Спорт
Сари не смета на Мосес и Дринквотер
Менаџерот на Челси, Маурицио Сари, најави дека двајца играчи ќе го напуштат клубот во јануарскиот преоден рок.
Станува збор за Виктор Мозес и Дани Дринквотер, играчи што речиси и да не играат оваа сезона и за кои Сари нема место во својата фудбалска фи…


Менаџерот на Челси, Маурицио Сари, најави дека двајца играчи ќе го напуштат клубот во јануарскиот преоден рок.
Станува збор за Виктор Мозес и Дани Дринквотер, играчи што речиси и да не играат оваа сезона и за кои Сари нема место во својата фудбалска филозофија.
Дринквотер од почетокот на сезоната одиграч само еден натпревар и тоа во август во Лига купот, додека Нигериецот Мозес на теренот минал само 176 минути.
„Мислам дека сеитуацијата со Дринквотер не е добра, бидејќи на неговата позиција имам двајца играчи со поинакви карактерситики. Уште пред два натпревари му кажав што мислам за целата ситуација во која се наоѓа. Мозес има повеќе опции за бочните позиции. Не знам дали има иднина за нив двајца во Челси. Мора да напредуваат“, рекол Сари.
Тренерот на Челси исто така рекол дека најдобро за Рубен Лофтус-Чик ќе биде во јануари да замине некаде на позајмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Аталанта среде Торино му одржа час по фудбал на Јувентус

Фудбалерите на Аталанта на Јувентус му одржаа фудбалска лекција во Торино, кој изгледаше како тим кој се бори за опстанок, а не како да се наоѓа на четвртото место на табелата. Конечниот резултат беше 4:0 за Ла Деа.
По 28. рунди во Серија, Аталанта е трета на табелата со два бода помалку од Наполи и три од лидерот Интер. Многу работи ќе бидат појасни во борбата за титулата веќе во следното коло кога Аталанта ќе го пречека Интер.
По првиот дел Јуве губеше само со 0:1. Ретеги погоди од пенал и го постигна 22. гол сезонава.
Дебаклот на Јувентус дојде во вториот дел. По само 40 секунди игра Де Рон ја зголеми предноста, а потоа погодија и Запакоста во 66. и Лукман во 77.минута.
Спорт
(Видео) Ленард со звукот на сирената им пресуди на Сакраменто Кингс

Лос Анџелес Клиперс го совлада Сакраменто со 111:110 по продолжение на домашен терен во Инглвуд. Клиперси го забележаа третиот последователен триумф во НБА лигата.
Најефикасен во тимот на Клиперс беше Џејмс Харден со 29 поени, 11 асистенции и девет скока. Хрватскиот центар Ивица Зубац додаде 22 поени и 14 скока, додека Дерик Џонс Јуниор постигна 17 поени, исто како и Каваи Ленард, кој го постигна победничкиот кош во последната секунда од продолжението.
Демар Дерозан беше најефикасен кај Сакраменто со 31 поен, 10 асистенции и седум скока. Зак ЛаВин додаде 30 поени и седум скока, додека Киган Мареј имаше 15 поени и шест скока. Јонас Валанчиунас забележа девет поени, 17 скока и седум асистенции.
Клиперси се осми во Западната конференција со 35 победи и 29 порази, додека Сакраменто е деветти со скор 33/30.
НБА, резултати:
Њу Орлеанс Пеликанс – Мемфис Гризлис 104:107
Филаделфија – Јута Џез 126:122
Милвоки Бакс – Кливленд Кавалирс 100:112
Минесота Тимбервулфс – Сан Антонио Спарс 141:124
Портланд Трејл Блејзерс – Детроит Пистонс 112:119
Лос Анџелес Клиперс – Сакраменто Кингс 111:110
Спорт
„Ја навредив Барселона, а Меси не зборуваше со мене три месеци“

Аргентинскиот фудбалер Леандро Паредес изјави дека откако во една прилика го навредил фудбалскиот клуб Барселона, неговиот сонародник Лионел Меси не сакал да разговара со него цели три месеци.
Меси играше за Барселона 23 години, каде што се прослави, освојувајќи 10 титули во шпанската лига, четири трофеи во Лигата на шампионите и седум трофеи во Копа дел Реј. Постигна 672 гола, со што стана рекордер за каталонскиот клуб.
Тој го напушти клубот во 2021 година и се пресели во Пари Сен Жермен, а две години подоцна потпиша за Интер Мајами.
Додека играл за Пари Сен Жермен, Паредес упатил серија навреди кон Барселона за да ги мотивира своите соиграчи во мечот од Лигата на шампионите во февруари 2021 година, кој францускиот клуб го доби со 4:1. Зборовите на Паредес стигнале до Меси, кој птооа не сакал да разговара со соиграчот од националниот тим.
„Не разговаравме околу три месеци. Се чувствував навистина лошо. Му испратив порака следниот ден, а потоа уште една. Две недели подоцна, му напишав: „Не беше насочено кон тебе, не сакав да те навредам”. Но, тој не одговори. Не одговори во следните три месеци”, изјави Паредес за „Infobae“.
„Поминаа три месеци и си помислив: „Сега треба да видам како ќе реагира“. Но не, феномен, феномен. Истиот ден стигнавме на тренинг кампот на репрезентацијата, јас стигнав малку порано и тој дојде во мојата соба. Ги мијав забите, навистина беше рано, а тој ме поли со вода и ми рече: „Што правиш толку рано?“ “, додаде Паредес.
Меси и Паредес овој месец ќе играат за репрезентацијата на Аргентина во квалификациите за СП 2026 година, на натпреварите против Уругвај и Бразил.