Спорт
Саутгејт тренер на годината во Англија
Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, во изборот на Би-би-си е најдобар тренер во годината што изминува.
Саутгејт ја предводеше Англија до полу-финалето на Светското првенство во Русија, а во Лигата на Нации избори пласма…


Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, во изборот на Би-би-си е најдобар тренер во годината што изминува.
Саутгејт ја предводеше Англија до полу-финалето на Светското првенство во Русија, а во Лигата на Нации избори пласман на завршниот турнир.
Поранешниот репрезентативец, селекторт на Англија стана во декември 2016 година, откако Сем Алардајс доби отказ. Претходно ја предводеше младата селекција на Англија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Мексиканка постигна гол каков што не сте виделе досега

Мексиканската фудбалерка Лизбет Овале постигна гол каков што ретко се гледа дури и во машка конкуренција.
Овале ја погоди мрежата со „превртена скорпија“ во победата на нејзиниот Тигре од 2-0 над Гвадалахара.
Мексиканката одлично се снајде по нафрлената топка на Шпанката Џенифер Хермосо и ја погоди далечната статива.
Хермосо, која е во центарот на вниманието од 2023 година поради скандалозниот бакнеж со поранешниот претседател на шпанската ФА, Луис Рубиалес, за кој тој беше осуден, во неверување падна на колена.
We've never seen a goal like the goal Lizbeth Ovalle scored for Tigres last nightpic.twitter.com/dmiwSCrdZE
— COPA90 (@Copa90) March 4, 2025
Спектакуларен гол на кој би му позавидил и Златан Ибрахимовиќ, специјалист за неверојатни голови.
Спорт
Ферари ја однесе првата победа во новата сезона

Формула 1 тимот Ферари го доби судскиот спор со штого спречи неговиот поранешен технички директор Енрико Кардило да започне со работа во Астон Мартин до 18 јули.
Кардило го напушти Ферари за да стане технички директор во Астон Мартин, а двата тима оттогаш водат спор кога тој треба да ја започне својата нова работа.
Ферари во соопштението наведе дека Кардило „веќе ја прекршил антиконкурентската клаузула со Ферари“ и дека пресудата ја донел судијата во Модена „пред неколку недели“, објави Би-Би-Си.
Во соопштението се додава дека целта на релевантната клаузула во договорот на Кардило „е токму да се спречат другите Формула 1 тимови да стекнат неправедна предност со тоа што ќе го вработат Кардило порано од дозволеното и со тоа да му нанесат непоправлива штета на Ферари“.
Астон Мартин во соопштението рече дека „оваа работа е меѓу Енрико и Ферари, како и нивните правни застапници во Италија“ и дека тие „ќе ќе се огласат кога ќе биде потребно“.
Законската победа на Ферари значи дека Кардило нема да може да започне да работи во Астон Мартин додека болидот на тимот од 2026 година е во фаза на развој.
Спорт
Дресот на Бекенбауер ќе виси под покривот на стадионот на Баерн

Баерн Минхен објави дека дресот на легендарниот играч на клубот Франц Бекенбауер во иднина ќе виси под покривот на стадионот „Алијанц Арена“.
Дресот со број пет ќе биде изложен во огромна големина, за да може да го видат сите присутни на стадионот, а премиерно ќе биде прикажан на претстојниот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Баер Леверкузен во среда.
Баерн додаде дека ова е начин да му се оддаде почит на Бекенбауер по повод 125-годишнината на клубот.
„Воодушевени сме што клубот му оддава почит на Франц Бекенбауер на овој извонреден начин на „Алијанц Арена“, откако нашите членови на генералниот состанок одлучија неговиот дрес со број пет да биде повлечен. Спортското срце на Баерн Минхен е дома на овој стадион и длабоката поврзаност на клубот со нашиот „Кајзер“ секогаш треба да се покажува на натпреварите“, изјави претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер.
Бекенбауер одигра 584 натпревари и постигна 75 гола за Баерн Минхен во периодот од 1964 и до 1977 година. По завршувањето на кариерата беше тренер и претседател на германскиот клуб.