Спорт
Рајо на Димитриевски со клучна победа во Баскија (видео)



Рајо Валјекано на македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, стигна до супер-важна 0:1 победа на гостувањето кај високопласираниот Депортиво Алавес, за конечно, да излезе од зоната за испаѓање во шпанската Ла лига.
Единствениот гол на мечот го постигна Раул де Томас во 47. минута од мечот, секунди откако гостите од мадридското предградие го погодија дирекот.
Со шестата победа оваа сезона, Рајо излезе на 17. место на табелата со 23 поени, два повеќе од 18-пласираниот тим на Селта Виго. Алавес остануваат петти со 32 поени, четири помалку од четвртопласираната Севилја.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кимих одлучува пред репрезентативната пауза

Наредните неколку недели се клучни за иднината на Џошуа Кимих во Баерн Минхен. Договорот на Кимих важи до крајот на сеозоната, а Баерн ги запре преговорите околу новиот.
Клубот од Минхен не брза да донесе одлука. Кимих и Баерн влегоа во преговори за нов договор и германскиот интернационалец не би имал ништо против да остане на Алијанц Арената, но клубот не ги прифати неговите финансиски барања.
Развојот на настаните во Минехн, внимателно го следат неколку клубови. За Кимих заинтересирани се и Арсенал, Челзи и ПСЖ. Сепак, Кимих знае каде да не оди.
Според извори на „Билд“, играчот од средниот ред на Баерн не би сакал да ја продолжи кариерата во Арсенал. Значи, како опција остануваат „сините“ од Лондон и ПСЖ.
Спорт
Англиските медиуми тврдат дека Влаховиќ ќе заврши во Астон Вила

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ, како што стојат работите, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата, но не и во Арсенал, Челзи или Манчестер јунајтед.
Пол-позицијата за евентуалниот траснферот на Влаховиќ ја има Астон Вила, која во него гледа идеална замена за Џон Дуран, фудбалер кој во текот на зимата се пресели во Ал Наср.
Според британските медиуми, Србинот е голема желба на тренерот Унаи Емери, кој во него гледа клучен играч во офанзивната линија на тимот од Бирмингем.
Од Јувентус се свесни дека летниот преоден рок може да им биде последна шанса да заработат сериозни пари од трансферот на Влаховиќ, со оглед на тоа дека договорот му истекува во 2026 година.
Се претпоставува дека трансферот би можел да изнесува околу 30 милиони евра, што е релативно добра цена за напаѓач од негов калибар.
Сепак, Астон Вила би морала да одвои значителни средства за неговата плата, што би можело да биде клучен фактор во преговорите.
Влаховиќ пристигна во Јувентус пред три години од Фиорентина за 83,5 милиони евра и оттогаш одигра 134 натпревари во црно-белиот дрес, постигна 55 гола и забележа 11 асистенции.
Спорт
ФА бара доживотна суспензија за Лукас Пакета

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) во наредните три недели ќе го води процесот против фудбалерот на Вест Хем, Лукас Пакета.
Бразилецот е обвинет дека се обложил на натпреварите кои ги одиграл и дека на нив намерно добивал жолти картони.
Истрагата против Лукас Пакета беше покрената минатата година и кога ќе се земе предвид целото време, ќе биде најдолгата во историјата на англискиот фудбал, објави „Скај Спорт“.
Бразилецот е обвинет дека намерно добил жолти картони, на натпреварите против Лестер во ноември 2022 година, Астон Вила во март 2023 година, Лидс во мај истата година и против Бурнемаут во август минатата година.
Пакета ги негираше обвинувањата и рече дека е подготвен да се бори на суд за да ја одбрани својата чест и име.
ФА побара бразилскиот играч да добие доживотна забрана за фудбал. Минатото лето, Пакета беше на прагот на трансфер на кариерата, кога Манчестер сити не успеа да се договори со Вест Хем.