Контакт

Спорт

Скопје се разбуди со ритамот на тркачите: „Виз Ер Скопски маратон“ со нови рекорди и уникатни транспаренти

Објавено пред

Над 8.500 тркачи од повеќе од 47 земји од светот ги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, позитивен утрински дух и безброј насмевки, кои што беа вистинска инспирација за навивачките групи долж рутата на најмасовната спортска манифестација во Македонија. Ваква беше атмосферата на 18тото издание на Виз Ер Скопски маратон.

dobivaj vesti na viber

Традиционалните трки на овој маратон започнаа во 08:00 часот во центарот на главниот град, по нова патека, која се здоби со А сертификат од АИМС и Светската атлетска федерација, како големо достигнување за квалитетот на овој настан и вредноста на учеството во истиот.

Финишот на сите трки беше плоштадот „Македонија“, кој со ова издание повторно прерасна во традиционалното место за завршување на Виз Ер Скопскиот маратон.

На 18то издание на Виз Ер Скопски маратон, победник во машка конкуренција е Онесмус Киплимо Киплагат со време од 02:18:19. Второто место го освои Дарио Ивановски со време од 02:23:07, а пиедесталот го дополни Никола Илиевски со време од 02:43:28.

Во женска категорија прва до целта стигна Кетрин Черотич со време од 02:38:48, второпласирана заврши Билјана Кираџиева со време од 03:04:49 и третото место го освои Тамара Попов со време од 03:23:00.

„Виз Ер Скопскиот маратон од година во година, сè повеќе ја зголемува свеста за улогата на трчањето и спортувањето во оддржувањето на здравјето, а доказ за тоа се сè почестите тркачи низ улиците кои тренираат и се подготвуваат за маратонот во текот на целата година, како и бројот на годинешните учесници кој надмина 8500. На ниво како светските маратони, – и оваа година во утринско расположение, асфалтот низ Скопје и оваа година трепереше од чекорите на тркачите, кои доаѓаат од Македонија, но и од многубројни земји од целиот свет. Им упатувам искрени честитки на сите победници на сите трки, како и на сите учесници и волонтери на 18тото издание на Виз Ер Скопски маратон, – вие сте инспирацијата и срцето на овој настан,“- изјави Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.

Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир, присуствуваше на оваа спортска манифестација и ги додели наградите на прво пласираните на ова издание на маратонот.

Во машка конкуренција од македонските натпреварувачи, прв до целта стигна Дарио Ивановски со време од 02:23:07, второто место му припадна на Никола Илиевски со време од 02:43:28, додека на третото место заврши Миле Бачески со време од 02:45:29.

Од женските претставници на Македонија, првото место го освои Билјана Кираџиева со време од 03:04:49, второто место и припадна на Тамара Попов со време од 03:23:00, а на трето место заврши Весна Кираџиева со време од 03:44:09.

 

Најдобар на полумаратонот во машка конкуренција и во категорија на македонски атлетичари е Жан Тошев со време од 01:11:56, на второ место заврши Иван Пешовски со време од 01:13:24, додека третото место му припадна на Атанас Анчевски со време од 01:13:45.

Победничка на полумаратонот во женска категорија и со нов рекорд на патеката е Адријана Поп Арсова со време од 01:16:12, пиедесталот го пополнија е Греса Бакрачи од Косово со време од 01:22:54 на второто место и Миљана Ристиќ со време од 01:28:01 на третото место.

Во женската конкуренција од македонските натпреварувачки на полумаратонот, првопласирана Адријана Поп Арсова со време од 01:16:12, на второ место за време од 01:28:01 заврши Миљана Ристиќ, а на трето место е Марина Домазетовска со време од 01:33:54 .

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска оваа година ги закити победниците на полумаратонот со заслужените медали.

Победници на најкратката трка по должина, 5км, беа Григоријан Никовски за време 00:17:00 во машка конкуренција, втор заврши Јован Костовски за време 00:17:23 и трет беше Христијан Танески за време 00:17:36, додека кај дамите друштво на пиедесталот на победничката Одета Белегу за време 00:20:07 и правеа Ирма Хајдари за време 00:20:21 и Магдалена Станковска за време 00:20:36.

Наградите на најдобрите тркачи на трката од 5км ги додели, Наумче Мојсоски, претседателот на Агенцијата за млади и спорт.

„Значителен успех е да се организира спортска манифестација од ваков ранг која со ова издание полека го враќа бројот на учесниците како пред пандемијата. Овој маратон годинава го посветуваме во чест на претседателот на Сојузот на спортови, Ѓорѓи Кузмановски, кој иако нè напушти неколку дена пред оддржувањето на маратонот, неговата посветеност, труд и улога како главен мотиватор за зачувување и промовирање на спортските вредноста, – за секоја година овој настан да се зголемува и напредува сè повеќе, – ќе останат запаметени како уникатен пример за сите генерации,“ изјави Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Скопје.

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ги потсетија присутните за важноста да ја негуваме љубовта кон трчањето и здравиот живот, а воедно со спортски поздрав им упатија благодарност и честитки на сите победници и учесници, како и на секој волонтер на овогодинешното издание на маратонот, чија укажана помош секоја година е незаменлива и прави разлика во уште поуспешна организација на овој спортски настан.

Виз Ер Скопски маратон е организиран од страна на Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје, Министерството за внатрешни работи е партнер на маратонот, а како и секоја година оваа најмасовна спортска манифестација е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.

Традиционалните награди за најдобар транспарент, како и за најдобра фотографија, како дел од еден од најзабавните делови од маратонот, – ќе бидат финално објавени на официјалната фан страница на Виз Ер Скопски маратон на социјалната мрежа Фејсбук.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Макаби ја преживеа тројката на Димитријевиќ

Објавено пред

Макаби во трилер-меч по едно продолжение го победи Баерн со 111:106. Мечот во регуларниот дел заврши 99:99.

dobivaj vesti na viber

Натпреварот полн со пресврти, на крајот беше решен во последните девет секунди. Приводство на Макаби 98:95, Ненад Димитирјевиќ погоди тројка под фаул, го реализира и дополнителното слободно фрлање. На две секунди до крајот Брисет беше фаулран, но погоди само едно слободно фрлање.

Потоа во дополнителните пет минути, играчите на Макаби имаа повеќе сила и концетрација и ја забележаа третата победа по ред.

Димитријевиќ натпреварот го заврши со дабл-дабл, 15 поени и 10 асистенции. Блескаше кај Баерн, Андреас Обст со 33 поени (постигна осум тројки од 13 обиди). Кај Макаби се истакнаа Роман Соркин со 21 и Тамир Блат со 20 поени.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Арсенал кај Брентфорд остави два бода

Објавено пред

Последниот натпревар од 26-то коло од Премиер лигата на стадионот „Брентфорд Комунити“, меѓу домашниот тим и лидерот Арсенал заврши со 1:1 (0:0).

dobivaj vesti na viber

Арсенал, во Брентфорд имаше расположен ривал, кој потврди дека е во врвна форма.

Првото полувреме помина во тактичко надмудрување од страна на двајца менаџери, Кит Ендрус (Брентфорд) и Микел Артета (Арсенал). Без многу возбудувања пред двата гола.

Брентфорд ја имаше единствената вистинска шанса. Матијас Јенсен центрираше, а, Игор Тиаго со глава упати удар со глава, но голманот на „Топџиите“, Давид Раја, реагираше брилијантно и спречи водство на „пчелите“.

Лидерот во Премиер лигата не упати ниту еден удар во голот на Брентфорд во првото полувреме, а успеа да ја материјализира првата вистинска шанса во 61-та минута:

Пјеро Инкапие совршено центрираше од левата страна, а Нони Мадуеке скокна уште подобро и го совлада Ирецот Келехер.

Тој гол не ги обесхрабри домашните фудбалери. Напротив, тие тргнаа уште порешително кон голот на Арсенал и создадоа неколку опасни ситуации преку Кин Луис Потер и Игор Тијаго. Изедначија десет минути подцна.

По еден удар од далечина, Ван ден Берг ја упати топката со глава, а Луис Потер на ист начин го доби дуелот со Мартин Едегор и ја смести топката зад грбот на Раја.

Домашните фудбалери имаа одлична можност за целосен пресврт во 87-та минута. Игор Тијаго првично го надигра Москера, но кога требаше да шутира, младиот Шпанец се искупи со фантастична интервенција и ја елиминираше опасноста.

Бразилецот имаше уште една шанса во 90+2 минута, а потоа неговиот сонародник Габриел Мартинели на спротивната страна од теренот не успеа да му донесе победа на Арсенал.

Беше сам пред Келехер, но не постигна гол.

„Топџиите“, се први на табелата со 57 бода, четири повеќе од Манчестер Сити. Брентфорд е на одлично седмо место со 40 бода.

Прикажи повеќе...

Спорт

(Видео) Атлетико за полувреме ја прегази Барселона

Објавено пред

Со историско прво полувреме, Атлетико Мадрид ја декласира Барселона со 4:0, во првиот полуфинален натпревар во Купот на Кралот.

dobivaj vesti na viber

Сè започна со „мртвата шанса“ на Симеоне во третата минута, кога Џоан Гарсија излезе како победник. Три минути подцна Ерик Гарсија со автогол го најави потопот на Барселона. Антоан Гризман, по една течна акција го зголеми резултатот во 14-тата минута.

Хулијан Алварез, потоа ја презеде палката од Гризман, му асистираше на новодојдениот Адемола Лукман во 33-та минута.

Аргентинецот стави крај на совршениот период на Атлетико Мадрид во втората минута од судиското продолжение. Нигериецот овој пат му возврати со аситенција.

Алварез го прекина постот, ова беше негов прв гол од 9 декември минатата година.

Во првиот дел Атлетико имаше уште три големи шанси, но не успеаја да реализираат Гризман, Алварез и Лукман.

Единствените две шанси за Барселона ги промаши Фермин Лопез, во првото полувреме. Погоди пречка на 3:0, а имаше и „еден на еден“ ситуација со Мусо при истиот резултат.

В вториот дел, Атлетико трпеливо ги чекаше шансите, а Барселона залудно се обидуваше да создаде шанса за гол. Каталонците постигнаа гол во 53-та минута, кој по седум минути ВАР го поништи.

Барселона мечот го заврши со играч помалку, во 84-та минута Ерик Гарсија доби црвен карто. Дефанзивецот како последен човек во одбраната го фаулираше Баена.

Foto/ EPA

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет1 час

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет2 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа2 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет2 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет2 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа3 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион12 часа

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија13 часа

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет15 часа

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија18 часа

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија21 час

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...

Македонија21 час

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, го известил Собранието дека поднесува оставка од функцијата, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија22 часа

Државниот архив со неповолна ревизија: Неевидентирани објекти, слабости во пописот и пресметката на платите

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност со законската регулатива, упатствата и воспоставените...

Македонија22 часа

Филков: Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде резултат на договори, туку процес заснован на заслуги

Изборот на јавните обвинители повеќе нема да биде формалност или резултат на затворени договори – туку процес заснован на заслуги,...

Македонија23 часа

Заврши истрагата за отпадот во Визбегово, обвинети три физички и едно правно лице

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвинение против три физички и едно правно лице...

Топ1 ден

Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега

Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од...

Европа1 ден

(Видео) Поранешен шеф на МИ6: Руските загуби се застрашувачки

Русија можеби изгубила околу двојно повеќе војници во Украина во декември 2025 година отколку што Советскиот Сојуз изгубил за време...

Свет1 ден

Објавена фотографија од убиецот од Канада со пушка: и неговата мајката меѓу жртвите

Трансродов 18-годишник кој го напуштил средното училиште ги убил мајка си и полубратот пред да убие уште шест други во...

Европа1 ден

Русија се обиде да го блокира WhatsApp: промовира апликација во државна сопственост

Американската технолошка компанија Мета соопшти дека руските власти се обиделе да ја блокираат нејзината апликација за пораки WhatsApp во обид...