Спорт
Сигурдсон ја заврши сезоната, неизвесен е и СП
За играчот на Евертон Гилфи Сигурдсон сезоната е завршена, а споре првичните наоди под голем знак прашалник е и неговиот настап на Светското првенство во Русија.
Исланѓанецот имал „многу оштетени лигаменти“ на десното колено. Со повредата се здобил во …


За играчот на Евертон, Гилфи Сигурдсон, сезоната е завршена, а според првичните наоди, големо прашање е и неговиот настап на Светското првенство во Русија.
Исланѓанецот имал многу оштетени лигаменти на десното колено. Повредата ја добил во саботата на натпреварот против Брајтон.
Како што пренесуваат англиските медиуми, братот на Сигурдсон, Олафи Мар, за порталот football.net изјавил дека се работи за многу потешка повреда од она што претпоставувале во клубот.
Многу веројатно е дека ќе биде потребна и операција, што значи дека паузата би можела да изнесува девет месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Анчелоти откри дали ќе го преземе Бразил

Сè почеста тема меѓу Шпанците, а всушност и целата светска јавност беше дали Карло Анчелоти ќе го преземе тренерскиот штаб на бразилската фудбалска репрезентација.
Овие приказни дополнително се разгореа по дебаклот против Аргентина и отказот што му беше врачен на селекторот Доривал во петокот.
Бразил, без сомнение, тргна по Анчелоти, но тој уште еднаш демантираше дека ќе седне на клупата на репрезентацијата со најмногу мундијали во историјата на фудбалот.
„Не“, кратко и јасно порача Анчелоти.
Се веруваше дека поради неговите многу добри односи со Винисиус, Родриго, Ендрик, Едер Милитао, Касемиро може да се реши на таков чекор, но тоа очигледно нема да биде така.
„Имам договор со Реал Мадрид и немам што да додадам на таа тема. Ја почитувам бразилската репрезентација, нејзините играчи и навивачи, но имам договор со Реал Мадрид и се е јасно“, додаде Анчелоти.
Спорт
Средба на Ѓоковиќ и Меси во Мајами

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во првото финале оваа сезона. Тој во полуфиналето на турнирот Мастерсот во Мајами го победи Григор Димитров со 6:2, 6:3 во „најстариот“ полуфинален меч во историјата на турнирот од серијата 1.000. Двајцата заедно имаат 71 година и 262 дена.
Ѓоковиќ победата ја забележа пред Лионел Меси, кој настапува за Интер Мајами и дојде да го гледа полуфиналето на Мастерсот.
„Голема чест и задоволство, многу ми значи што Лео дојде. Мислам дека првпат играм пред него во живо. Му благодарам што е тука со семејството. Му се восхитувам, како и повеќето луѓе во светот, бидејќи има неверојатна кариера. Ние сме на иста возраст, 1987 година, и убаво е што е тука“, изјави по мечот Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ и Меси потоа се запознаа, а ги поврза поранешниот аргентински тенисер и пријател на Меси, Хуан Мартин дел Потро. Меси и Ѓоковиќ си разменија подароци и се фотографираа заедно. Ѓоковиќ му подари на Меси маица со натпис: „На семејството Меси, со љубов“.
Спорт
Перез го губи трпението со Винисиус – Реал размислува да го продаде Бразилецот

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез размислува да го продаде Винисиус Жуниор, откако преговорите околу новиот договор на фудбалерот не се мрднати од почетната точка. „Марка“ тврди дека Перез ова му го соопштил на менаџерот на Бразилецот.
Реал, поточно првиот човек на клубит, очекуваше дека лесно ќе се договори со менаџерот на Винисисус, откако побрза да му понуди нов договор, поради интересот од Саудиска Арабија.
„Марка“, објави дека Перез е разочаран од пристапот на Винисиус и неговиот менаџер кога е во прашање новиот договор затоа што бара неверојатни суми пари за да остане во Реал, што на крајот може да му се врати како бумеранг.
Тие наведуваат дека Перез го губи трпението, што покажал на состанокот одржан пред неколку дена со менаџеот на Винисиус и дека дури во еден момент рекол дека ќе го продаде Бразилецот доколку продолжат со своите нереални барања.
Реал Мадрид е фрустриран што преговорите воопшто не напредувале во изминатите неколку месеци и Перез наводно му дал до знаење на Винисиус дека ќе биде продаден на лето доколку наскоро не одлучи дали ќе го продолжи договорот или не.