Спорт
СЕХА: Се справуваше со Вардар, а дома го тресна Нексе, Мешков сè подалеку од Ф4
СЕХА лигата носи нови возбудувања и изненадувања. Изминатиот викенд белоруски Мешков Брест одигра реми дома против Вардар во ЛШ, а предмалку тимот што има аспирации за Ф4 турнирот во регионалното натпреварување доживеа домашен пораз од Нексе 25:30.
Прв…


СЕХА-лигата носи нови возбудувања и изненадувања. Изминатиот викенд белоруски Мешков Брест одигра реми дома против Вардар во ЛШ, а предмалку тимот што има аспирации за Ф4-турнирот во регионалното натпреварување доживеа домашен пораз од Нексе 25:30.
Првото полувреме беше изедначено, а во вториот дел домаќините се изгубија на теренот.
Во главната улога кај тимот од Нашице беше доскорешниот бек на скопски Металург, Халил Јагањац, кој имаше 7 погодоци од 9 упатени удари кон голот, надополнето со 5 асистенции. Подобар од него кај гостите беше само Томи Возаб со 9 гола.
Кај домашниот тим дури тројца играчи, Ѓорѓиќ, Ѓукиќ и Кулак, постигнаа по 4 погодока.
Нексе, по оваа победа, сега се наоѓа на втората позиција на табелата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Реал го победи Јувентус, Ливерпул ја прекина црната серија, Баерн лансираше ново тинејџерско чудо

Комплетирано е третото коло во Лигата на шампионите. Максимален учинок досега имаат само шампион Пари Сен Жермен, финалистот од минатата сезона Интер, водечкиот тим во Премиер лигата, Арсенал, односно Баерн Минхен и Реал Мадрид.
Дербито се одигра на „Сантијаго Бернабу“ во Мадрид. Реал го пречека Јувентус и славеше со 1:0 со голот на Белингем во 57-та минута.
Реал доминираше, создаваше шанси, но и Јувентус неколку пати беше иксклучително опасен пред голот на Куртоа. Непосредно пред голот на Белингем, Влаховиќ не реализираше во ситуација „еден на еден“ со Куртоа.
Ливерпул во Франкфурт, против најлошата одбрана во Лигата на шампионите ја прекина низата од четири порази. Ајнтрахт први постигнаа гол, но потоа Ливерпул жестокот одговори. До крајот на мечот „црвените“ постигнаа пет гола.
Баерн со 4:0 славеше во дуелот со Клуб Бриж. Натпреварот го обележа тинејџерот Ленарт Карл. Дебитираше во Лигата на шампините и по само четири минути постигна гол. Стана најмладиот стрелец за Баерн во историјата на елитното натпреварување.
Тинеџерите го обележаа и натпреварот меѓу Челзи и Ајкас (5:1). „Сините“ доминираа бидејќи од 15-та минута играа со фудбалер повеќе. Тројца тнејџери: Гиу, Естевао и Џорџ постигнаа по еден гол.
Резултати: Ајнтрахт Франкфурт – Ливерпул 1:5, Монако – Тотенхем 0:0, Баерн – Клуб Бриж 4:0, Реал Мадрид – Јувентус 1:0, Аталанта – Славија Прага 0:0, Челзи – Ајакс 5:1 и Спортинг Лисабон – Олимпик Марсежј 2:1.
Спорт
(Видео) Блат со тројка од осум метри го сруши Реал

Кошаркарите на Макаби го победија Реал Мадрид со резултат од 92:91 (17:27, 40:21, 19:26, 16:17) во првиот натпревар од 6. коло од Евролигата.
Реал Мадрид го доживеа вториот пораз во Белград, откако минатата недела беше поразен од Црвена звезда, вечерва загуби од Макаби со тројката на Тамир Блат на четири секунди до крајот.
Tamir Blat baca na kolena Real Madrid i nanosi im novi poraz. pic.twitter.com/Xvf06IxZKP
— Zicer Portal&Podcast (@zicer_portal) October 22, 2025
Макаби повторно беше блиску да загуби добиен меч, кој ќе се памети по тројката на Блат и 40-те поени што ги постигнаа кошаркарите на Макаби во втората четвртина.
Израелците имаа сигурна предност од осум поени на три минути до крајот, но Кампацо го врати Реал во натпреварот, а со неговите поени го презеде водството (90:92).
Потоа Блат од осум метри погоди тежок шут, Реал имапе четири секунди, одиграа играчите на Скариоло добар напад, но Хезоња не успеа да погоди.
Лони Вокер беше најефикасен со 27 поени, од кои 20 постигна во втората четвртина, а имаше и 2 скока и 4 асистенции. Роман Соркин постигна 21 поен со 6 скока и 3 асистенции, Ошај Брисет додаде 18, а херојот Тамир Блат забележа 12 со 2 скока и 9 асистенции.
Во редовите на Реал, Хезоња постигна 24 поени и имаше 8 скока и 3 асистенции, Факундо Кампацо 14 поени и 5 асистенции, Усман Гаруба 12 поени и 2 скока, а Тео Маледон заврши со 11 поени.
Спорт
Спенсер Динвиди во Олимпијакос

Американскиот кошаркар Спенсер Динвиди е нов играч на грчки Олимпијакос, ексклузивно објавува „Телеспорт“.
Искусниот кошаркар, кој целата своја кариера ја помина во НБА каде што имаше забележителен настапи, одлучи да се пресели во Европа, откако не доби договор за сезоната во НБА лигата.
Одличниот шутер беше поврзуван со бројни европски тимови, вклучувајќи ги српските клубови Црвена звезда и Партизан, се шпекулираше дека Ефес е најблиску до неговиот потпис, но 32-годишниот Динвиди се одлучи за Грција и Олимпијакос.
Во НБА, Динвиди играше за Детроит, Бруклин, Вашингтон, Далас и Лејкерси, а своите најдобри натпревари ги одигра во дресот на Нетси, особено истакнувајќи се во сезоната 2019-20, кога во просек постигнуваше над 20 поени по натпревар.
Динвиди играше за Далас минатата сезона и во просек постигнуваше 11 поени.