Спорт
Познати се тимовите што ќе играат во Еврокупот
УЛЕБ ја комплетира листата на учесници во Еврокупот за сезоната 2018/2019. За пехарот во ова натпреварување и пласман во Евролигата ќе се борат 24 екипи, четири од нив доаѓаат од регионалната АБА лига.
УЛЕБ специјални покани им подели на Франкфурт, Тур…


УЛЕБ ја комплетира листата на учесници во Еврокупот за сезоната 2018/2019. За пехарот во ова натпреварување и пласман во Евролигата ќе се борат 24 екипи, четири од нив доаѓаат од регионалната АБА лига.
УЛЕБ специјални покани им подели на Франкфурт, Турк телеком, Партизан и Торино, последните два тима во своите првенства не остварија пласман што ќе им гарантираше место ова натпреварување.
Учесници во Еврокупот, сезона 2018/2019 се:
Црвена звезда, Морнар, Цедевита, Партизан од АБА лигата, Тренто, Торино, Бреша (Италија), Улм, Алба, Франкфурт (Германија), Уникаха, Валенсија, Андора (Шпанија), Локомотива, Уникс, Зенит (ВТБ лига),Тофаш, Галатасарај, Турк телеком (Турција), Монако, Лимож, Асвел (Франција), Лијетувас Ритас (Литванија) и Асеко проком (Полска).
Оваа сезона во Еврокупот нема ниту еден тим од Израел, откако Хапоел реши да се натпреварува во Лигата на шампиони на ФИБА, а од иста причина ги нема ниту грчките клубови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Удар за Билбао: Алварез суспендиран поради допинг

Атлетик Билбао до крајот на сезоната ќе биде без стандардниот дефанзивец Јерај Алварез. Алварез е суспендиран поради допинг.
На 1 мај оваа година, по натпреварот со Манчестер јунајтед во полуфиналето на Лигата на Европа, искусниот стопер случајно беше избран за контрола на допинг, а резултатире покажаа дека користел забранета супстанца канренон.
Поради допинг, Алварез доби девет месечна суспензија, што значи дека практично сезоната за него заврши. На фудбалот ќе може да му се врати во април.
На Алварез нема да му биде дозволено ниту да тренира со тимот.
Спорт
Сантош повеќе не е селектор на Азербејџан

Со Португалија, Фернандо Сантос редеше успеси, а откако повеќе не е на португалската клупа, во последните три години беше отпуштен три пати.
Фудбалската асоцијација на Азербејџан потврди дека соработката со Фернандо Сантос е прекината.
Два нерешени резултати и девет порази – тоа е учинокот на Сантос како селектор на Азербејџан. Отказ доби по поразот од Исланд, 5:0.
Откако ја прекина соработката со ФС Португалија, Сантос го водеше Бешикташ – 16 натпревари, а полската репрезентација на само шест.
Со Португалија, Сантос беше европски шампион во 2016 година, а три години подоцна ја освои Лигата на нации.
Foto/ EPA
Спорт
Сити и Премиер лигата постигнаа договор околу договорите за спонзорство

Манчестер Сити и Премиер лигата постигнаа договор во спорот околу правилата што ги регулираат договорите за спонзорство.
Сити покрена правна постапка против Премиер лигата, тврдејќи дека новите правила, кои ги регулираат трансакциите со поврзани страни (APT), се нелегални.
„Ниту Премиер лигата ниту клубот нема да коментираат по ова прашање“, се вели во заедничкото соопштение.
Минатата година, независен арбитражен панел пресуди против аспекти од прописите на лигата по тужба поднесена од клубот.
Правилата беа воведени од Премиер лигата за да се спречат клубовите да профитираат од комерцијални договори со компании поврзани со нивните сопственици, за кои се смета дека не се во согласност со фер пазарните вредности.
Во ноември 2024 година, мнозинството клубови од Премиер лига гласаа за усвојување на амандманот на APT, и покрај противењето на Сити.
Оваа судска одлука не е поврзана со онаа за 100 обвиненија против Сити за кршење на финансиските правила на Премиер лигата. Клубот ги негира обвинувањата.
Фото/ Принтскрин