Спорт
Победа останува прволигаш
Фудбалерите на Победа го сочуваа прволигашкиот статус, откако во баражот за опстанок, го победија второлигашот Борец од Велес со 2-1.
Победа натпреварот што се одигра во Струмица го реши во првите 30 минути. Ивановиќ го отвори резултатот во осмата мину…


Фудбалерите на Победа го сочуваа прволигашкиот статус, откако во баражот за опстанок, го победија второлигашот Борец од Велес со 2-1.
Победа натпреварот што се одигра во Струмица го реши во првите 30 минути. Ивановиќ го отвори резултатот во осмата минута, а предноста ја зголеми Велкоски во 29.минута.
Борец успеа да намали во 56.минута преку Кудијан, но велешани немаа сили за израмнување и целосен пресврт.
Во финишот на натпреварот, поради влогот, се зголемија тензиите на теренот, поради што двете екипи завршија со фудбалер помалку.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Дуплантис најдобар спортист во светот

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис е прогласен за најдобар спортист на светот на церемонијата „Лауреус“ во Мадрид.
Дуплантис со години доминира во скок со стап, рекордот го собори 11 пати, а последниот го постави во февруари, кога прескокна 6,27 метри.
Престижната награда му ја врачи Новак Ѓоковиќ, кој оваа награда ја освојуваше во пет наврати. Токму српскиот тенисер беше последниот освојувач.
Конкуренција на Дуплантис годинава беа Карлос Алкараз (тенис), Леон Маршан (пливање), Тадеј Погачар (велосипедизам) и Макс Ферстапен (Ф1).
Djokovic pregunta a Duplantis sobre los Juegos Olímpicos de Los Ángeles 2028. #Laureus25
En DIRECTO en Teledeporte: https://t.co/m3maPn2D11 pic.twitter.com/df4VXT3NTD
— Teledeporte (@teledeporte) April 21, 2025
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид е прогласен за најдобар тим на годината, додека Ламин Јамал, младиот фудбалер на Барселона, ја доби наградата за подвиг на годината.
Сурферката Кели Слотер ја доби наградата за животно дело, додека кинеската парапливачка Џианг Јујан беше прогласена за најдобра спортистка со попреченост.
Спорт
Евролигата го заобиколи Ти Џеј Шортс, Кендрик Нан е МВП

Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан е избран за најкорисен играч на Евролигата во сезоната 2024/2025.
Американецот ги предводеше атинските „зелени“ до третото место во регуларниот дел (22-12). Покрај МВП наградата тој ја доби наградата „Алфонсо Форд“, која му ја доделува на најдобриот стрелец на елитното европско натпреварување.
Поранешниот играч на Мајами имаше просек од 21,1 поен по натпревар, заедно со 3,6 скока и 4,3 асистенции, со просечен индекс на корисност од 20,3.
Миленикот на навивачите на Панатинаикос и човекот кој им ја донесе минатогодишната европска шампионска титула сезонава четири пати постигна 30 или повеќе поени на еден натпревар, а жртви беа екипите на Олимпија Милано (39), Ефес (36), Монако (37) и Црвена Звезда (31).
Главни конкуренти на Нан за наградата МВП му беа брилијантното крило на Олимпијакос и најкорисен играч за сезоната 2022/2023, Саша Везенков, но и фантастичниот плејмејкер на Париз и македонската репрезентација, Ти Џеј Шортс.
Нан, заедно со Везенков и Шортс, беше избран во првата петорка на ЕЛ заедно со Најџел Хејс-Дејвис и Карсен Едвардс.
Спорт
Што ќе се случи ако Интер и Наполи бидат изедначени на крајот од сезоната?

Интер и Наполи во последните пет рунди во Серија влегуваат со ист број на бодови. Доколку така остане до крајот ќе се случи нешто несекојдневно, поточно ќе се случи сценарио кои само еднаш е забележано во Серија А.
Рикардо Орсолини со ножички во 93.минута, вчера го 2пресече“ Интер. Болоња победи со 1:0 си ги задржа шансите за пласман на четвртата позиција и место во Лигата на шампионите, а Наполи го изедначи со Интер. Двата тима имаат по 71 бод.
Скудетото ќе се решава во фотофинишот, а се чини дека во подобра позиција е тимот од градот под Везув.
Избраниците на Антонио Конте до крајот нема да се соочат со екипи од горната половина на табелата, освен ако не го броиме 10.пласираниот Торино. Наполи ќе се судри со Лече (17.), Џенова (13.), Парма (16.) и Каљари (15.), додека Интер е пред многу потешка задача.
Тимот предводен од Симоне Инзаги ќе се соочи со Рома (6), Верона (14), Торино (10), Лацио (7) и Комо (12). Доколку ривалите од споменатите дуели излезат со исто бодовно салдо, шампионот ќе го одреди необично правило.
Имено, Италијанската фудбалска асоцијација минатата сезона воведе правило кое вели дека доколку водечките тимови бодовно се изедначени на крајот од сезоната, дополнителен натпревар ќе го одреди шампионот.
Резултатот меѓусебните дуели и гол разликата не важат, освен кога се одредува домаќинството. Според споменатите параметри тоа би бил Интер кој има подобар сооднос на постигнати и примени голови (71:32 наспроти 52:25).
Сепак, постои можност Италијанската асоцијација да се одлучи за неутрален терен, што беше случај кога Интер и Болоња го играа натпреварот за трофејот во 1964 година.
Тој се одигра на Олимпискиот стадион во Рим, а екипата од Емилија Ромања извојува неочекувана победа со резултат 2:0.
Фудбалските фанови и вљубените ширум Апенините ги очекува исклучително возбудлив крај на сезоната, а оние неутралните сигурно ќе се надеваат токму на таков историски исход.
Не може да биде поправедно – победникот зема се.