Спорт
Салихамиџиќ со закана: Ако го фатам кртот во Баерн, замислете што ќе му направам!
Нико Ковач, тренерот на Баерн Минхен може малку да здивне откако неговиот тим одигра уверливо против Бенфика во Лигата на шампионите, победа од 5:1 синоќа.
Спортскиот директор на клубот, Босанецот Хасан Салихамиќ рече дека и викендов Ковач ќе биде на…


Нико Ковач, тренерот на Баерн Минхен, може малку да здивне кога неговиот тим одигра уверливо против Бенфика во Лигата на шампионите, победа од 5:1 синоќа.
Спортскиот директор на клубот, Босанецот Хасан Салихамиќ, рече дека и викендов Ковач ќе биде на кормилото на клубот.
„Конечно, пак изгледавме како Баерн“, порача тој.
Прашан за тоа дали има крт во клубот кој ги шепнува информациите за внатрешните работи во клубот, Салихамиџиќ беше дециден:
„Може само да замислите што ќе му направам ако го фатам“.
Hasan Salihamidžić threatens the mole: “You can just imagine what would happen if I catch him!” [Sport1] pic.twitter.com/5HAtlE6zTI
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) November 27, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Пирели влегува во Мото ГП за нова ера од 2027 година

Пирели ќе стане официјален снабдувач на гуми во „карлската класа“ од 2027 година, кога категоријата започнува нова ера во која моќноста на моторот ќе се намали од 1.000 на 800 кубни сантиметри.
Италијанскиот производител на тој начин ќе го замени Мишлен и ќе стане единствен снабдувач во сите три класи во кои се натпреварува со моторите со внатрешно согорување. Оваа соработка ќе се прошири и во класата MoтoE, а веќе ги вклучува и повеќето од пониските категории.
Светскиот шампионат и Пирели моментално работат на последните детали од договорот, кој ќе биде ексклузивен и ќе трае до крајот на 2031 година.
„Стратегијата да се има еден добавувач на гуми за сите класи ќе обезбеди совршен развојен пат за идните шампиони да ги покажат своите вештини на патеката. Наскоро ќе бидат објавени дополнителни детали за самите гуми и спецификациите кои Пирели ќе ги испорача“, се вели во соопштението на владеачкото тело на светскиот мотоциклизам, Дорна.
Во однос на моменталната ситуација, Дорна нагласи дека француската компанија ќе продолжи да дава техничка поддршка и првокласна технологија, гарантирајќи безбедност и одлични трки во најсилната класа во светот.
Минатиот викенд во Тајланд започна овогодинешниот Мото ГП шампионат, победи Марк Маркез на Дукати, а следната трка ќе се вози во Аргентина, од 14 до 16 март.
Спорт
Македонските кошаркари во вториот шешир за претквалификациската ждрепка за СП 2027 година

Фото/ kfsm.mk
Кошаркарската репрезентација на Македонија од вториот шешир ќе го чека извлекувањето на групите за претквалификациските групи за СП 2027 година. Извлекувањето на групите ќе се одржи на 14 март.
Репрезентациите ќе бидат извлечени во четири групи, а двете најдобри селекции од секоја група ќе се пласираат во европските квалификации. Тие ќе им се приклучат на репрезентациите (24) кои ќе учествуваат на овогодинешниот Евробаскет, за кој македонската кошаркарска репрезентација не успеа да се пласира.
Секоја екипа ќе одигра по четири натпревари, два дома и два на гости, а овие натпревари ќе се одиграат во периодот од 2. до 13. август годинава.
Првата група:
Хрватска
Украина
Унгарија
Бугарија
Втора група:
Холандија
Македонија
Данска
Словачка
Трета група:
Швајцарија
Романија
Австрија
Норвешка
Спорт
Газдарицата на Лејкерси откри зошто се случи размената Дончиќ-Дејвис

Сопственичката на Лос Анџелес Лејкерс, Џини Бас, откри нови детали за трејдот на Лука Дончиќ.
Бас откри дека Ентони Дејвис не бил задоволен од улога што ја има во тимот, што ги натерало Лејкерси да се согласат на овој трејд.
„Дејвис се жалеше на позицијата на која играше“, изјави Бас, додавајќи дека одлуката за трејд била корисна за двете страни, пренесува „Баскетњуз“.
Иако Дејвис не побара експлицитно трејд пред да биде вклучен во договорот со Маверикс, јасно е дека тој не беше целосно среќен во Лос Анџелес. Дејвис јасно ставаше на знаење дека сака да игра на својата природна позиција, како крилен-центар, а не како центар.
Исто така, според новинарот Тим Бонтемпс, Далас планира да го трејдува Дејвис во текот на летото за да ја искористи максимално неговата вредност, бидејќи „Маверикс немаат шанси да освојат прстен со овој тим“.
„Губевме во плеј-офот од Денвер Нагетс во последните три години и навистина немавме ништо што изгледаше поинаку за претстојниот плеј-оф“, додаде Бас.
Дејвис играше за Лејкерс од 2019 до 2025 година, помагајќи му на тимот да го освои шампионскиот прстен во 2020 година. Пред да биде разменет, тој имаше просек од 25,7 поени, 11,9 скока и 2,1 блокади по натпревар.
Сепак, неговото деби на Маверикс на 8. февруари не можеше да биде полошо.
Дејвис заработи повреда на левиот адуктор, поради што еден месец е надвор од терените.