Спорт
СП Русија 2018: Белгија или Франција?
Фудбалерите на Белгија и Франција, вечерва на Крестовски стадионот во Санкт Петербург, ќе го одиграат првото полу-финале на Светското првенство. Според многумина, ова ќе биде пресметка на селекциите што најмногу покажаа во досегашниот тек од првенствот…

Фудбалерите на Белгија и Франција вечерва на стадионот „Крестовски“ во Санкт Петербург ќе го одиграат првото полуфинале на Светското првенство. Според многумина, ова ќе биде пресметка на селекциите што најмногу покажаа во досегашниот тек од првенството.
За потсетување, двете репрезентации ги освоија првите места во своите групи. Франција беше пред Данска, Перу и Австралија, а Белгијците беа пред Англија, Тунис и Панама.

Во нокаут-фазата Франција мина преку јужноамериканските селекции Аргентина и Уругвај, а Белгија беше подобра од Јапонија и Бразил.
„Знаеме дека нашите навивачи имаат големи очекувања. Имаме единствена атмосфера во тимот, а класата на фудбалерите и тренерскиот тим ни овозможуваат да се бориме за највисок пласман. Сакаме да победиме на секој натпревар, за титулата ќе разговараме доколку се пласираме во финалето. Мислам дека го имаме сè она што е потребно да го освоиме Светското првенство“, рекол еден од најдобрите играчи на Белгија, Кевин де Брујне.
Од друга страна, младиот лев бек на Франција, Лукас Хернандес, истакнал дека неговата репрезентација може да го сведе на минимум влијанието што Азар го има во играта на Белгија.
„Ако можевме да го оневозможиме Лео Меси, тогаш можеме да се справиме и со Азар. Меси е најдобриот светски играч, а против нас не ја допре топката. Имаме одлична генерација, амбициозни сме и нè интересира само трофејот. Знаеме дека сè е можно. Два натпревара останаа до крајот на турнирот и ќе се бориме како лавови“, рекол Хернандес.
Франција вечерва ќе се бори за пласман во своето трето финале на светските првенства. „Триколорите“ ја освоија титулата во 1998 година, а беа поразени во 2006 година. Исто така, Франција има и две трети места на светските првенства.

Од друга страна, најголемиот успех на Белгија е остварен во 1986 година кога генерацијата на Кулеманс го освои четвртото место. На минатото светско првенство Белгија играше во четврт-финалето.
Најголем резултат во историјата на белгискиот репрезентативен фудбал е финалето на Европското првенство во 1980 година.
Натпреварот во Санкт Петербург ќе започне во 20 часот. Утре во истиот термин, во Москва, во второто полуфинале ќе играат Англија и Хрватска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвежанката Ана Одине освои златен медал откако скокна пред Ника Превц
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем го освои златниот медал на Зимските олимписки игри откако скокна пред Ника Превц и Нозоми Марујама. Во обете серии Норвежанката беше подобра од својата конкуренција и заслужено стигна до злато.
По првата серија, Норвежанката Ана Одине Стрем беше прва со скок од 100 метри и 136,9 поени, пред Словенката Ника Превц која собра 135,9 поени со должина од 98 метри, додека Јапонката Нозоми Марујама беше трета со скок од 97 метри и 135,7 поени. Четврта беше Норвежанката Ејурин Марија Квандал (99,5 м/131,9 поени).
Фото: ЕПА
Спорт
Дејвис отпишан, доби лоши вести и во својот нов клуб
Антони Дејвис (32) само три дена откако беше отпуштен од Далас Маверикс, дозна нови лоши вести. Новиот играч на Вашингтон Визардс нема да игра за тој клуб до крајот на сезоната.
Дејвис има проблеми со раката и препоните, а Вашингтон одлучи да не го форсира неговото враќање во последниот дел од сезоната.
Ова е преодна сезона за Визардс бидејќи се само претпоследни во Источната конференција.
Дејвис има важечки договор за следната сезона, вреден околу 58 милиони долари, како и опција за играч за сезоната 2027/28.
Клучен играч на новиот тим на Визардс е Треј Јанг. Дејвис е одличен играч, но речиси уништен од повреди на прагот на неговиот 33-ти роденден. Ќе биде надвор од игра до крајот на сезоната и мора да докаже дека тимот треба да се гради околу него.
Фото: Депозитотос
Спорт
Манчестер Јунајтед со четврта победа во низа
Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд.
Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку.
Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0.
Во остатокот од натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше многу можности да избега на два гола разлика и со тоа да го прекине израмнувањето, но до 81-вата минута беше минимално 1-0.
Потоа Бруно Фернандеш погоди кон мрежата на противникот и ги постави конечните 2-0.
Манчестер Јунајтед остана четврти со четвртата победа по ред, но се доближи до Манчестер Сити и Астон Вила во бодови.
Фото: Деспозитфотос

