Спорт
Рафаел Надал ја доби титулата маркиз

Шпанскиот крал Фелипе VI денеска му ја додели титулата маркиз на легендарниот тенисер Рафаел Надал како признание за неговиот придонес кон нацијата поради неговите неверојатни спортски резултати.
Надал отсега ќе ја носи титулата Маркиз од Левант де Мајорка, островот каде што е роден и живее, а тоа е наследна титула.
За време на својата богата кариера, Надал освои 22 грен слем титули, од кои неверојатни 14 беа на Ролан Гарос, и без сомнение е најдобриот играч во историјата на земјена подлога.
Покрај Надал, кралот ги почести и поп-рок пејачката Луз Касал и параолимписката пливачка Тереза Пералес.
„Тие се гордост на Шпанија и постојана референтна точка на вредности што треба да го инспирираат нашето општество“, објави шпанската кралска куќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ФИФА и одзеде три бода на Јужна Африка

Дисциплинската комисија на Светската фудбалска федерација (ФИФА) и одзеде три бода на Јужна Африка во квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
Како што објави ФИФА, за оваа репрезентација, на 21 март против Лесото настапил фудбалер со парни жолти картони. Администрацијата на националниот тим на Јужна Африка наравила голем пропуст, не провериле дека Мокуна немал право на настап. Инаку Јужна Африка го доби натпреварот со 2:1.
Откако ФИФА ја изрече казната го регистрираше натпреварот со 3:0 за Лесото.
Исто така, Јужноафриканската фудбалска асоцијација беше казнета со 10.000 швајцарски франци.
Јужна Африка сега е на чело на квалификациската група Ц со 14 бода, како и Бенин, а Нигерија и Руанда имаат по 11.
До крајот на квалификациите, Јужна Африка гостува кај Зимбабве и ја пречекува Руанда. Победникот од групата ќе обезбеди директно пласман на Светското првенство, а второпласираниот ќе има шанса низ плејофот да се избори за место на СП.
Спорт
(Видео) Ливерпул поразен во Истанбул, Тотенхем извлече реми кај Бодо/Глимт, Мурињо со Бенфика падна на „Стенфорд Бриџ“

Ливерпул го доживеа првиот пораз во Лигата на шампионите. „Црвените“ паднаа во Истанбул против Галатасарај. Тотенхем со авто-гол се спаси од пораз кај Бодо/Глимт. Останатите фаворити беа и повеќе од сигурни во првите мечеви од втората рунда.
Ливерпул е во мини криза ова е нивен втор пораз по ред во сите натпреварувања.
Во пеколната атмосфера во Истанбул, Ливерпул преживеа вистински ролеркостер.
За 23 секунди, натпреварот практично беше решен. Гакпо имаше одлична шанса, сите ја видоа топката во голот, но еден играч на Галата беше на гол линијата и го спаси својот тим.
Ова доведе до контранапад и пенал за домашниот тим, поради невнимателниот старт на Собослај над Јилмаз. Осимен пеналот го претвори во гол.
На северот на Норвешка, Бодо/Глимт промаши пенал, потоа Хауге постигна два гола, но Тотенхем успеа да се спаси од пораз. Ван де Вен го намали резултатот, а Гундерсен во 89-та минута си постигна авто-гол.
Жозе Мурињо како тренер на Бенфика се врати на „Стенфорд Бриџ“. Беше пречекан со овации од навивачите, а на теренот доживеа пораз. Риос постгна авто-гол во 18-та минута, што му беше доволно на Челзи да ја забележи првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона.
Сигурни и убедливи победи забележаа Атлетико Мадрид, Интер, Марсеј и Баерн на Кипар против Пафос.
Атлетико го порази Ајнтрахт со 5:1, во натпревар во кој Антоан Гризман го постигна 200-от гол во дресот на Атлетико.
„Јорганџиите“ во првиот дел постигнаа три гола преку Распадори, Ле Норман и Гризман. Намали Буркарт во 57-та минута, а до крајот Атлетико постигна уште два гола преку Симеоне и Хулијан Алварез.
Интер на „Меаца“ за четири минути ја реши Славија Прага. Лаутаро Мартинез погоди во 30-та, а Дамфрис во 34-та минута. Точка на мечот стави Лаутаро во 65-та минута.
Марсеј во првите 27 минути го реши Ајакс. Два гола до 13-та минута постигна Паишао, а потоа во 27-та минута погоди и Гринвуд. Ветеранот Обамејанг во 52-та минута ги постави конечните 4:0.
На Кипар, Баерн во првиот дел постигна четири гола, два Кејн по еден Гереиро и Николас Џексон. Во последната минута од првиот дел со прекрасен гол постигна за Пафос, Хрватото Оршиќ. Конечните 5:1 ги постави Олисе.
Спорт
(Видео) „Петарда“ на Реал во Алмати, Аталанта по пресврт го победи Бриж

Реал Мадрид убедливо славеше во Алмати (5:0), а Аталанта по пресврт го победи Бриж (2:1), во воведните натпревари од второто коло во Лигата на шампионите.
Килијан Мбапе во 6.000 километри оддалечениот Алмати на Каират му испорача хет-трик и дојде до бројката од пет гола во првите два натпревари. Во последните 10 минути по гол постигнаа Камавинга и Бахим Дијаз.
За разлика од дуелот во Казахстан. во Бергамо Аталанта и Бриж одиграа неизвесен дуел. Аталанта победи и му се одмазди на Бриж за елиминацијата во осминафиналето минатата сеозна.
Пресвртот на Аталната дојде во последните 15 минути, откако Бриж поведе во 38-та минута со голот на Циолис.
Пресвртот го режираа Самарџиќ од пенал во 74-та и Пашалиќ во 87-та минута.
Foto/ EPA