Спорт
Ријад Марез објави крај на кариерата!?
Во доцните вечерни часови во вторникот, на Фејсбук профилот на алжирскиот фудбалер Ријад Марез се појави шокантен статус, дека поради здравствени проблеми мора да ја заврши кариерата.
Фановите на Марез не можеле да поверуваат кога ја прочитале објавата…


Во доцните вечерни часови во вторникот на фејсбук-профилот на алжирскиот фудбалер Ријад Марез се појави шокантен статус, дека поради здравствени проблеми мора да ја заврши кариерата.
Фановите на Марез не можеле да поверуваат кога ја прочитале објавата на фудбалерот, во која тој меѓу другото пишува дека по консултациите со лекарите решил да ја заврши кариерата.
„По консултации со многу лекари решив да се простам со фудбалот. Бидејќи мојата ера како фудбалер заврши, сакам да ви кажам уште нешто. Сакам да ви се заблагодарам на сите за добрината и поддршката во овој неверојатен град. Секогаш ќе бидете во моето срце.“
Многумина се сомневаат дека профилот на „Фејсбук“ на Ријад Марез бил цел на хакерски напад бидејќи на фотографиите што другите играчи од Лестер ги објавиле во вторникот се гледа дека на тренингот е присутен и Алжирецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Риека ја освои двојната круна и му донесе на Динамо 20 милиони евра

Илија Несторовски го одигра целиот натпревар за Славен, додека Јован Манев мечот го гледаше од клупата за резерви кај Риека.
Динамо Загреб исто така се радуваше на овој исход. Победата на Риека им овозможи на „модрите“ директен пласман во Лига Европа. Динамо има најдобар клупски коефициент од сите квалификанти.
Доколку Славен го освоеше хрватскиот Куп, „сините“ ќе се префрлеа во Конференциската лига, и тоа од втората квалификациска рунда.
Индиректно, со освојувањето на Купот, Риека му обезбеди на Динамо проектирана добивка од околу 20 милиони евра.
Спорт
Тотенхем го „мерка“ Лирој Сане

Освојувањето на Лига Европа му обезбеди на Тотенхем место во Лигата на шампионите, сега тимот треба да се засили за следната сезона.
Прв на листата на желби е Лерој Сане, 29-годишниот крилен напаѓач на Баерн чиј договор со Баварците истекува во јуни.
Германскиот репрезентативец би можел да дојде во англискиот клуб без обештетување. Досега преговорите со Баерн не беа успешни.
Несогласувањето се случи бидејќи двете страни во преговорите имаат различни позиции кога станува збор за годишната плата, односно колку е фиксниот дел и колку би добивал во бонуси.
Сане ја започна својата кариера во Шалке, а во летото 2016 година се пресели во Манчестер сити. По четири сезони во Англија, се врати во Германија и во јули 2020 година потпиша за Баерн, кој плати обештетување од 49 милиони евра за него.
Оваа сезона, тој постигна 13 гола и шест асистенции во сите натпреварувања. Според „Трансфермаркт“, Сане вреди 38 милиони евра.
Спорт
Ди Марија по 20 години се врати во Росарио

Трофејниот аргентински фудбалер Анхел Ди Марија се врати во Аргентина, поточно во својот роден град и клубот каде што ја започна својата кариера.
Станува збор за тимот на Росарио Централ, за кој дебитираше во 2005 година и играше до 2007 година, кога замина во Бенфика.
Во тимот од Лисабон ги помина претходните две сезони, а сега, како 37-годишник, дојде да му помогне на клубот каде што ги направи своите први фудбалски чекори.
Ди Марија има брилијантна кариера, играше за Реал, Манчестер јунајтед, ПСЖ, Јувентус, а беше и светски шампион со Аргентина.
Сè уште не е време да замине во пензија, го чекаат нови предизвици во клуб кој моментално добро стои во аргентинската лига, моментално е на водечката позиција во Зона Б, пред Риверо и Индепендиенте.