Спорт
Сити продолжува да „гази“ во Премиер лигата, на +5 од Ливерпул (видео)
Англискиот шампион Манчестер сити стигна до својата 13 победа во 15-тото коло од Премиер лигата, откако на гостувањето кај Ватфорд имаше рутинска 2:1 победа благодарение на головите на Лирој Сане и Ријад Марез, пред домаќините да постигнат гол во финиш…


Англискиот шампион Манчестер сити стигна до својата 13. победа во 15-тото коло од Премиер лигата, откако на гостувањето кај Ватфорд имаше рутинска 2:1 победа благодарение на головите на Лирој Сане и Ријад Марез, пред домаќините да постигнат гол во финишот на натпреварот.
Со оваа победа, „граѓаните“ избегаа на пет поени пред Ливерпул на табелата, иако „црвените“ имаат меч помалку.
Брајтон го доби „жестокото“ дерби со Кристал Палас со 3:1, Вест хем се „истури“ на Кардиф со 3:1, додека Бурнемаут со 2:1 го доби дербито на „средината“ со Хадерсфилд.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 15.КОЛО
Бурнемаут – Хадерсфилд 2:1
Брајтон – Кристал палас 3:1
Вест хем – Кардиф 3:0
Ватфорд – Манчестер сити 1:2
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Целта на Арсенал е да ја освои Лигата на шампионите“

Деклан Рајс, фудбалерот на Арсенал го најави освојување на Лигата на шампионите.
Арсенал оваа сезона стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, а во четвртфиналето го исфрли Реал Мадрид, убедливо со вкупен резултат 5:1.
Еден од хероите на тимот од Лондон изјави дека целта на Арсенал е да ја освои Лигата на шампионите оваа сезона.
„Средата беше исклучителна ноќ за нашиот клуб, историска ноќ. Имаме цел во ова натпреварување, а тоа е да ја освоиме Лигата на шампионите“, рече Рајс.
Англичанецот потоа ги пофали соиграчите.
„Бевме навистина полни со самодоверба и верба дека можеме да победиме во Мадрид. Тоа што го имавме во нашите глави го спроведеме во пракса“, изјави Рајс и додаде:
„Имав чувство дека напредуваме, ова е навистина неверојатно. Завршивме неверојатна работа досега во ЛШ. Имаме верба во себе, му веруваме на тренерот без резерва, тој е неверојатен. Полуфиналето е голема работа за нас и сакаме само да уживаме во се“.
Спорт
Ван дер Варт: Ридигер е малку идиот

Рафаел ван дер Варт, поранешниот холандски репрезентативец, остро го критикуваше Антонио Ридигер.
Ван дер Варт, како и некои други поранешни играчи на Реал, деновиве жестоко го нападнаа тимот кој мора да се разбуди и да покаже повеќе на крајот од сезоната, како во шпанското првенство, така и во финалето на Копа дел Реј против Барселона.
Холанѓанецот овој пат се нафрли на еден од играчите на Карло Анчелоти за поразот од Арсенал. Во емисијата „Зиго спорт“, Ван дер Варт и неговиот сонародник Тео Јансен разговараа за инцидентот во кој, според нив, Антонио Ридигер намерно го згазил Луис-Скели од Арсенал.
Иако многумина таа ситуација ја толкуваат како нормален дел од интензивна игра и обид на Реал Мадрид да го промени резултатот, Ван дер Варт и Јансен на тоа гледаат сосема поинаку.
„Што се однесува до Ридигер, сите мислиме дека намерно кога згазна противник. Тој играше во Штутгарт додека бев во Германија. Ме удри со тупаница во стомакот и веднаш доби црвен картон… Да, знаете, тој е малку идиот“, изјави Ван дер Варт за ситуацијата во која Ридигер падна на ногата на противникот, а неговата десна нога заврши во градите на противникот.
Реал Мадрид не прифаќа такви критики и тврди дека тоа било обична ситуација во „жарот на борбата“.
Ван дер Варт за холандската телевизија заклучи дека тоа не е изолиран инцидент и дека Ридигер треба сериозно да се преиспита бидејќи таквото однесување му штети на целиот спорт.
„Додека победувате се е игра и забава, но кога губите се се менува… Сите го паметиме дуелот со Халанд… Го држеше, скокаше врз него и постојано правеше фаули. На овој начин целосно го неутрализираше на два натпревари. И тоа нешто кажува за него”, додаде поранешниот играч за врска.
Спорт
Исповед на Меси за неуспешното враќање во Барса, Гвардиола, Јамал и најважно од сè – Светското првенство 2026

Лео Меси не дава често големи интервјуа, но кога го прави тоа, целиот свет го слуша.
Аргентинецот ужива во Мајами, далеку е од кремот на европскиот фудбал, но многумина сè уште се заинтересирани за тоа што има да каже.
Во едно интервју, тој се осврна на бројни теми – Барселона, Гвардиола, Ламин Јамал, Светското првенство.
„Мојата цел по Светското првенство во Катар беше да се вратам во Барселона. Не можев да замислам да играм во кој било друг клуб. Сакав да се вратам дома, каде што сè започна. Сепак, тоа не беше изводливо. Сите ја донесовме одлуката да дојдеме во Мајами заедно, како семејство, но беше многу полесно што го освоив Светското првенство и чувствував дека освоив сè што сакав“, рече Меси.
Кога ќе се сетеше на Барселона, не можеше, а да не зборува за Гвардиола.
„Тој е на посебно ниво, над сите други. Тој е опседнат со најмалите детали, пристапува кон играта со уникатен начин на размислување и гледа работи на теренот што повеќето луѓе не ги забележуваат. Тој направи револуција во фудбалот. Тој период го споделивме и стилот на игра во Барселона, сите клубови подоцна се обидоа да го копираат“, вели Меси.
Тој зборуваше и за талентот на Ламин Јамал, кој долго време се споредува со Меси и се очекува да го земе својот број 10 од лето.
„Она што го прави Ламин е импресивно. Тој веќе стана шампион на Европа со Шпанија, а има само 17 години. Тој сè уште расте и се развива и ќе продолжи да напредува како што јас напредував со текот на времето. Тој има неверојатни квалитети и веќе е еден од најдобрите во светот, а сè уште нема ни 18 години“, рече Меси.
Најважно е што го допре Светското првенство во 2026 година.
„Би излажал ако кажам дека не размислувам за играње на Светското првенство во 2026 година. Сè уште се чувствувам одлично, дека можам да се натпреварувам на највисоко ниво. Оваа година ќе биде клучна, да се види дали сум способен и дали ќе одлучам да играм и на следното Светско првенство“, заклучи Меси.