Спорт
Светски рекорди за Пити и Келсников
Паднаа два светски рекорди на Европското првенство во пливање, што се одржува во Глазгов, Шкотска.
Русинот, Климент Келсников победи на трката на 50 метри грбно. Тој делницата ја исплива со време на нов светски рекорд. Новиот рекорд изнесува 24 секунди…


Паднаа два светски рекорди на Европското првенство во пливање, што се одржува во Глазгов, Шкотска.
Русинот, Климент Келсников победи на трката на 50 метри грбно. Тој делницата ја исплива со време на нов светски рекорд. Новиот рекорд изнесува 24 секунди. Среброто на оваа трка го освои Рпберт Глинта од Романија, а бронзата Ирецот Шејн Рајан.
Светскиот рекорд напд на и на двојно подолгата патека во оваа дисциплина. Најдобриот во иваа дисциплина Британецот Адам Пити делницата од 100 метри ја исплива со време од 57 секунди. Среброто го освои неговиот сонародник Џејмс Вилби, а бронзата Русинот Антон Чупков.
Швеѓанката Сара Сјестрем победи во трката на 50 метри слободно со нов европски рекорд (23,74 секунди). Швеѓанката освои злато и во трката на 100 метри пеперутка. Во целта таа имаше време 56,13 секунди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ширер: Кога го гледам Хојлунд, гледам оштетен напаѓач

Легендарниот англиски фудбалер Алан Ширер остро го критикуваше напаѓачот на Манчестер јунајтед, Расмус Хојлунд.
Екипата на Манчестер јунајтед не успеа да го победи Вулверхемптон во Премиер лигата, по епскиот пресврт против Лион во Лигата на Европа, со резултат 5:4.
Избраниците на Рубен Аморим не блескаа на овој меч, а доказ за тоа е фактот што во текот на целиот меч упатија само два удари кон голот, па гостите немаа проблем да ја зачуваат мрежата на „Олд Трафорд“.
„Кога го гледам Хојлунд, гледам оштетен напаѓач. Мислам дека не беше и не е подготвен да го води нападот во клуб каков што е Манчестер јунајтед. Три гола во Премиер лигата, во моментов гледам играч кој навистина не сака да учествува. Неговиот тајминг е целосно погрешен, нема сомнеж дека страда од криза на самодоверба”, истакна најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата.
Данскиот фудбалер е платен дури 74 милиони евра, но моментално не го испроачува она за што е платен.
„Ставен е во исклучително тешка ситуација, но мислам дека во него се крие добар играч. Сепак, големите пари кои се одвоени за него и нереалните барања го ставија под огромен притисок. Тој се уште не е подготвен да го води нападот”.
Спорт
Џеко и Тадиќ ќе го напуштат Фенербахче

Епизодата на Душан Тадиќ и Един Џеко во Фенербахче очигледно е завршена.
Тандемот ветерани на Жозе Мурињо повторно се најде во центарот на трансфер шпекулациите, откако по ремито со Кајзериспор (3:3), Фенер речиси ги загуби шансите за титулата. На шест кола до крајот тимот на Муруњо заостанува пет бода зад лидерот Галатасарај.
Турскиот новинар Бариш Јурдувесен тврди дека знае каде ќе бидат наредната сезона двајцата ветерани.
Според неговите информации, Тадиќ ќе се врати во Ајакс, додека Џеко се сели во Сплит во тимот на Хајдук.
„Не постои силашто ќе ги продолжи договорите на Џеко и Тадиќ. Фенербахче нема ни да седне на маса со двајцата. Јас бев првиот што кажа дека Тадиќ потпиша со Ајакс, па европските медиуми ја искористија веста цитирајќи ме мене и ТРТ Спорт. Сега најавувам дека Џеко потпиша договор со Хадук, исто така мислам дека тој таму има приватен бизнис, мислам дека има хотел“, напиша Јурдувесен на социјалните мрежи.
Двајцата фудбалери оваа сезона одиграа по 48 натпревари. За тоа време Тадиќ собра 13 гола и 18 асистенции, а Џеко 19 гола.
Спорт
(Видео) Бетис за полувреме ја реши Џирона – Миовски повторно не играше

Фудбалерите на Бетис убедливо ја победија Џирона на гости со резултат 3:1 (3:0) во последниот натпревар од 32.коло на шпанската Ла Лига. Македонскиот репрезентативец, Бојан Миовски, поразот на својот тим го гледаше од клупата за резерви.
Полуфиналистот од Конференциската лига ја продолжи добрата форма на стадионот „Монтилви“ и до крајот на сезоната ќе води голема борба за пласман во Лигата на шампионите. .
Веќе во шестата минута Џони Кардосо на додавање на Иско ја најави победата на тимот од Андалузија.
Во 39. минута Антони го удвои водството, а три минути подоцна Иско зголеми на 3:0.
Џирона во вториот дел успеа само да постигне утешен гол преку Кристијан Стуани во 86. минута.
Бетис, сега е на шестата позиција со 51 освоен бод, додека Џирона е на 16. место со 34 бодови и до крајот на сезоната ќе се бори за опстанок во лигата.