Спорт
Русинките „измаршираа“ кон полуфиналето! (видео)
Тоа што некогаш беше големо дерби во женскиот ракомет, овојпат помина многу еднострано – Русија ја декласираше Данска со 32:21 за да остане непоразена на ЕП во Франција и да покаже дека е фаворит за златото.
Дека Данките и дефинитивно нема што да…

Тоа што некогаш беше големо дерби во женскиот ракомет, овој пат помина многу еднострано – Русија ја декласира Данска со 32:21 за да остане непоразена на ЕП во Франција и да покаже дека е фаворит за златото.
Дека Данките и дефинитивно нема што да бараат на ЕП во Франција, стана јасно уште во првото полувреме кога Русинките направија предност од пет гола за да ја продолжат совршената игра на првенството. Четата на Евгениј Трефилов го доведе мечот со рутинска игра за конечни +11 (32:21).
Ана Вјахирева доминира со девет гола за „зборнаја“, а пет додаде поранешната „вардарка“ Полина Кузнецова. Кај Данска, Катрин Хајндал имаше пет гола.
Во вториот денешен меч, од 21 часот, Србија и Црна Гора ќе се обидат да ги задржат своите мали шанси за полуфинале во меѓусебен лут дуел.
ГРУПА 1
Русија – Данска 32:21 (14:9)
Црна Гора – Србија 21.00 ч
Табела: 1. Русија 8, 2. Франција 5, 3. Шведска 3, 4. Србија 2, 5. Црна Гора 2, 6. Данска 2
Anna Vyakhireva just keeps scoring. ? Even when the timing isn’t perfect, she finds the net. ?@dhf_haandbold @rushandball #ehfeuro2018 #DENRUS #handballissime pic.twitter.com/D4PUZlxhEZ
— EHF EURO (@EHFEURO) December 10, 2018
? Two fast breaks, two goals. Russia looking very confident on their way to a possible spot in the #ehfeuro2018 Semi-final.@dhf_haandbold @rushandball #DENRUS #handballissime pic.twitter.com/tk3sdAQSsD
— EHF EURO (@EHFEURO) December 10, 2018
? Oh la la! A real beauty by Mayya Petrova wraps up the 1st half with Russia holding a 14:9 lead. Can Denmark bounce back after the break? ?@dhf_haandbold @rushandball #ehfeuro2018 #DENRUS #handballissime pic.twitter.com/rdhF3N7mGX
— EHF EURO (@EHFEURO) December 10, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Илина и Ева го вееја македонското знаме на натпревар во Франција
Сестрите Илина и Ева Соколовски минатиот викенд ја претставуваа Македонија на традиционалниот Интернационален турнир во ритмичка гимнастика „Елегант куп“ во Келеј, Франција. На овој турнир учествуваа гимнастичарки од многу европските држави.
Илина имаше четири настапи- топка, холохоп, лента и чуневи. На настапите со топка и холохоп во големата конкуренција го освои 10-тото место, додека со лента и чуневи го освои 9-тото месо.

– Задоволна сум со резултатот иако секогаш може да биде подобро. Со оглед на големата конкуренција и организираноста ова е супер. Толку ни е силата, со сестра ми бевме сами, без судии, едноставно без се. Но, тоа што го веевме македонското знаме на вака голем европски натпревар е чувство што не се опишува, вели Илина.
Овој турнир за помалата сестра Ева беше посебен, бидејќи со само 15 години прв пат требаше да се натпреварува во сениорска конкуренција. Но, се случи нешто што никој не го посакуваше, најмногу таа, а тоа е што пред натпреварот, додека го одржуваше последниот тренинг се повреди. Имаше силна болка во коленото, па го откажа учеството од страв да не се случи поголем проблем.

-Сепак, и покрај проблемите ќе кажеме дека сме задоволни од резултатот и од учеството. Мораме да внимаваме на повреди, бидејќи не очекуваат повеќе вакви големи натпревари. По ова сега се подготвуваме за Европското првенство во ритмичка гимнастика, кое ќе се одржи во Варна, Бугарија, каде што и двете ќе ја преставиме нашата Македонија, велат Илина и Ева.

Македонските девојчиња со цврсти чекори ја газат евроспката сцена, но и германската. Со семејството живеат во Германија и поради талентот веќе се натпреваруваат во Бундес лигата. Илина и Ева се уште се натпреваруваат со македонски пасош, не само на интернационалните натпревари, каде ја претставуваат Македонија, туку и на врвните државни натпревари во Германија.
Златото, среброто и бронзата не им се непознаница, бидејќи досега на многу германски и европски наптревари освојувле медаљи. Затоа велат: „Наградите за Македонија ни се најдраги“.
Спорт
Белингем ги загрижи фановите, снимен со маска за кислород
Ѕвездата на Реал Мадрид, англискиот играч од средниот ред, Џуд Белингем, ги загрижи навивачите откако предвреме го напушти натпреварот против Рајо Ваљекано поради повреда на тетивата.
Дополнително внимание предизвика неговата објава на социјалните мрежи во која носи маска за кислород со пораката: „Животот продолжува“.
📲 Jude Bellingham on his app: “Life goes on.” pic.twitter.com/8xj6XoLgNr
— Madrid Zone (@theMadridZone) February 3, 2026
Белингем почувствува непријатност во задниот мускул на левата нога пред почетокот на натпреварот, а за време на загревањето се држеше за болното место.
Во деветтата минута од натпреварот, болката стана неподнослива и Англичанецот мораше да го напушти теренот.
Веднаш по натпреварот, Реал направи магнетна резонанца, а вестите не беа добри. Белингам има сериозна повреда на мускулот на левата нога. Клубот објави дека закрепнувањето ќе биде внимателно следено и дека точниот датум на враќање на теренот сè уште не е познат.
Според проценките, Белингем ќе ги пропушти следните лигашки натпревари против Валенсија, Реал Сосиедад, Осасуна и Хетафе, како и дуелот од нокаут фазата на Лигата на шампионите со Бенфика.
Ова е дополнителен удар за младиот Англичанец, кој веќе го пропушти почетокот на сезоната поради операција на рамото по Светското клупско првенство во САД.
Foto/ depositphotos
Спорт
Швеѓанец ја презеде Пиза
Шведскиот тренер Оскар Хилемарк потпиша договор со Пиза до јуни 2027 година, наследувајќи го Алберто Џилардино, кој беше отпуштен на 1 февруари.
Пред да се приклучи на Пиза, Хилемарк беше тренер на Елфсборг, овој тим го водеше од летото 2024 година.
Пред него е тешка задача, борбата за опстанок во Серија А. Пиза е претпоследна со 14 бода, откако забележа само една победа во 23 кола од Серија А. Моментално се на четири бода од безбедната зона.
Хилемарк помина четири години во Италија за време на својата кариера, играјќи за Џенова и Палермо. Како играч, тој беше шампион на Шведска со Елфсборг во 2012 година, а во 2015 година го освои холандското првенство со ПСВ.
Хилемарк ја заврши својата кариера во 2021 година во Алборг, Данска, и веднаш се посвети на тренерската работа.
Прво беше помошник тренер во Алборг, а од март 2023 до јуни 2024 година беше главен тренер на данскиот клуб.

