Спорт
Пред утрешното финале, „Макфакс“ во музејот на Вимблдон: Местото во кое времето е застанато, но историјата се испишува секој ден
Пред утрешното финале, Макфакс во музејот на Вимблдон,
Од специјалниот известувач за „Макфакс“:
Во склопот на Вимблдонското село, покрај осумнаесетте тениски игралишта, се наоѓа и музејот на тенискиот турнир, кој е направен како еден долг кружен коридор, кој посетителот го изодува во вид на кружна патека, која го води низ годините, децениите и трите века од постоењето на Ол Ингланд Клубот.
На самиот почеток на тој цикличен пат низ историјата, ќе ве пречека цитатот на една од најуспешните тенисерки во историјата на овој спорт, Били Џ. Кинг, според која тенисот претставува совршена комбинација на насилни акции кои се одвива во мирна атмосфера. На истиот постер стои и објаснувањето како тенисот го добил своето име. Прво се нарекувал на француски Jeu de Paume или игра со дланка, бидејќи топката се фрлала со дланката на раката. Како Jeu de Paume станало тенис вечна е мистерија и се претпоставува дека, можеби, името доаѓа од зборот тенез, што значи држи или внимавај, зборови кои ги извикувале играчите пред да сервираат.

Веднаш потоа ќе ве пресретне масло на плато со портрет на Гулиамо Барселон, најпознатиот тенисер од 18. век, кој играл тенис на терените кои му припаѓале на Кралот Луи 15. Паралелно со неговиот портрет е изложен тениски рекет од крајот на 18. век изработен во Франција. Рачката и рамката му се обвиткани со телешка кожа.

Вистинскиот тенис, или како се нарекувал Кралевскиот тенис, се развил од играта со дланка. Тој прво се играл во кралските палати и црквените простори. Топчињата се изработувале од компресирани влакна од волна, кои се обложувале со кожа како би имале мала отскочност.

Првиот тенис на трева почнал да се игра во 1872. од Хери Гем и Аугурио Перера кои во Лемингтон го формирале првиот тениски клуб.

На 2. јуни 1877. Ол Ингланд клубот донел одлука да се отпочне со организирање турнир во тенис (денес познат како Вимблдон). Оттогаш, па сè до 1883. на победникот му се доделувал Сребрениот пехар, на кој се изгравирани имињата на сите победници во тој период.

Тогашните рекети биле изработени од дрво и кожа, и биле во заоблена правоаголна форма.

Тенисот на трева бргу постанал популарна забава, која им давала можност на младите девојки да флертуваат и запознаваат момчиња додека уживале во играта на отворено. Овој период е познат како Викторијанско лудило (според Кралицата Викторија). Тениската забава постанала важен чинител на социјалното живот. Низ цела Англија почнале да се отвараат нови клубови, кои покренувале сопствени турнири. Во 1884 година, Мод Ватсон постанала првата жена победник на турнирот.

Тогашните соблекувални за тенисерите наликувале на берберски салони, во кои играчите имале комплетен прибор за да го дотераат својот изглед пред да излезат на теренот.

Во раното Едвардово доба (по Кралот Едвард седми) Вимблдон станува 14-ет дневен турнир, кој привлекувал бројна публика, која го исполнувала огромниот простор помеѓу улицата и железничката пруга. Тогаш на турнирот почнуваат да настапуваат и тенисери од другу држави. Во 1905., Американецот Меј Сутон постанал првиот шампион од странство.

Во дваесеттите и триесеттите години од минатиот век, водечките француски и американски тенисери му донеле филмски гламур на турнирот. Тоа се и последните години кога домашните играчи го освојувале шампионатот.

Вимблдон за време на Втората светска војна бил целосно ставен во функција за логистичка помош за потребите на војската. На 31. август 1939 година, само еден ден пред Германија да ја нападне Полска, во неговите простории се сместиле медицински сестри и негувателки, Црвениот крст и Бригадата за итна помош. Паркиралиштата биле преорани за да се насадел зеленчук, како и за одгледување свињи, кокошки, патки, гуски и зајаци. Дури имало и едно магаре.

По завршување на војната, тенисот и Вимблдон почнуваат да го добиваат модерниот облик, што се гледа и преку новата изработка на тениските рекети, во чие иновирање се користела и свемирската технологија. Жените почнуваат да се натпреваруваат во кратки здолништа.

Тениската облека за мажите во 20-ите и 30-ите била комбинација од елегантен и лежерен стил.

Воведувањето на кратки панталони наишло на значаен отпор. Тенисерската звезда Рене Лакоста имал трајно влијание на машката тениска облека, кога го развил сопствениот бренд познат како Крокодил.

а+б Во Музејот е изложена и специјално направената инвалидска количка со која Џордана Вили освоила бројни гренд слемови за параспортисти.


Во една од витрините е прикажан и женскиот победнички трофеј, кој за прв пат е претставен во 1886 година. Постољето му е направено во 2016 година, бидејќи повеќе на него немало место да се гравираат имињата на победничките.

Позлатениот пехар за победникот во машка конкуренција за прв пат бил претставен во 1887 година. Оттогаш, победникот има право пехарот да го чува до 1. јули наредната година, кога мора да го врати на секретарот на Ол Ингланд клубот. Пехарот не смее да се изнесува надвор од Обединетото Кралство и кога турниорот ќе го освои странски тенисер, пред да го напушти Островото, мора да го депонира во Банка во Лондон или на друго место по избор на доверителот. Победникот на шампионатот добива реплика на пехарот во трајна сопственост.

На истиот начин како што започна ова патување низ историјата на тенисот и Вимблдон, така и завршува – со цитат од тенисер. Таа чест му е укажана на хрватскиот тенисер Горан Иванишевиќ, кој, по освојување на шампионатот во 2001., изјавил: „Дури и никогаш повеќе да не победам друг меч – не ми е грижа. Што год да правам, каде год да одам, јас ќе бидам Вимблдонски победник“.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Неуспешниот експеримент со Аморим Јунајтед го чини 40 милиони фунти
Фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед потврди дека отпуштањето на Рубен Аморим може да ги чини повеќе од 18 милиони евра.
Португалецот го напушти клубот на 5 јануари по нерешениот резултат 1:1 со Лидс и отворениот напад врз раководството на клубот еден ден претходно.
Како што објави Би-Би-Си, Аморим ја бара гореспоменатата сума како компензација откако претходно на Спортинг Лисабон му беа издвоени околу седум милиони евра за неговото доаѓање.
Вкупно, со замената на Ерик Тен Хаг, која чинеше нешто помалку од 12 милиони евра, Би-Би-Си проценува дека неуспешниот проект со португалскиот тренер „црвените ѓаволи“ ги чини речиси 43 милиони евра.
Неговите 14 месеци на клупата на Јунајтед се најмалку од 2014 година и Дејвид Мојес. Тој победи на 25 од 63 натпревари, сезоната ја заврши на 15-то место во Премиер лигата. Ова е најлошиот пласма на клубот од испаѓањето во 1973/74 година.
Покрај тоа, тие загубија во финалето на Лига Европа, со што тимот остана без учество во европските купови за прв пат од 1990 година.
Foto/ depositphotos
Спорт
Без да потроши и еден цент Јувентус сака да изврши реконструкција во тимот
Челниците на Јувентус, откако тимот испадна од Лигата на шампионите, започнаа да ги кројат плановите за летната реконструкција. Планот е да се обидат да донесат четворица квалитетни фудбалери. Сите овие играчи, за чии интерес покажува Јувентус, ќе бидат слободни по завршувањето на сезоната. Планот е јасен без да потрошат пари, челните луѓе имаат намера да ја извршат реконструкцијата.
Прв на листата е Леон Горецка. Играчот на Баерн нема да добие нов договор, за него имаше интерес и во јануарскиот преоден рок но теој реши да стане во Минхен до крајот на сезоната.
Вториот е дефанзивецот на Борнмут, Маркос Сенеси. Слично како и за Горецка, и за неговите услуги постои голем интерес. Јувентус би морал да му понуди место во стартер и висока плата за да го привлече да се пресели во Торино.
Третиот и најпознат е Бернардо Силва, од јануари се шпекулираше дека Јувентус би можел да го доведе овој играч, а сега „Газета дело Спорт“, само ги потврди претходните извештаи дека овој играч е високо на листата на Бјанконерите.
Последен во низата, но не и најмалку важен, е дефанзивецот на Рома, Зеки Челик, фудбалер кој пред неколку години пристигна во Рим од Лил. Тој е стандарден член на турската репрезентација, а покрај тоа, може да покрие две позиции во одбраната, може да игра како десен бе и по потреба како дефанзивец.
Foto/ depositphotos
Спорт
Пеколни 18 дена се пред фудбалерите на Њукасл
Њукасл, попладнево го дозна противникот во осминафиналето, во Лигата на шампионите. „Страчките“ за противник ја добија Барселона.
Но Барселона најмалку го загрижува менаџерот Еди Хау. Пред неговиот тим е пеколно тежок распоред, во кој ќе одиграат шест натпревари за 18 дена.
Добрата вест е дека играат четири натпревари дома.
Прво во Премиер лигата ќе го пречекаат Манчестер Јунајтед на 4 март, а три дена подоцна ќе играат во ФА Купот против Манчестер Сити.
Следува натпреварот против Барселона во Лигата на шампионите. Овие три натпревари Њукасл ќе ги одигра на домашен терен.
„Страчките“ потоа ќе гостуваат кај Челзи, на 14 март, а неделата ја затвораат со уште еден натпревар против Барселона на стадионот „Камп Ноу“.
Сето ова ќе биде зачинето со најголемото дерби за навивачите на Њукасл, локалното против Сандерленд на 22 март.

