Спорт
Попис на најскапи фудбалери во светот: Мбапе, Кејн, па Нејмар, Роналдо дури 19-ти
Швајцарскиот институт за спортски истражувања „CIES“ го објави првиот извештај за 2019 година. Направија попис на 100-те најскапи играчи во светот во моментов.
Според нивниот алгоритам, најскап во моментов е Французинот Килијан Мбапе кој според нивнит…


Швајцарскиот институт за спортски истражувања CIES го објави првиот извештај за 2019 година. Направија попис на 100-те најскапи играчи во светот во моментот.
Според нивниот алгоритам, најскап во моментот е Французинот Килијан Мбапе, кој според нивните процени вреди 218,5 милиони евра.
На втората позиција, според CIES, се наоѓа Англичанецот Хари Кејн, кој се проценува на 200 милиони евра, а трет на листата е Бразилецот Нејмар, кој вреди 197 милиони евра.
Во првата „десетка“ има место и за Рахим Стерлинг, Мохамед Салах, Пауло Дибала, помалку изненадувачки на седмото место се наоѓа Лионел Меси со вредност од 171 милион евра, а на последните три позиции во топ-10 се Лукаку, Кутињо и Лирој Сане.
Интересно е што Португалецот Кристијано Роналдо, според Институтот, се наоѓа на 19. место со вредност од 127 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Време е за „Мадрилењо“ во Лигата на шампионите

Првите натпревари од осминафиналето на Лигата на шампионите ќе се играат во следните два дена, а дерби натпреварот ќе се одигра вечерва помеѓу мадридските клубови, Реал и Атлетико.
Реал Мадрид групната фаза од Лигата на шампионите ја заврши на 11. место на табелата со 15 бодови, поради што мораше да игра бараж за пласман во осминафиналето. Тимот на Карло Анчелоти го победи Манчестер сити во два меча во баражот за осминафиналето на Лигата на шампионите (3:2, 3:1).
Атлетико, групната фаза од Лигата на шампионите ја заврши на петтото место на табелата со 18 бодови и избори директен пласман во осминафиналето.
Вчера двајцата тренери одржаа прес конференции. Карло Анчелоти и Диего Симеоне си поделија комплименти и најавија дека нивна цел е пласман меѓу најдобрите осум екипи во Европа.
Поголеми кадровски проблеми има Карло Анчелоти. Познато е дека сезоната е завршена за Дани Карвахал и Едер Милитао, а вечерашниот дуел ќе го пропуштат Џуд Белингем поради жолти картони и Дани Себаљос поради повреда. Диего Симеоне ќе го составува тимот без повредените Коке и Цесар Аспиликуета.
Интересно, Реал нема победа над Атлетико во последните седум натпревари.
Лига на шампиони, осминафинале,
Вторник:
Клуб Бриж – Астон Вила 18.45 часот
Борусија Дортмунд 21.00 часот
ПСВ – Арсенал 21.00 часот
Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 21.00 часот
Среда::
Феенорд – Интер 18.45 часот
Баерн – Баер Леверкузен 21.00 часот
Бенфика – Барселона 21.00 часот
ПСЖ – Ливерпул 21.00 часот
Спорт
(Фото) Патиките направени во чест на 311 недели на Ѓоковиќ ставени на акукција

Колекционерите на спортски реквизити, имаат можност да наддаваат за патиките на Новак Ѓоковиќ, направени во чест на Ѓоковиќ кога го собори рекордот на Роџер Федерер од 310 недели на првото место на АТП листата.
Патиките, произведени од компанијата за спортска опрема „Асикс“, се огласени на веб-страницата на аукциската куќа „Катавики“, а почетната цена за овој артикл наречен „311 недели бр.1“ е 1.500 евра.
Експертите на аукциската куќа проценуваат дека патиките ќе достигнат цена меѓу 5.000 и 15.000 евра.
„Оваа аукција им нуди можност на спортските љубители да купат автентично парче историја. Овој пар патики никогаш не е е носен, тоа не е само сувенир, туку неверојатен дел од историјата. На овој начин сакаме да ја прославиме годишнината на еден од рекордите на легендарниот Ѓоковиќ”, изјави Ана Марија Кровиг.
Во светот има само три пара од овие патики, кои претходно ги продаваше производителот „Асикс“, а сите три беа потпишани од Ѓоковиќ. Еден пар е во сопственост на Ѓоковиќ, а од останатите два, еден сега е ставен на јавно наддавање.
Патиките се нови, никогаш не носени, се чуваат во посебна кутија и немаат конкретен број бидејќи се направени по мерка за да одговараат на стапалото на Ѓоковиќ.
Повод за продажбата е четиригодишнината од рекордот на Ѓоковиќ, кој го собори на 8. март 2021 година, а лицитацијата трае до 11 март.
Спорт
(Видео) Ирвинг не можеше да оди поради коленото, но ги погоди слободните фрлања

Кајри Ирвинг се здоби со повреда на левото колено за време на натпреварот Далас Маверикс-Сакраменто Кингс и прашање е колку долго ќе отсуствува. Пред да го напушти паркетот, тој направи потег кој беше поздравен од навивачите кои го скандираа неговото име, а Далас Маверикс го опишаа како „дефиниција на силата“.
Во турбулентната сезона на Маверикс, во која тимот од Тексас остана без лидерот Лука Дончиќ, сега играч на ЛА Лејкерс, Ирвинг требаше да биде тој што ќе се погрижи заминувањето на Словенецот да мине безболно.
Левото колено Ирвинг го повреди во една акција при резултат 23:16 за Кингс во првата четвртина. За време на нападот дојде до контакт помеѓу Ирвинг и Демар Дерозан, поради што ѕвездата на Далас изгуби рамнотежа.
Ирвинг чекаше помош за да ја напушти играта. Она што ги воодушеви присутните во салата и на социјалните мрежи се случи неколку моменти подоцна. Со помош на две лица, Ирвинг со куцање се врати на теренот за да ги изведе слободните фрлања.
Публиката стана, го скандираше неговото име. Ирвинг мораше да ги изведе за да има шанса да се врати на теренот подоцна во натпреварот доколку се укаже прилика.
Ирвинг ја започна својата кариера во 2011 година како прв пик на Кливленд Кавалирс. Во клубот со кој го освои шампионскиот прстен во 2016 година остана до 2017 година, а потоа настапуваше за Бостон Селтикс и Бруклин Нетс. Во Далас е од 2023 година, а сезонава игра со просек од 24,7 поени, 4,8 скока и 4,6 асистенции по натпревар.
Натпреварот заврши со убедлива победа на кралевите кои во еден момент имаа и 32 поени предност. Ги предводеа Зак ЛаВин со 22 поени и Дерозан со 20.
Најмногу поени за Далас постигна Каи Џонс, 24-годишниот кошаркар од Бахамите, кој во понеделникот потпиша двонасочен договор со клубот.