Спорт
Роналдо: Сакам да ја освојам ЛШ со Јувентус
Фудбалерот на Јувентус, Крстијано Роналдо, рекол дека титулата во Лигата на шампионите со екипата од Торино е цел, но не и опсесија.
„Го сакаме трофејот во Лигата на шампионите, фокусирани сме, но не сме опседнати со таа титула. Ќе одиме чекор по чекор…


Фудбалерот на Јувентус, Крстијано Роналдо, рекол дека титулата во Лигата на шампионите со екипата од Торино е цел, но не и опсесија.
„Го сакаме трофејот во Лигата на шампионите, фокусирани сме, но не сме опседнати со таа титула. Ќе одиме чекор по чекор, доколку не успееме оваа сезона, ќе се обидеме следната, па повторно потоа. Во секој случај, целите на Јувентус се јасни: титула, Куп и секако Лигата на шампиони“, рекол Португалецот за „Газета дело спорт“.
Кристијано досега во кариерата има освоено пет трофеи во Лигата на шампионите (една со Манчестер јунајтед и четири со Реал Мадрид) со максимален ефект во финалните мечеви, пет од пет.
За разлика од Португалецот, Јувентус има пет порази во низа, во финалните мечеви, а низ историјата има две титули во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хориха во последната секунда го шокира Пелистер – Вардар ја презеде лидерската позиција

Вардар по пауза од три години успеа да го победи Пелистер во Битола и да направи голем чекор кон освојување на шампионската титула. Во дербито црвено-врните славеа со 35.34 со голот на Хориха во последната секунда. Дуелот во Битола го обележаа и 26. изведени седмерци (15 Пелистер, 11 Вардар).
Вардар подобро влезе во натпреварот, поведе со 3:0, а потоа успеа да ги контролира работите на теренот. Дека Вардар апсолутно ја заслужи победата говори и податокот дека Пелистер ниту еднаш немашр предност.
Патот до победата Вардар го трасираше во втриот дел, кога со серија од 4:0, во 39 минута ја стекна највисоката предност (24:20).
Пелистер до крајот ја топеше разликата, успеа на 38 секунди до крајот со голот на Кузмановски да дојде до израмнување (34:34). Но потоа Хориха речиси со звукот на сирената му ја обезбеди победата на скопскиот тим.
Крнсманчиќ го предводеше Вардар со 11 голови (10 од седум метри), по седум постигнаа Хориха и Борозан кој блескаше во второто полувреме. Одличен беше и голманот Еспиња со 11 интервенции.
Кај пелистер 10 голоа постигна Манасков, Кузмановски девет, а Тајник шест.
Спорт
Ти Џеј Шортс одбил 2,5 милиони евра од Барселона

Ти Џеј Шортс (27), еден од најдобрите кошаркари во Европа, наводно ја одбил понудата од Барселона од 2,5 милиони евра.
Шортс, годинава „ведри и облачи“ од европската кошарка, а заедно со неговиот Париз е најубавата приказна сезонава во Евролигата.
Американецот со македонски пасош статистички доминираше, па регуларниот дел од сезоната во Евролигата го заврши со 18,8 поени и 7,5 асистенции,а со Париз избори место во плеј-офот.
Со оглед на тоа што неговиот договор со францускиот тим истекува на крајот од сезоната, јасно е дека најголемите европски клубови ќе направат се за да го доведат, а меѓу првите се обиде Барселона.
Според „Планета баскет“, Барса на Шортс му понудила договор вреден 2,5 милиони евра годишно, но тој го одбил.
Се шпекулира дека репрезентативецот на Македонија се уште не сака да донесе одлука за својата иднина, односно дека сака по завршувањето на сезоната да ги разгледа сите понуди од заинтересираните клубови.
Спорт
Реал Сосиедад ќе бара нов тренер

Реал Сосиедад во четвртокот објави дека ќе се раздели со тренерот Иманол Алгуасил на крајот од сезоната.
Всушност, одлуката за заминување беше негова.
„Иманол Алгуасил го извести клубот за неговата одлука да не го води тимот следната сезона. По шест и пол години на чело на стручниот штаб, тој одлучи дека е време да се повлече кога ќе заврши оваа сезона. Но, пред да дојде тој момент, имаме уште многу работи за кои вреди да се бориме.
Билет за Европа би бил најдобриот крај што оваа приказна го заслужува. Ти благодариме Иманол“, соопштија од клубот.
Во периодот додека Алгуасил го предводеше клубот, Реал Сосиедад играше пет пати во европските натпреварувања и го освои Купот на кралот во сезоната 2019/2020.
Сосиедад моментално е деветти на табелата, со 42 бода и три последователни натпревари без победа.
ℹ Imanol Alguacil ha comunicado al Club que no continuará dirigiendo el equipo la próxima temporada.
— Real Sociedad Fútbol (@RealSociedad) April 24, 2025