Спорт
Синиша Михајловиќ е нов тренер на Спортинг
Синиша Михајловиќ (49) прв пат во тренерската кариера ќе работи надвор од Италија, откако потпишал три годишен договор со Спортнг Лисабон. Српскиот тренер на клупата ќе го наследи Жорж Жесус, а довербата на контроверзниот претседател на Спортинг, Брубо…


Синиша Михајловиќ (49) првпат во тренерската кариера ќе работи надвор од Италија бидејќи потпишал тригодишен договор со Спортнг Лисабон. Српскиот тренер на клупата ќе го наследи Жорж Жесус, а довербата на контроверзниот претседател на Спортинг, Брубо де Карваљо, ја добил пред Матијас Алмеида и Петер Бош.
Михајловиќ во Спортинг доаѓа во многу чувствителен момент кога седуммина фудбалери побараа да ги раскинат договорите со клубот.
Спортинг зад себе има лоша сезона, во текот на првенството не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите, а од Авес го загуби и финалето на Купот.
Поради тоа, но и испаѓањето во четврт-финалето во Лига Европа, десетина хулигани ги нападнаа играчите во клупскиот тренинг-камп. Најлошо мина најдобриот стрелец Бас Дост.
Србинот е познат како темпераментен тренер, што од своите фудбалери бара челична дисциплина.
Времето ќе покаже како тој ќе функционира со не помалку темпераментниот претседател на Спортинг.
Михајловиќ во тренерската кариера работел во Болоња, Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и со Торино, а една година (2012-2013) бил и селектор на Србија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Најдете си друг селектор ако не ви се допаѓа играта“

Српскиот селектор, Драган Стојковиќ Пикс, пред квалификацискиот дуел со Албанија во Тирана, најавуваше победа на неговата репрезентација, на крајот беше и повеќе од задоволен со освоениот бод.
Голманот на Челзи, кој минатата сезона бранеше на позајмица во Стразбур, Ѓорѓе Петровиќ, се претоври во апсолутен херој на Србија, откако на истекот на првиот дел го одбрани пеналот што го изведе Манај.
Пикси на прес-конференцијата бурно реагираше на констатацијата дека најавувал победа, а се задоволил со еден бод.
„Не ви се допадна играта? Не? Тогаш најдете друг селектор“, рече Стојковиќ и дополни.
„Не е лесно да се игра тука, а ние покажавме карактер. Не се исплашивме од атмосферата, која беше фантастична, честитки до навивачите на Албанија“.
Пиксеи изненади и со оваа изјава бидејќи српските фудбалери во текот на целиот натпревар беа наредувани, а тројца беа погодени и со предмети од трибините.
„Атмосферата беше фантастична. Што се однесува до овие други работи, тие беа очекувани. Бевме фокусирани на играта.“
Спорт
Челзи се договорил со Гитенс, Борусија Дортмунд сака повеќе пари

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејми Гитенс, е цел на Челзи. Клубот и фудбалерот ги договориле финансиските детали, по што во Дортмунд е испратена понида за крилниот напаѓач.
Челзи ѝ нуди на Борусија 35 милиони евра обештетување за 20-годишникот, додека во Дортмунд бараат најмалку 50 милиони за да дадат зелено светло за трансферот.
Англичанецот побарал дозвола за трансфер од челниците на клубот, а бундеслигашот го гледа тоа како идеална можност сериозно да профитира од уште еден многу талентиран фудбалер од своите редови.
Гитенс имаше одличен почеток на сезоната, беше една од ретките светли точки под водство на поранешниот тренер на „милионерите“, Нури Сахин, но кај Нико Ковач и не беше толку добар.
Хрватскиот стратег често го форсираше системот без вистински крилни напаѓачи, но Гитенс повторно се бореше за поголема улога на крајот од сезоната.
Џејми одигра вкупно 48 натпревари во сите натпреварувања, со учинок од 12 гола и 3 асистенции.
На Челзи му се потребни засилувања на крилните позиции откако се раздели со позајмениот играч на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо, но и поради суспензијата на Микаил Мудрик поради позитивен допинг тест.
Гитенс (20) играше во младинските тимови на Рединг, Челзи и Манчестер Сити, а е член на Борусија од 2020 година.
Спорт
Мекинтош го урна светскиот рекорд на 400 метри слободно

Канадската пливачка Самер Мекинтош го собори светскиот рекорд на 400 метри слободен стил со време од 3:54.18 минути на националното првенство во Монтреал.
Мекинтош, трикратна олимписка шампионка и поранешна светска рекордерка во оваа дисциплина, го собори претходниот светски рекорд од 3:55,38, поставен од Австралијката Ариарне Титмус на Светското првенство во Фукуока, Јапонија, за повеќе од една секунда.
„Уште од вечерта знаев дека мојот тренинг во последните неколку месеци беше навистина добар и дека можам да направам нешто посебно. Но, не мислев дека моето време ќе биде толку добро, па затоа сум навистина среќна“, рече 18-годишната Мекинтош.
На Светското првенство во Сингапур, кое ќе се одржи од 11 јули до 3 август, таа ќе учествува во седум дисциплини, вклучувајќи ги 400 метри слободно, 800 метри слободно, 400 метри мешано, 200 метри мешано, 200 метри слободно, 200 метри пеперутка и 200 метри грбно. Таа објави дека планира да се натпреварува во пет дисциплини.
Мекинтош освои злато во 200 метри пеперутка, 200 метри мешано и 400 метри мешано на Олимписките игри во Париз минатата година. Во Сингапур ќе се обиде да додаде уште едно злато, а досега има четири светски титули.