Спорт
Со брутална порака кон ривалите, Тотенхем го промовира новиот стадион
Лондон наскоро ќе добие уште еден модерен стадион, бидејќи на почетокот на сезоната Тотенхем најави дека ќе го пушти во употреба новиот „Вајт Харт Лејн“.
Тотенхем, оваа сезона своите натпревари ги играше на „Вембли“, бидејќи на местото на стариот стади…


Лондон наскоро ќе добие уште еден модерен стадион бидејќи на почетокот на сезоната Тотенхем најави дека ќе го пушти во употреба новиот „Вајт Харт Лејн“.
Тотенхем оваа сезона своите натпревари ги играше на „Вембли“ бидејќи на местото на стариот стадион клубот реши да изгради нов, чиј изглед треба да биде спектакуларен.
Стадионот ќе има капацитет од 63 000 седишта, а во неговата изградба вложени се околу 800 милиони фунти.
Челниците на Тотенхем веќе почнаа да го промовираат новиот стадион, иако до почетокот на сезоната остануваат уште два месеца.
Промоцијата на новиот стадион во Тотенхем ја користат за брутална провокација кон големите ривали Арсенал и Челси.
Новиот стадион Тотенхем го промовира со пораката: „Единственото место во Лондон каде што може да гледате Лига на шампиони“.
Јасно е дека провокацијата се однесува на големите ривали кои низ Премиер лигата не успеаја да изборат пласман во Лигата на шампионите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Детали го делат Лукман од трансфер во Интер

Адемола Лукман донесе одлука да ја напушти Аталанта.
Тој имаше неколку понуди, но пред два дена им изјави на италијанските медиуми дека единствена опција за трансфер е Интер. .
Члениците на Интер испратија официјална понуда од 55 милиони евра, плус бонуси. Италијанските медиуми тврдат дека одличниот напаѓач е на еден чекор од потпишување на договор.
Foto/ EPA
Спорт
Реал прави сè за да го избрка Алаба

Давид Алаба (33) од лидер на одбраната на Реал Мадрид се претвори во петта опција на позицијата стопер и растечки проблем за клубот од Мадрид за само 18 месеци.
Австрискиот дефанзивец како слободен играч, пристигна во летото 2021 година од Баерн за да го замени Серхио Рамос и веднаш се претвори во клучен човек во системот на Карло Анчелоти кој ги освои и Ла Лига и Лигата на шампионите. Потоа започнаа проблемите на Алаба со повредите.
Реал сака да се ослободи од него, но како што пишува „Ас“, Алаба не сака да си замине.
Иако пред него во хиерархијата има четири стопери (Хујсен, Милитао, Ридигер и Асенсио) и иако Чаби Алонсо редовно го користи на тренинзите Жоан Мартинез од младинскиот тим, Алаба сака да остане.
И има свои причини за тоа.
Освен што верува дека сè уште може да се врати во форма, тој има и трет најголем договор во тимот, 22,5 милиони евра бруто. Бидејќи влезе во последната година од договорот тој нема намера да се откаже од тие пари.
На 33-годишна возраст, клубот му понуди исплата на дел од договорот и спогодбен раскин, но Австриецот го одбил предлогот.
Алаба сака Реал да му ја исплати целата плата, која му следува според договорот и околу тоа нема да преговара.
Само Килијан Мбапе (32 милиони) и Винисиус Жуниор (30 милиони) заработуваат повеќе од него. Неговиот договор важи до 30 јуни 2026 година.
Foto/ EPA
Спорт
Пропадна трансферот на Ребиќ во Хајдук

Една од најдолгите трансфер саги, во регионов ова лето заврши. Како што објави „Далматински портал“, 31-годишниот напаѓач, Анте Ребиќ, кој моментално е без клуб, не успеа да постигне договор со Хајдук.
Причината се финансиите. Новиот спортски директор Горан Вучевиќ и раководството на Хајдук не сакаат да даваат преголеми договори, а договорот бил да се понуди максимум 400 илјади евра годишно со бонуси.
Според сите информации, Ребиќ барал речиси двојно повеќе, околу 750 илјади евра.
Ребиќ има неколку понуди. Една е од Холандија, а неколку од нив се од Блискиот Исток и други делови од Азија. Наводно му нудат над два милиони евра таму, но Ребиќ сака да игра фудбал во Европа додека сè уште може.
Поранешниот хрватски репрезентативец е слободен агент откако неговиот едногодишен договор со Лече истече на почетокот на јули. Ребиќ не се истакна таму и постигна само еден гол на 27 настапи во Серија А, па Лече одлучи да не му понуди нов договор.
Фото/ Принтскрин