Спорт
Ривер и Бока финалниот реванш ќе го играат во Мадрид
Реваншот помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс, во историското финале во Копа Либертадорес, ќе се одигра на 9.декември во Мадрид, на стадионот на Реал „Сантијаго Бернабеу“, решија челниците на Јужноамериканската фудбалска федерација (КОМНЕБОЛ).
Во овој тер…

Реваншот помеѓу Ривер Плата и Бока Јуниорс, во историското финале во Копа Либертадорес, ќе се одигра на 9 декември во Мадрид, на стадионот на Реал „Сантијаго Бернабеу“, решија челниците на Јужноамериканската фудбалска федерација (КОМНЕБОЛ).
Во овој термин Реал ќе гостува во Уеска, што значи дека „Сантијаго Бернабеу“ ќе биде слободен, а челниците на „кралскиот клуб“ и претходно го понудија овој стадион за одигрување на Суперкласико.
На подрачјето на Мадрид живеат 71.000 Аргентинци, што значи дека интересот за овој меч ќе биде голем.
Final de la CONMEBOL Libertadores 2018 se jugará el domingo 9 de diciembre en el Santiago Bernabéu de Madrid.
?https://t.co/qZIHEpxGQw pic.twitter.com/pF2xxY74cZ— CONMEBOL.com (@CONMEBOL) November 29, 2018
Реваншот требаше да биде одигран мината сабота, но бидејќи навивачите на Ривер го нападнаа клупскиот автобус на Бока со камења и солзавец, истиот беше одложен. Неколкумина играчи при нападот беа повредени, поради што од Бока порачаа дека тие нема да играат на „Монументал“.
КОНМЕБОЛ му изрече парична казна на фудбалскиот клуб Ривер Плата од 400 000 евра. Исто така Ривер наредните две средби во Копа Либертадорес ќе ги игра пред празни трибини.
Инаку, опцијата реваншот да не биде одигран уште стои бидејќи Бока Јуниорс најавија дека ќе се жали на оваа одлука до Судот во Лозана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал скапо ќе го плати отказот на Алонсо
Чаби Алонсо (44) повеќе не е тренер на Реал Мадрид, потврди „Кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница. Чаби и Реал го раскинаа договорот по меѓусебна согласност само еден ден откако Мадрид загуби со 3:2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Нов тренер ќе биде Алваро Арбелоа (42).
Отказот на Чаби Алонсо скапо ќе го чини Реал. Шпанскиот тренер и поранешен играч на Реал имаше плата помеѓу осум и девет милиони евра по сезона.
Шпанскиот весник „Ел Дебете“, пишува дека Реал ќе мора да му плати 15 милиони евра отштета на Чаби Алонсо.
За потсетување, минатото лето Реал му плати 15 милиони евра на Баер Леверкузен за Алонсо да се пресели во Мадрид.
Алонсо го водеше тимот во 34 натпревари, во сите натпреварувања, оствари 24 победи, четири нерешени резултати и шест порази.
Реал остана на второто место на табелата во шпанското првенство со 45 освоени бода по 19 кола, четири помалку од лидерот Барселона. Во Лигата на шампионите се седми со 12 бода по шест кола, а во Купот се во осминафиналето, каде што во среда ги чека Албасете.
Токму против Албасете на клубата ќе дебитира новиот тренер.
Спорт
Симеоне: Им се извинувам на г-дин Перез и г-дин Винисиус
Полуфиналето на шпанскиот Суперкуп во кое Реал го победи Атлетико Мадрид (2:1) беше засенето од инцидентот меѓу Диего Симеоне и Винисиус Жуниор.
Вербалниот конфликт меѓу Диего Симеоне и Винисиус продолжи и по натпреварот, а медиумите шпекулираа дека Симеоне му рекол на играчот на Реал дека „Перез ќе го продаде“.
Тоа беше само најважниот момент, бидејќи Симеоне му дофрлал на Винисиус за време на натпреварот во обид да го испровоцира.
Бразилецот не му остана должен, реагираше бурно за време на натпреварот, но и по него, а Чаби Алонсо го пцуеше својот колега од клупата на Атлетико.
По натпреварот, тој рече дека никогаш нема да си дозволи да се однесува така кон играч на противничкиот тим.
Во понеделник пристигна извинувањето на долгогодишниот тренер на Атлетико.
„Сакам да им се извинам на г-дин Флорентино Перез и г-дин Винисиус за сè што можевте да видите на натпреварот од Суперкупот. Очигледно е дека она што го направив беше погрешно. Едноставно згрешив“, рече Симеоне.
Спорт
Реал го отпушти Чаби Алонсо, нов тренер е Алваро Арбелоа
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид донесе одлука да го отпушти тренерот Чаби Алонсо.
По поразот во финалето на шпанскиот Суперкуп против Барселона (3:2), раководството на „кралскиот клуб“ одлучи дека е време да се раздели со стручњакот кој ова лето пристигна во клубот од Баер Леверкузен.
Во официјалното соопштение, кое беше издадено по овој повод, не ги наведоа причините за таквата одлука, иако е јасно дека одреден период никој не е задоволен од резултатите што ги постигнува Реал, а дека самиот Алонсо имал проблем со одредени играчи – пред сè со Винисиус.
„Чаби Алонсо секогаш ќе ја има наклонетоста и восхитот на сите навивачи на Реал Мадрид бидејќи е легенда на Реал Мадрид и отсекогаш ги претставувал вредностите на нашиот клуб. Реал Мадрид секогаш ќе биде негов дом. Нашиот клуб сака да им се заблагодари на Чаби Алонсо и на целиот негов технички тим за нивната работа и посветеност во овој период и им посакува многу среќа во оваа нова фаза од нивниот живот“, се вели во соопштението.
Алонсо, на клупата ќе го замени ист така поранешен играч на клубот, Алваро Арбелоа. Интересно, Арбелоа досега никогаш не водел самостојно сениорска екипа.
Досега, тој работеше во помладите селекции на Реал само неколку месеци во Б-тимот на Реал, каде што го замени Раул Гонзалез во мај.
Играше за Реал од 18-годишна возраст, потоа го носеше дресот на Депортиво и Ливерпул, а од 2009 до 2016 година повторно беше на „Бернабеу“.
Ја заврши кариерата во Вест Хем, а одигра 56 натпревари за шпанската репрезентација и беше светски шампион во 2010 година и европски шампион во 2008 и 2012 година.
Алонсо во својата кариера го водеше Б-тимот на Реал Сосиедад и Баер Леверкузен, пред да се приклучи на Реал. Претходно, тој беше споменуван како кандидат за клупата на Ливерпул, каде што помина дел од својата кариера.

