Спорт
Салах, Мане и Обамејанг повторно кандидати за најдобар африкански фудбалер
Напаѓачите Мохамед Салах (Египет), Садио Мане (Сенегал) и Пјер-Емерик Обамејанг (Габон) повторно се главните три кандидати за наградата за најдобар африкански фудбалер која ја доделува Африканската фудалска конфедеранција (ЦАФ), повторувајќи го финалет…

Напаѓачите Мохамед Салах (Египет), Садио Мане (Сенегал) и Пјер-Емерик Обамејанг (Габон) повторно се главните три кандидати за наградата за најдобар африкански фудбалер која ја доделува Африканската фудалска конфедеранција (ЦАФ), повторувајќи го финалето од лани.
Асот на Ливерпул, Салах ја освои наградата лани и повторно е главен фаворит за да стане само четвртиот фудбалер кој две години по ред триумфирал по Ел Хаџи Диуф (Сенегал), Самуел Ето (Камерун) и Јаја Туре (Брег на Слонова Коска).
Од друга страна, Обамејанг влегува во топ 3 петти пат едноподруго израмнувајќи го рекордот на Туре и поранешниот фудбалер на Гана, Мајкл Есиен. Неговата единствена победа беше во 2015, кога ги победи Туре и Андре Ају.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Росениор потврди дека е новиот тренер на Челзи
Лиам Розениор ќе стане новиот менаџер на Челзи.
Сега веќе поранешниот тренер на Стразбур, ова го потврди за медиумите, дури и пред официјалното соопштение од „Стемфорд Бриџ“.
„Ова беше неверојатна можност да бидам во неверојатен клуб, кој е светски шампион и едноставно не можев да ја одбијам. А сега конечно можам да си одам дома, да ги видам моите деца. Жртвував многу за да бидам толку далеку од нив. Последните 18 месеци во Стразбур се најдобриот период од мојата кариера. Во текот на последните 18 месеци од мојата кариера во Стразбур запознав некои неверојатни луѓе и ништо од ова немаше да се случи без напорната работа на сите во клубот. Немав понуда само од Челзи, имаше и други од Лигата на шампионите, но не можев да ја одбијам оваа можност“, подвлече Розениор.
Се очекува новиот менаџер да дебитира за време на викендот во ФА Купот против Чарлтон.
Foto/ EPA
Спорт
Лапорта најде дупка во правилата, Кансело доаѓа во Барселона
Португалскиот репрезентативец, Жоао Кансело, го напушти Ал Хилал. До крајот на сезоната како позајмен играч ќе го носи дресот на Барселона. Ова значи дека Португалецот се врати на „Ноу Камп“, каде што ја мина сезоната 2023/24, тогаш како позајмен фудбалер од Манчестер сити.
Барселона, успеа да ја добие битката со Интер за потписот на Кансело. Првиот човек на Барселона, Џоан Лапорта, повторно успеа да ги заобиколи прописите од финансискиот ферплеј, ќе го плаќа Кансело од платата на повредениот Андреас Кристенсен.
„Мундо Депортиво“, „Спорт“ и други каталонски и шпански медиуми наведуваат дека Барселона пронашла начин да најде средства во рамките на своите скромни можности под строг надзор на Ла Лига, УЕФА и ФИФА, што би ја оправдало инвестицијата во Кансело во однос на одржливиот бизнис.
Со оглед на тоа што Кристенсен е сериозно повреден и најверојатно нема да игра до крајот на сезоната, Лапорта дошол до идеја буквално да „скине“ 80 проценти од неговиот загарантиран приход за сезоната 2025/26 и да го пренасочи кон договор со Ал Хилал во врска со позајмицата на Кансело, а потоа во иднина да смисли како да му го плати на Данецот она што тој треба да го заработи.
Можеби звучи наивно, но ова е невидена ситуација во професионалниот фудбал, барем во делот што го нарекуваме „петте најдобри лиги“.
Португалецот играше во Саудиска Арабија за годишна плата од околу 15,3 милиони евра, но Барселона ќе му плати само една третина од таа сума. Иако изгледа изводливо, со оглед на тоа што должи над една и пол милијарда евра, Барса не би можела да го оправда овој трошок во текот на натпреварувачката сезона.
Кансело ќе биде позајмен до крајот на сезоната, Барселона ќе плаќа околу една третина од неговите приходи во Ал Хилал (каков е интересот на Саудијците, тоа е посебна приказна), а Кристенсен очигледно ќе го добие својот дел подоцна кога ќе се отвори простор во најотворениот буџет во европскиот фудбал.
Foto/ depositphotos
Спорт
Аморим го чинеше Манчестер Јунајтед 32.000.000 евра
Манчестер Јунајтед го отпушти Рубен Аморим по само 14 месеци, а неговиот неуспешен престој во редовите на повеќекратните европски шампиони го чинеше клубот речиси 32 милиони евра.
Португалецот беше повикан во тренинг-центарот во Карингтон во понеделникот, каде што извршниот директор Омар Берада и спортскиот директор Џејсон Вилкокс му врачија отказ по несогласувањата со клупските челниви, пред сите со Вилкокс.
Само отпремнината на Аморим е 10 милиони евра, со што вкупната цена на неговиот престој на „Олд Трафорд“ се искачи на неверојатни 32 милиони евра.
Јунајтед му плати 9,5 милиони евра на Спортинг Лисабон во октомври 2024 година за да го донесе Аморим во своете редови.
Неговата годишна плата беше 7,5 милиони евра, па отпремнината за остатокот од неговиот договор, кој важи до јуни 2027 година, е нешто над 11,5 милиони евра.
Клубот ќе мора да плати и за петчлениот тренерски персонал што пристигна со него од Португалија.
Foto/ depositphotos

