Спорт
Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз поднесе оставка поради часовник од 6 000 евра

Претседателот на Германскиот фудбалски сојуз, Рајнхард Гриндел, поднесе оставка под притисок на јавноста и навивачите поради часовник од 6 000 евра.
Тој доби скап часовник од потпретседателот на УЕФА, Григориј Суркис.
„Цената на часовникот е 6 000 евра. Кога го добив подарокот не знаев дека вреди толку, ниту каква марка беше. Се извинувам за прифаќањето на часовникот”, изјави Гриндел на прес-конференцијата.
Тој додаде дека со прифаќањето на подарокот од Суркис не дошло до конфликт на интереси.
„Суркис немаше финансиски интерес во ФС на Германија. И тој дури и не побара поддршка од мене за ништо. Ни порано, ниту по тоа “, рече Гриндел.
Оставката претставува крај на тригодишниот контроверзен мандат на Гриндел на чело на сојузот, јави дописникот на Би-би-си.
Навивачите го критикуваа кога тој одлучи еден натпревар неделно да се одигра во Бундеслигата во понеделник и го забрани воведувањето пиротехнички објекти на стадионот.
Минатата недела магазинот „Шпигел“ објави дека Гриндел не пријавил никакви дополнителни приходи, што тој мораше да го направи според законот, а сумата е 78.000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Бонмати ја освои третата Златна топка по ред

Во машкиот фудбал, добитниците на Златната топка се менуваат, но во женскиот фудбал, апсолутната доминација на Аитана Бонмати продолжува.
Шпанската репрезентативка, фудбалерка на Барселона ја освои оваа престижна награда трет пат по ред.
По 2023 и 2024 година, Бонмати ја победи сонародничката и фудбалерка на Арсенал, Марион Калдентај, во овогодинешната трка.
Лионел Меси и Мишел Платини се единствените кои ја освоиле Златната топка три пати по ред, додека во женскиот фудбал, Бонмати е првата во историјата со таква серија.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Усман Дембеле ја освои Златната топка

Напаѓачот на ПСЖ и репрезентацијата на Франција, Усман Дембеле ја освои „Златната топка“. Наградата на 69-то издане му беше врачена на гала церемонијата во Париз.
Дембеле, минатата сезона со Пари Сен Жермен ги освои Лигата на шампионите, Лига 1, Суперкупот на Европа, Купот и Суперкупот на Франција.
Усман Дембеле ја освои „Златната топка“ пред Ламин Јамал, кој беше втор и Витиња, кој го освои третото место. Следуваат Мо Салах, Рафиња, Ашраф Хакими, Килијан Мабпе, Кол Палмер, Џиџи Донарума, Нино Мендеш.
Дембеле официјално стана шестиот француски фудбалер кој ја освоил „Златната топка“, по Рејмон Копа, Мишел Платини, Жан-Пјер Папен, Зинедин Зидан и Карим Бензема.
Bravo Ousmane ! 🇫🇷#ballondor pic.twitter.com/7TA1oSpjub
— Ballon d'Or (@ballondor) September 22, 2025
Спорт
(Видео) Марсеј по пауза од 14 години на „Велодром“ го победи ПСЖ

Фудбалерите на Олимпик Марсеј го победија Пари Сен Жермен со 1:0 во петтото коло од Лига 1.
Марсеј победи благодарение на единствениот гол на натпреварот, на почетокот од натпреварот.
Се играше петтата минута кога Наиф Агерд постигна гол за водство на Марсеј од 1:0. Интересно е што тоа беше единствениот удар во рамките на голот на домашната екипа.
Пари Сен Жермен постојано напаѓаше, пропушти неколку добри шанси, но на голот на Марсеј блескаше Аргентинецот Херонимо Руљи.
Marseille 1×0 PSG
⚽️ Nayef Aguerd
Meh pic.twitter.com/LmsDySWzeV
— PICO from Portugal 🇵🇹 (@PortugalPico) September 22, 2025
Инаку ова е прав победа на Марсеј на домашен терен над ПСЖ по цели 14 години. Исто така ПСЖ го доживеа вториот пораз на последните 44 гостувања во Лига 1.
Пари Сен Жермен сега е израмнет со Монако, Лион и Стразбур, сите имаат по 12 бода и се на врвот на табелата, додека Марсеј е на шестото место со девет бода.
Во наредната рунда, ПСЖ ќе го пречека Оксер, додека Марсеј гостува кај Стразбур.
Фото/ Принтскрин