Спорт
Познати групите за ЕП за ракометарките
Извлечени се групите за Европското првенство во ракомет, во женска конкуренција, што кон крајот на годината ќе се одржи во Франција.
Макеоднската репрезентација нема да биде учесник и на ова континентално првенство. Последен пат македонските ракометарк…


Извлечени се групите за Европското првенство во ракомет, во женска конкуренција, што кон крајот на годината ќе се одржи во Франција.
Македонската репрезентација нема да биде учесник и на ова континентално првенство. Последен пат македонските ракометарки беа дел од европско првенство во 2012 година, кога домаќин беше Србија, а потоа не се квалификуваа за ЕП во 2014 (Хрватска и Унгарија), ЕП во 2016 (Шведска) и ЕП во 2018 (Франција).
Пласман на првенството во Франција изборија 16 селекции кои се поделени во четири групи:
А-група: Данска, Србија, Шведска, Полска
Б-група: Франција, Црна Гора, Русија, Словенија
Ц-група: Унгарија, Шпанија, Холандија, Хрватска
Д-група: Норвешка, Романија, Германија, Чешка
Европското првенство во Франција ќе се одржува од 29 ноември до 16 декември 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Откриено е кога и каде ќе се одржи ждрепката за СП 2026

На 5 декември, Лас Вегас ќе биде домаќин на ждрепката за Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Иако ФИФА сè уште не го потврди датумот или локацијата на ждрепката, ESPN, повикувајќи се на добро информирани извори, тврди дека Лас Вегас е избран пред градовите кандидати од Канада и Мексико.
48-те земји учеснички ќе бидат поделени во 12 групи од по четири и тоа ќе биде прв пат светското првенство за фудбалери да вклучува дури 48 национални селекции, наместо вообичаените 32, и ќе се одржи во три земји домаќини, во САД, Канада и Мексико.
Домаќините на турнирот, Мексико (Група А), Канада (Група Б) и САД (Група Д), веќе се избрани за своите групи. Натпреварите ќе се играат во единаесет градови во САД, три во Мексико (Гвадалахара, Мексико Сити и Монтереј) и два во Канада (Торонто и Ванкувер).
Локациите за натпревари во САД се поделени во три региони. Њујорк/Њу Џерси, Филаделфија, Бостон, Мајами и Атланта се дел од Источниот регион, Канзас Сити, Далас и Хјустон се дел од Централниот регион, додека Лос Анџелес, Сиетл и областа на заливот Сан Франциско сочинуваат три од четирите градови во Западниот регион.
Стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, Њу Џерси, ќе биде домаќин на финалниот натпревар на 19 јули 2026 година.
Лас Вегас претходно беше домаќин на ждрепката за Светското првенство во 1994 година, последниот пат кога турнирот се одржа во Соединетите Американски Држави.
Спорт
Лино рекордер на Фламенго

Фудбалскиот клуб Фламенго го потврди четвртото засилување за новата сезона. Откако во клуботкако слободни играчи пристигнаа Жоржињо (Арсенал) и Саул Нигез (Атлетико Мадрид), а обесштетување беше платено за Емерсон Ројал (Милан), клубот од Рио де Жанеиро го претстави Самуел Лино. 25-годишникот потпиша договор до 2029 година.
Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид за сума од 25 милиони евра се врати од Бразил. Овој трансфер само ја потврди финасиската стабилност на Фламенго и фактот дека дека финансиски е најмоќниот клуб во Јужна Америка.
Со овој трансфер, Фламенго го сруши клупскиот рекорд.
Лино пред шест години од Бразил се пресели во Португалија, во Жил Висенте. Атлетико пред три сезони го купи за 6,5 милиони евра. Првата сезона ја мина на позајмица во Валенсија, во наредните две за Атлетико одигра 93 натпревари, постигна 12 голови и забележа 16 асистенции.
Foto/ EPA
Спорт
Гвардиола на трансфери потрошил две милијарди евра на трансфери

Манчестер сити го потврди враќањето на голманот Џејмс Трафорд, кој пристигна од Барнли во трансфер што претставува британски рекорд за играч на таа позиција. Овој 22-годишник се враќа на „Етихад“, стадионот каде што ја започна кариерата, во трансфер вреден 36 милиони евра. Сумата на крајот би можела да биде поголема бидејќи зависи и од бонусите.
Гвардиола достигна еден вид рекорд со овој трансфер на „граѓаните“, бидејќи стана првиот тренер во историјата на фудбалот кој потрошил повеќе од две милијарди евра за засилувања во текот на својата кариера.
Голманот Трафорд е 96-ти играч за кого Шпанецот платил отштета во својата тренерска кариера.
Најблиску до Гвардиола по пари потрошени за трансфери е, верувале или не, Диего Симеоне со 1,31 милијарди евра потрошени за засилувања во Атлетико Мадрид.
По нив следува Масимилијано Алегри, кој потрошил 1,2 милијарди за трансфери во Милан и Јувентус, пред сè, иако ги предводеше и Каљари, Сасуоло, Гросето, Спал и Аљанезе, потоа Томас Тухел со 1,19 милијарди (Мајнц, Борусија Дортмунд, ПСЖ, Челзи, Баерн) и Антонио Конте со 1,16 милијарди (Бари, Аталанта, Сиена, Јувентус, Челзи, Интер, Тотенхем, Наполи).
Foto/ EPA