Спорт
Русите ги „закопаа“ надежите на Турција, Косово останува на првото место (видео)
Фудбалската репрезентација игра како „препородена“ по изненадувачките резултати на домашното Светско првенство (каде што загубија во четврт-финалето), откако ја победија Турција со 2:0 за да се зацврстат на првото место во групата 2 во Лига Ц во Лигата…


Фудбалската репрезентација игра како „препородена“ по изненадувачките резултати на домашното Светско првенство (каде што загубија во четврт-финалето), откако ја победија Турција со 2:0 за да се зацврстат на првото место во групата 2 во Лига Ц во Лигата на нации на УЕФА.
Роман Нојштадер, кој фудбалскиот леб го заработува токму во Турција (Фенербахче), ги донесе Русите во водство во 20. минута на „Фишт“ во Сочи, откако се најде на вистинското место по обидот на Џикија. Победата беше осигурана во 78. минута, кога Головин го пронајде Денис Черишев, кој одлично реагираше против немоќниот Болат.
Во Лига Д пак, Косово е блиску до осигурување на првото место на табелата во групата 3 и покрај ремито 1:1 на гостувањето кај Фарски Острови. Косово има 8 поени, два повеќе од Азербејџан, кој одигра 1:1 против Малта.
ЛИГА НА НАЦИИ
ЛИГА Ц, ГРУПА 2
Русија – Турција 2:0
Табела: 1.Русија 7, 2.Шведска 3, 3.Турција 1
ЛИГА Д, ГРУПА 3
Фарски Острови – Косово 1:1
Азербејџан – Малта 1:1
Табела: 1.Косово 8, 2.Азербејџан 6, 3.Фарски Острови 4, 4.Малта 3
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шест натпревари суспензија за Ридигер

Антонио Ридигер е суспендиран шест натпревари поради инцидентот што го предизвика во саботата, во финалето на Купот на кралот помеѓу Реал и Барселона.
Во фантастичен натпревар, Барселона го победи Реал со 3:2 по продолженијата, а Ридигер, во напад на неверојатен бес, најпрвин фрли пластично шише кон судијата, а потоа и сакаше физички да се пресмета со него.
Ридигер веќе беше заменет, но сепак доби црвен картон.
Со оглед на тоа што останаа уште пет кола пред крајот на сезоната, а Ридигер го оперираше коленото, тој ќе го отслужи преостанатиот натпревар од суспензијата на почетокот на следната сезона.
Џуд Белингам исто така доби црвен картон на крајот од натпреварот, но не беше казнет. Беше оценето дека судијата направил грешка во својата проценка.
Лукас Васкез доби казна за црвениот картон, тој е суспендиран на два натпревари бидејќи беше меѓу оние кои протестираа на крајот од второто продолжение. Тој го предводеше тој протест фрлајќи мраз кон судијата, додека Винисиус мина без казна.
Спорт
Ѓоковиќ го откажа настапот во Рим

Новак Ѓоковиќ нема да учествува на Мастерсот во Рим. Ѓоковиќ 18 пати учествувал на овој Мастерс, 12 пати играл во финалето, освоил шест титули.
„Новак Ѓоковиќ објави дека нема да учествува на турнирот во Рим. Се гледаме следната година, Ноле“, пишува на социјалните мрежи на Мастерсот во Рима.
Во Монте Карло и Мадрид, Ѓоковиќ беше елиминиран во првите натпревари, од Алехандро Табило и Матео Арналди, и се очекуваше дека ќе се обиде да ја врати формата пред Ролан Гарос, кој започнува на 25 мај, на неговиот најуспешен Мастерс на земјена подлога.
Се уште не е познато зошто Ѓоковиќ го откажа од настапот во Рима. Ќе видиме дали е повреда во прашање и какви се идните планови на Новак, но од 2007 година, Ѓоковиќ никогаш не го пропуштил Мастерсот во Рим.
Оваа сезона, Ѓоковиќ играше во полуфиналето на Австралија Опен, но на четири од последните пет турнири беше елиминиран во своите први натпревари, иако играше и во финалето на Мајами.
Спорт
Пулишиќ ќе го продолжи договорот со Милан

Американскиот фудбалер Кристијан Пулишиќ се согласил да го продолжи договорот со челниците на Милан, објави италијанскиот весник „Газета дело Спорт“.
Како што тврди „Газета“, 26-годишниот капитен на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави ја прифатил понудата да потпише нов договор до јуни 2029 година со зголемување на годишната плата од четири на пет милиони евра.
Пулишиќ е најдобар стрелец на Милан оваа сезона со 16 постигнати голови на 45 натпревари во сите натпреварувања.
Пред Милан, американскиот играч од средниот ред играше за Челзи и Борусија Дортмунд.
Во дресот на САД, тој постигна 32 гола на 78 натпревари.