезонава.
Дебаклот на Јувентус дојде во вториот дел. По само 40 секунди игра Де Рон ја зголеми предноста, а потоа погодија и Запакоста во 66. и Лукман во 77.минута.