Спорт
Сити се вратија за нова победа, Чичарито го понижи Њукасл (видео)
Шампионот од Премиер лигата, Манчестер сити не планира да го предаде првото место, откако се врати по тесното прво полувреме за 3:1 победа над Бурнемаут, нивна 12 победа во 14 кола од англиската елита.
Бернардо Силва рано ги донесе „граѓаните“ на водст…

Шампионот од Премиер лигата, Манчестер сити не планира да го предаде првото место, откако се врати по тесното прво полувреме за 3:1 победа над Бурнемаут, нивна 12 победа во 14 кола од англиската елита.
Бернардо Силва рано ги донесе „граѓаните“ на водство со гол уште во 16. минута, но на полувреме се отиде со израмнет резултат, откако гостите постигнаа гол преку Калам Вилсон во 44. минута. Рахим Стерлинг ги врати Сити на вистински пат со гол во 57. минута, пред Илкај Гундоган да го комплетира триумфот во 80. минута.
Сити имаат 38 поени на врвот на Премиер лигата, пет повеќе од Ливерпул, кои утре играат во Мерсисајд дербито со Евертон.
Добрата серија од три победи во низа на Њукасл пак, заврши со 0:3 пораз дома од Вест хем, благодарение на двата гола на Чичарито, додека Лестер стигна до 2:0 победа на Ватфорд, одбележана со фантастичниот гол на Медисон.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 14. КОЛО
Кристал Палас – Барнли 2:0
Хадерсфилд – Брајтон 1:2
Лестер – Ватфорд 2:0
Манчестер сити – Бурнемаут 3:1
Њукасл – Вест хем 0:3
Фото: ЕПА
МАНЧЕСТЕР С – БУРНЕМАУТ
ЊУКАСЛ – ВЕСТ ХЕМ
ЛЕСТЕР – ВАТФОРД
ХАДЕРСФИЛД – БРАЈТОН
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Познато е кој ќе настапи на ждрепката за СП пред Доналд Трамп
Британскиот пејач Роби Вилијамс и американската диско група Вилиџ Пипл ќе настапат на претстојното извлекување на групите за Светското првенство.
Извлекувањето ќе се одржи во центарот „Кенеди“ во Вашингтон во петок во 18 часот, а на него ќе присуствува и претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Вилиџ Пипл ќе ја изведат својата иконска песна од 1970-тите, „YMCA“, која неодамна стана синоним за предизборните митинзи на американскиот претседател.
Пи-ар службата на Трамп објави дека претстојното Светско првенство во фудбал е национален проект број еден за претседателот и дека тој ќе дејствува така и во неговата организација.
На извлекувањето ќе учествуваат 48 национални тимови, кои ќе бидат поделени во 12 групи.
Foto/ EPA
Спорт
Влаховиќ ќе паузира најмалку три месеци
Лоши вести за Јувентус кога е во прашање Душан Влаховиќ. Српскиот репрезентативец ќе мора да се оперира и ќе отсуствува долго време.
Повредата на мускулот против Каљари е толку сериозна што српскиот напаѓач ќе мора да се оперира. Одлуката е донесена, единственото прашање е каде ќе биде извршена операцијата..
Според прелиминарните проценки, Влаховиќ ќе паузира до март.
Оваа сезона, Влаховиќ постигна осум гола на 20 натпревари во сите натпреварувања, од кои само три беа во Серија А. Договорот на Влаховиќ со Јувентус истекува на крајот од сезоната, а сè уште не е постигнат договор за продолжување на соработката.
Foto/ EPA
Спорт
Ефес до февруари без Шејн Ларкин
Најдобриот играч на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, успешно е опериран во САД, објави неговиот клуб во средата.
Ларкин се повреди кон средината на ноември на натпреварот со Валенсија, а операцијата на тетивата на левата препона е успешно извршена, според соопштението на турскиот клуб.
Искусниот бек-шутер ќе паузира два месеци, па неговото враќање на теренот треба да се очекува дури на почетокот на февруари следната година.
Американскиот кошаркар со турски пасош ја игра својата осма сезона во Ефес, а пред повредата во Евролигата постигнуваше просек од 15,8 поени и 4,5 асистенции.
Foto/ EPA

