Спорт
Ристовска се договори со Крим
Сара Ристовска од наредната сезона ќе ги брани боите на шампионот на Словенија, Крим Меркатор.
Клубот на социјалните мрежи го потврди трансферот на најдобрата македонска ракометарка. Ристовска со Крим договорила двегодишна соработка.
Крим ќе биде првот…


Сара Ристовска од наредната сезона ќе ги брани боите на шампионот на Словенија, Крим Меркатор.
Клубот на социјалните мрежи го потврди трансферот на најдобрата македонска ракометарка. Ристовска со Крим договорила двегодишна соработка.
Крим ќе биде првото интернационално искуство за Ристовска. Претходно таа играше во Металург.
ODLIČNA NOVICA!!! ? V naslednji sezoni bo Krimov dres oblekla Sara Ristovska mlada desnokrilna rokometašica, ki je s svojimi izjemnimi igrami že večkrat opozorila nase! ?♂️
.
.
.
? https://t.co/0Y5Q3aOZh7 ? pic.twitter.com/6cHmHf9fK7— RK Krim Mercator (@RKKrim) March 6, 2018
Ристовска е уште една од ракометарките на Вардар што го напушта клубот по завршувањето на сезоната, откако кон крајот на годината раководството соопшти дека во новата сезона клубот ќе влезе со значително намален буџет и поинакви планови.
Нови клубови веќе најдоа Амадин Лејно, Александра Ларабер, Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ, Драгана Цвијиќ, Андреа Пенезиќ, Барбара Лазовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Анчелоти осуден на една година затвор за затајување на данок во Шпанија

Трофејниот италијански фудбалски тренер Карло Анчелоти е осуден од шпанскиот суд на една година затвор поради даночна измама направена во 2014 година, за време на неговиот престој во Мадрид.
Судот во главниот град на Шпанија му изрече и парична казна во износ од 386.000 евра.
Според шпанскиот закон, затворски казни пократки од две години може да бидат условно суспендирани доколку осудениот претходно не бил казнет, па се очекува дека актуелниот селектор на Бразил сепак нема да оди зад решетки.
Пред Анчелоти, на мета на шпанските даночни власти беа и Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо, но ниту еден од нив не ја отслужи казната во затвор.
Фудбалската федерација на Бразил, како и претставниците на Анчелоти, засега не ја коментираа одлуката на судот.
Анчелоти е единствениот тренер кој пет пати ја има освоено Лигата на шампионите (три пати со Реал Мадрид и двапати со Милан), како и единствениот со титули државен првак во Англија, Шпанија, Италија, Германија и Франција.
Спорт
Седлоски пред натпреварот против Ла Фиорита: „Само максимален пристап носи победа“

Вардар утре го игра првиот натпревар во квалификациите за Конференциската лига против Ла Фиорита од Сан Марино, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Тренерот Гоце Седлоски на прес-конференција изјави дека очекува сериозен пристап од своите играчи и победа на враќањето на клубот на европска сцена по седум години.
„Нема фаворити во денешниот фудбал. Насочени сме кон самите себе, а не кон противникот. Подготвени сме, ја анализиравме Ла Фиорита и нема простор за опуштање“, рече Седлоски, нагласувајќи дека најважен е настапот на неговите фудбалери, со оглед на тоа што следува и реванш за седум дена.
Спорт
Реал Мадрид и Пари Сен Жермен вечерва во Њујорк

Европските шампиони Реал Мадрид и Пари Сен Жермен вечерва од 21 часот ќе се соочат во полуфиналето на Светското клупско првенство. Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Метлајф“ во Њујорк, пред повеќе од 80.000 гледачи.
Пари Сен Жермен неодамна го освои својот прв трофеј во Лигата на шампионите, постигнувајќи историски успех. Сега тимот има нова шанса да се докаже против најтрофејниот европски клуб.
Натпреварот има дополнително значење поради првиот настап на Килијан Мбапе против својот поранешен клуб. Францускиот напаѓач седум години настапуваше за ПСЖ, каде што стана најдобар стрелец во историјата на клубот со 256 погодоци.
Победникот од дуелот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ ќе се сретне со Челзи во финалето на Светското клупско првенство.